Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.403
.....ukradeno od fejzbuk..0d Vladica Kokalovic
,,ЕЛАН СКИИТЕ СОЗДАДЕНИ ОД ПАРТИЗАНИТЕ ВО НОБ И КОРИСТЕНИ ОД ЏЕЈМС БОНД“
#kokalovicstories Мојата денешна ,,Приказна во недела"
Кон крајот на 1944 година во окупираната Југославија, на големо се прават планови за завршни операции на протерување на германските фашисти и другите окупаторски војски.
Германската војска постепено се извлекува на север, каде се очекувало да биде отворен нов фронт.
Токму во Словенија, германските војски се утрдуваат, а тамошните партизани подолго време ги набљудувале, за да ја откријат тајната на Германците, зошто биле толку многу подвижни на теренот?
Тајната е откриена. Германска војска имала скијачки одреди и многу лесно се префрлувале од место на место.
Командата на 9тиот партизански корпус, во октомври 1944 година донела одлука: Да се произведат скии и ВЕДНАШ да се формираат партизански скијачки одреди.
Тоа и се случило.
Партизанската команда се впушта веднаш во потера по изнаогање добар столар и изборот паднал на извесен Руди Финжгар, кој не само што бил добар во занаетот, туку и знаел да скија.
Партизаните му оспособуваат една столарска работилница во малото место Церкно, каде за рекордно време, за помалку од 2 месеца, од нула успева да изработи 50 пара скии.
Се бара и доставува дрва од сув јасен и потоа се изработуваат уште 50тина пара скии со кожени врзопи (везови).
На секоја скија стоел изрежан препознатлив знак со вкрстени скии, а во средина петокрака.
Со овој подвик на столарот Руди, партизаните можеле полесно да ги совладуваат снежните терени во борбата против Германците
Само една година подоцна, есен 1945та, по завршување на војната, Руди Финжгар, заедно со уште неколку луге,од оваа работилница формирале задругата наречена ЕЛАН, која подоцна станува врвна, спортска марка во светот.
Југославија во втората половина на 60те години носи стратешка одлука да се вложува во сите сегменти на науката и индустријата за да се биде прв во многу работи во светот.
Така и со фабриката ЕЛАН, која произведува спортска опрема, а потоа јахти и моторни чамци, а кај скиите, со неколкуте иновации станаа светски бренд број 1.
Доказ за тоа е што токму во 70те и 80те, скиите ЕЛАН, ги користеа многу познати скијачи мегу кои и најдобриот на сите времиња до денес, Швеганецот Јан Ингемар Стенмарк.
Скиите ЕЛАН можеа да се сретнат и во неколку познати филмови од тоа време, како што беше со Џејмс Бонд, ,,A view to a kill", и комедијата ,,Working girl".
Фабриката одлично работи се до распадот на Југославија, по што ЕЛАН веке не е во словенечка сопственост, туку е продадена на позната странска фирма
Merrill Lynch International and Wiltan Enterprises Limited.
На сликата десно е претставена Матеја Свет, најдобрата југословенска скијачка на сите времиња која во 1989г. стана и најдобра скијачка во светот, победувајки ги сите тогашни звучни имиња. Странските коментатори за неа велеа дека е талент кој се појавува еднаш во 100 години.