El Clasico - Real Madrid 2 : 6 Barcelona - 2.5.2009

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ке победи ?


  • Вкупно гласачи
    156
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека Реал ќе победи..
 
Баталете тоа, мене ме интересира следново, статистиката на Барса и Реал сезонава, сеијата на Реал од мечеви без пораз ( со гол разлика ), статистика од домашни средби на Реал и оние на Барса како гостин со дадени и примени голови .
Ако може некој да не удостои со тоа, добра работа би завршил .

Real Madrid 78 P | (H) - 14 : 2 : 1 | (А) 11 : 1 : 4 | вкупна гол разлика 77-35
Barcelona 82 P | (H) - 14 : 2 : 1 | (A) 12 : 2 : 2 | вкупна гол разлика 94-26

Реал е без лигашки пораз токму од последниот дуел со Барселона, оттогаш во 18 натпревари има забележано 17 победи и 1 реми (дома со Алтетико, 1-1), со вкупна гол разлика од 44 постигнати и 9 примени гола, што е страшен подем во однос на првата полусезона.
 
Јас како симпатизер на Севиља, очекувам само добар фудбал и голови. Е сеа, ако морам да бирам, би рекол дека Барса нема да изгуби сигурно. Може да победи тесно, може и нерешено, ама сум доста сигурен дека не губи.
 
HALA MADRID!!! :)

2-1 За реал е мојата проценка. Се надевам и повеќе да дадат од 2, за евентуално ако завршат со исти бодови на крајот од сезоната реал да бидат шампиони и да имат подобар меѓусебен дуел со БарСЕЛООООО :helou:
 
Барса не губи. Интересно е тоа што денеска има натпревар со Челзи, и се зависи од резултатот на истиот. Во сабота ќе игра со Реал, а потоа во среда пак со Челзи. Ако извади поволен резултат со Челзи сигурен сум дека ќе го победи Реал, барем нема да чува играчи за реваншот на Бриџ.
Првиот натпревар беше многу интересен во поглед на поседот на топката. Само еден тим играше на тој натпревар и заслужено си победи. Ако Барса ја игра препознатливата игра тогаш му нема спас на Реал... :toe:
 
Реал мора да победи и ќе победи и ко што ми гледа се насмевнува уште една титула
 
Не навивам за ниту една екипа од Шпанија и затоа типувам нерешено.
Се надевам дека играчите ке приредат добра игра која доликува на големото ЕЛ КЛАСИКО дерби во Шпанија.
 
Па се знае кој е најдобар и кој ке победи и во лига на шампиони и во примера дивизија Real Madrid 1-4 FC BARCELONA
 
Би сакал Реал да тепа, за да има интересна завршница во Примера. Ќе видиме што ке се дешава. Мечот Барселона-Челзи може да му дојде како голема корист на Реал пред дербито, зависи од резултатот а и од умореноста на играчи, со оглед на тоа што Барса игра 5/6 дерби дуели во Сериа веќе.
 
Симпатизер сум на Реал и се надевам дека ќе победат,против Барса таман ќејфот ќе ми го направи и плус ќе има интересна завршница со тоа шо разликата ќе биде 1 бод ако не се лажам.Ако победи Барса мислам дека ќе се знае кој освојува титула.
Мој тип 1-0 Хунтелар :)
 
HALA MADRID!!!
Победа на Реал со 2-0 :helou:
Иако ни фалат неколку првотимци сепак мислам ќе победиме:pipi: барса ќе бидат уморни по играта во лш а и не се во некоја форма додека кај нас формата оди во нагорна линија со оваа победа на Реал ќе има драматична завршница во премиера
 
Ќе биде тешко... многу ќе ни недостига во одбраната Пепе и во нападот Робен!
Но и без нив Реал ќе даде се од себе да победи.. ќе биде јака утакмицата типувам 2-0 за Реал :)
 
Реал ќе тепа,и ке му се доближи за само 1 бод и ќе биде многу интересно до крајот...:helou:
 
Together we stand... Together we can... :pipi:

Real Madrid 4 life. :pipi:

2-0 доста ќе е.
 
Мојата желба е Реал да победи...Затоа што некој типово од моето маало ја опишуваат Барса како непобедлива ...Голем кееф ќе ми биде вечер Челзи да ги чука сред барселона...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom