Екстерно тестирање во 2012!

  • Креатор на темата Креатор на темата Брзии
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се сложувате со екстерните тестирања?


  • Вкупно гласачи
    103

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Официјално овој пат ќе се одржи екстерно тестирање при крајот на учебната година. Со ова ќе се проверело колку учениците редовно учат, а професорите ќе бидат казнувани за несоодветните оценки
Кажете дали сте за или против екстерното тестирање и зошто.
 
Мислам дека имаше ваква тема ама нема врска, jа сум ЗА затоа што е време да добиеме образувана младина а со сегашното арчење време на феjсбук и рикањето ко магарица тешко дека ќе добиеме образувани и интелигентни луѓе. Затоа за вас само тродупло потешко екстерно за да се опаметите и да бидете нешто во животот.
 
Лажат секоја година дека ќе има, мислат дека сите ќе се плашат и ќе учат. :P
 
Глупости, замислете за матурантите како е напорно. Подобро нека стават камери па да го видат односот на професорите, кој колку учи е индивидуална работа.

1. Мислам дека матурантите се ослободени од екстерно тестирање. Или не? :confused:

2. Екстерново тестирање не е да се види кој колку учи, туку колку ти се реални оценките. Ти учи си за двојка, положи со двојка и никому ништо. Не мора да учиш. Финтава е со напумпаните оценки на (некои од) децата од професорите. Сите знаеме примери каде што некој има 5ка, а реално ни за 2ка не знае.

Јас лично сум за, особено кога гледам магарици, гулабици и слично, ама од друга страна, екстерново тестирање ќе биде пренапорно за учениците, а нема да го излечи магарица-гулабица-љепша.од.ночи синдромот. И што ако повеќе учат ученициве? Само уште повеќе ќе бидат исфрустрирани од тоа како стојат работите во државава, реална е тука приказнава дека не напредува (читај: се вработува) оној кој знае, туку на кого татко му (вујко, баба и сл.) седи на повисоко столче.
 
Иако и мене ме фаќа ова тестирање (4та год сум), сепак мислам дека требаше ова да се оддржува уште од порано. На анкетата гласав ДА, бидејки навистина треба да престане тоа фаќањето врски кај професорите и наставниците за оценки.
Инаку, не треба да има екстерно тестирање за матурантите, бидејки е мн напорно, али кој си учи си учи... нема да му биде тешко 1 ден да повтори.
 
1. Мислам дека матурантите се ослободени од екстерно тестирање. Или не? :confused:

2. Екстерново тестирање не е да се види кој колку учи, туку колку ти се реални оценките. Ти учи си за двојка, положи со двојка и никому ништо. Не мора да учиш. Финтава е со напумпаните оценки на (некои од) децата од професорите. Сите знаеме примери каде што некој има 5ка, а реално ни за 2ка не знае.

Јас лично сум за, особено кога гледам магарици, гулабици и слично, ама од друга страна, екстерново тестирање ќе биде пренапорно за учениците, а нема да го излечи магарица-гулабица-љепша.од.ночи синдромот. И што ако повеќе учат ученициве? Само уште повеќе ќе бидат исфрустрирани од тоа како стојат работите во државава, реална е тука приказнава дека не напредува (читај: се вработува) оној кој знае, туку на кого татко му (вујко, баба и сл.) седи на повисоко столче.

1. Мислам дека не се ослободени
2. Секој може за тест да набуба, тоа не е редовно учење
 
Редно време е!! Неможе од клас од 35 деца, 2 да имаат петки а сите останати да имаме единици и на крај да се молиме за двојки. Време е да се пази шо професори по партиска линија се пикаа во професорски клупи, а немаа 2 чисти од предметот што го предаваа. Или како онаа англиски што ми беше, англиска стихотворба, ни вика следниот час ќе ви ја преведам, да видам во речникот.......
 
Ја оценуваат работата на наставниците така што ја оценуваат работата на учениците.
bd4.gif
 
ПРОТИВ!!! Сите што сега трескаат и се ЗА имаат завршено факултети и трескаат зелени тука, а да ги ставам сега на тестирање па да ги видам... Малце сега оценуваат и барање знаење, па уште екстерно...
 
Еднаш правев екстерно по Англиски јазик во 8 одд (ехх кога пораснав и јас) .
Сега да не биде муабетот дека добро го владеам англискиот јазик, ама тестот беше навистина преглуп.
Немаше ништо, ни реченици да напишиш, ни граматика.
Тестот беше боза, имаше прашања само со заокружување.
И тоа прашањата беа тапа, како на пример :

Што е van на англиски ?
1. Комбе
2. Камион
3. ???
4. Не е битно.

Што носи црна мачка во Англија ?
________ , се чудев пола саат, од кај да знам јас wtf.

Сега ако има екстерно тестирање, плус матура .. материјал за учење има многу да се собери.
Гласав Не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom