Електронски дневник

  • Креатор на темата Креатор на темата Litajko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Што мислите за идејата на воведување на Електронски дневник преку која Информациите ќе Ви бидат испраќани преку СМС порака на Вашиот мобилен телефон, како и преку електронска пошта. Мислам дека наебавме дури сега.:pos2:


Можете да проверите на www.e-dnevnik.com.mk

Ова изгледа ќе почне да се применува од Јануари 2009.
 
а бе мене гајле ми е каков сум дома таков сум и во школо, така да гајле ми е дали ке биде ова или не:toe:
 
опис

Секое основно и средно училиште во Република Македонија кое има за цел на своите ученици да им обезбеди квалитетно воспитание и образование, задолжително мора да оствари квалитетна соработка со нивните родители односно старатели. На тој начин, во овие турбулентни времиња, ќе овозможи родителот и покрај своите секојдневни обврски, да биде навремено запознаен дали неговото дете има добиено нова оценка, дали било на часови и како се однесувало кон своите училишни обврски.

Од досегашните анализи на образовниот систем во Република Македонија, дојдено е до заклучок дека само со правовремена соработка со родителите можеме да го зголемиме успехот на учениците и да влијаеме на прифаќање на вистинските вредности, почитувајќи ги современите текови на живеење. Многу често родителот многу доцна дознава дека неговото дете има послаб успех и направено значителен број на изостаноци.

Ваквиот начин на остварување на соработка помеѓу училиштето и родителите дава извонредни резултати во земјите во кои се применува. Бенефиција од услугата која ја нудиме имаат сите заинтересирани страни.

- родителите добиваат правовремени информации за оцените и изостаноците за своето дете и почесто соработуваат со училиштето

- училиштето со зајакнатата улога на родителот добива поголема кооперативност од учениците, подобрена дисциплина и подобрен успех. Порелаксирано ја организира воспитно-образовната работа, во секое време контактира со родителот, има електронска база на податоци за оценките, изостаноците и поведението со што ги заштитува податоците од кражби или уништување што е се почеста појававо во последните неколку години.

- државата има поквалитетен воспитно-образовен систем, го зголемува просекот на поведението и на успехот на учениците.

тииит Вашиот син ја напушти наставата по Хемија на период од 16 мин 33 секунди и 58 стотинки со оправдување дека му се одело во ВЦ. ви благодариме на вниманието.
 
Тешко на родителите ако им праќаат СМС пораки ако синот/ќерката им биле во WC.

Идејата е одлична и ја поддржувам. Може да се праќаат „рапорти“ на крајот од неделата за успехот на ученикот. По кој предмет бил испитан, која оцена ја добил. Со тоа реално се пренесува процесот на едукација и кај родителите.

Јас би одел и дотаму да има секое училиште соодветен форум каде родителите можат да поставуваат прашања за професорите за соодветен предмет или едноставна комуникација со соодветниот професор.
Потоа можат професорите да оставаат додатни материјали, примери за писмени работи итн, со што им се олеснува работата на учениците.

Е-School :)
 
тииит Вашиот син ја напушти наставата по Хемија на период од 16 мин 33 секунди и 58 стотинки со оправдување дека му се одело во ВЦ. ви благодариме на вниманието.

Што бешики ќе имаа децава што еден школски час не можат да издржат без да се измочаат, да не имаат уште на млади години проблеми со простатата......
 
Тешко на родителите ако им праќаат СМС пораки ако синот/ќерката им биле во WC.

Идејата е одлична и ја поддржувам. Може да се праќаат „рапорти“ на крајот од неделата за успехот на ученикот. По кој предмет бил испитан, која оцена ја добил. Со тоа реално се пренесува процесот на едукација и кај родителите.

Јас би одел и дотаму да има секое училиште соодветен форум каде родителите можат да поставуваат прашања за професорите за соодветен предмет или едноставна комуникација со соодветниот професор.
Потоа можат професорите да оставаат додатни материјали, примери за писмени работи итн, со што им се олеснува работата на учениците.

Е-School :)
Ја сфаќам во целост поентата на E school ова моето беше само мала шега на сметка на тоа :)
Што бешики ќе имаа децава што еден школски час не можат да издржат без да се измочаат, да не имаат уште на млади години проблеми со простатата......
Кој рекол дека бил до ВЦ... па уште и сам :wink:
 
Тешко на родителите ако им праќаат СМС пораки ако синот/ќерката им биле во WC.

Идејата е одлична и ја поддржувам. Може да се праќаат „рапорти“ на крајот од неделата за успехот на ученикот. По кој предмет бил испитан, која оцена ја добил. Со тоа реално се пренесува процесот на едукација и кај родителите.

Јас би одел и дотаму да има секое училиште соодветен форум каде родителите можат да поставуваат прашања за професорите за соодветен предмет или едноставна комуникација со соодветниот професор.
Потоа можат професорите да оставаат додатни материјали, примери за писмени работи итн, со што им се олеснува работата на учениците.

Е-School :)
И јас го мислам истово и го поддржувам членов.
Се случува често некој ученик да е отсутен и по недела дена, па ќе може вака да си најде што учеле дента, како се решаваат задачи на пример. Постојат и многу родители кои се зафатени и не можат да отидат на училиште да поразговараат со класниот/класната, па можат тоа да го направат преку форум.
Знам дека иако ова се оствари, ќе проработи македонштината кај недокваканата наша младина и ќе почнат на тој форум да постираат глупости, но верувам дека ќе има кој да ги спречи.
Ова би било одлична идеја.
 
Убава идеја е ова и ми се допаѓа.А за доцнење на часови има и алтернативен метод.Не мора да се известува по СМС родителот дека детето задоцнило.Кај нас во 7.30 кога почнува првиот час главната врата се затвора и сакал неќел ќе преседиш надвор првиот час и еден неоправдан.Класната не оправдува воопшто изостаноци, така да казната е неизбежна.Од задоцнувањето ќе ти дојде паметот, а патем и добро ќе се најадеш во бурекџилницата додека заврши првиот час:pos:
 
ова е супер проект еден од подобрите кои се воведени во образовниот систем и едвај чекам да почне да се применува и се надевам дека еднаш за секогаш ке се стави некаков ред во училиштата
 
Пред да ставаат компјутер на секоја клупа и електронски дневници нека купат подобри столчиња, а богами и клупите би можеле да се обноват. А освен тоа и вецињата да ги средат одлична работа би завршиле. Ама изгледа тендери се во прашање (читај: личен профит), а не вистинските потреби на учениците. Прво нека ги обезбедат основните потреби, а потоа нека прават експерименти со електронски помагала.
 
дај бе,мојве дома не знает компјутеров да го користет,не пак по форуми да се занимавет....
све е некако многу набрзина,јас кај мене во клас иам 2 социјални случаи шо се,сигурно немет компјутер,а за интернет да не прајме муабет....:toe:
 
Срање .....

Кај мене има еден професор ни бараше мсн за да контактира со нас, и да ни праќа лекции по мсн испишани во ворд затоа што немаме учебници.

.... Кој ретард човече, влегува вчера и јас му викам "кој си бе ти" и овој мртов ладен " Страшо бе, твојот професор " ..... Ауф која смеа пукна и на крајот ми пушти ворд лекција 2 страни, за јас "учениот" да учам. :pos: ....... И јас му викам "Абе професоре 2 години ми предаваш, уште ли не научи шо сорта сум, па сеа ворд документ ќе ми праќаш да учам" и ми пушта анимацијата тоа човечето шо покажува к*р.:pos:

Иначе со тој професор слободно си правиме муабет, живее блиску до мене и заедно одиме понекогаш на школо.

Која привилегија ја имам у пичку матер. :pos:
 
Интересно смислено, незнам колку ќе успее, прво немаат сите мобилни телефони, па и да имаат нели нема секој да сака така да ги дознава своите успеси или порази во школо. Друго е вака кога се разговара лично, друго е ова со смс. На некој начин се губи самата социјализација во училиштето, меѓу учениците и се губи односот професот-ученик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom