city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 277
- Возраст
- 38
“Фактичката состојба на терен зборува дека листите не постојат. Тоа се листи запишани во тетратки, на лист хартија на некој од вработените во здравствената установа и воопшто не се транспарентни и тоа отвора широка можност за интервенирање во листите и за корупција. За таа цел Министерството за здравство вспоставува нов, транспарентен систем кој ќе одговори на овие предизвици и аномалии“, објасни министерот Никола Тодоров и потенцираше дека посебно се фокусирани за подобрување на квалитетот на здравствените услуги и за еднакви услови за сите граѓани.
Секоја болница задолжително ќе мора електронски да ги објавува листите со закажани прегледи и термини на својата веб страна или, пак, на видно место во институцијата. Во спротивно се предвидени глоби, како за установата, така и за задолженото и овластено лице за објавување и ажурирање на листите.
Личните податоци на осигуреното лице на листата ќе се објавуваат како шифриран податок кој осигуреното лице ќе го добие во моментот на пријавувањето.
Контролата на водењето на листата на чекање и користењето на здравствената услуга ќе ја врши Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен инспекторат.
Листата не се однесува на итните случаи, кои како и секогаш ќе бидат третирани веднаш.
