realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Темава е иницирана од разноразните анализи и мислења за економско-политичката состојба во државава, кои се расфрлани во секоја втора тема на форумов.
За да увидиме дали нашата држава го фаќа чекорот со времето на економски план, би требало бројките да ги споредиме со оние кои се околу нас.Во спротивност, може да продолжиме сами себе да се лажеме, дека сме најконкурентни, најдобри, а со тоа никогаш да не ја добиеме реалната слика.
Прво би почнал со странските инвестиции кои се круцијален фактор за развитикот на државава, и тоа каде Македонија стои во овој поглед споредбено со Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Прочитав на една друга тема на форумов, дека странските инвестиции би требало да ги калкулираме по глава на жител, за да дојдеме до реалната слика.
Еве што вели мојата анализа за странските директни инвестиции, калкулирани по глава на жител:
Македонија.
2,070,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 240 милиони евра.
116 евра по глава на жител.
Хрватска
4,500,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 3,600 000 000 евра
800 евра по глава на жител.
590% повеќе инвестиции од Македонија, споредено по глава на жител за 2007 година.
За да одиме во темпо со Хрватите, ќе ни требаат минимум 1,656,000,000 евра странски инвестиции годишно.
Босна и Херцеговина
4,000,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 1,470,000,000 евра.
368 евра по глава на жител.
217% повеќе повеќе инвестиции, споредено по глава на жител.
По истата методологија, Македонија би требало да има 761,176,000 евра годишно, за да се споредува со Босна.
Црна Гора
685 000 жители
Странски инвестиции за 2007 = 1,000,000,000 евра.
1460 евра по глава на жител.
Или 1,160% повеќе од Македонија.
За споредба со Црногорците, Македонија годишно ќе треба да има 3,202,200,000 евра странски инвестиции.
Србија
7,500,000 жители
Странски инвестиции во Србија за 2007 = 4,000,000,000 евра.
533 евра по глава на жител.
366% повеќе странски диретни инвестиции од Македонија, споредено по глава на жител.
Или Македонија по ова пресметка би требало да има 1,103,310,000 евра инвестиции годишно, да би се споредувала со Србија.
Анализата вели.
Не по глава, туку и по две нозе од жител да вкалкулираме, сепак во овој поглед сме далеку од нашето опкружување.
Македонија, пред некој ден беше рангирана на 71-во место во светот, по однос на спроведените реформи кои придонесуваат за нивото на странските инвестиции.
Позади нас се сите овие држави кои погоре ги спомнав.
Па каде е тука проблемот ?
Еве уште една анализа во врска со просечната плата и куповната моќ на граѓанинот на Македонија, споредено со граѓанинот на Хрватска и Србија.
Добродојдена е секоја споредба и анализа врз база на реални статистички податоци, особено со нашите соседи Бугарија и Албанија, кои не се спомнати во анализите погоре....и се ова заради една единствена цел:
Реална слика за економско политичката слика на Македонија, и увидување и посочување на грешките кои се правеле, се прават, а како што гледам и во иднина планираат да се прават.

Освен реформите, кои се показател за само еден сегмент во целосната слика за водење бизнис во една држава како нашата, постојат и многу други битни фактори кои се пресудни во одлуката на големите странски инвеститори, каде да го инвестираат својот капитал.
Фактот дека Македонија според направените реформи е подобро рангирана скоро од сите наши соседи, а во поглед на странските инвестиции споредбено со истите е прикована на дното, треба да кажува нешто.
Дали хрватите и србите се посимпатични од нас ?
Не .
Дали тоа некој не дискриминира, па не сака за инает да инвестира тука ?
Пак не.
Значи има некој друг параметар кој влијае врз нивото на инвестициите од страна, кој се вика политичка стабилност, меѓуетничка стабилност и сигурност во инвестицијата.
Тоа и фали на Македонија.
Неможе во една држава која се залага да привлече странски инвеститори, од една страна да се носат закони кои битно ја подобруваат бизнис климата, а од друга страна закони кои на инвеститорот не му гарантираат безбедност на инвестицијата.......како на пример законот за експропријација.
Неможе во една држава од една страна да се молат странските големи фирми да донесат дел од својот капитал тука, а од друга страна да не се почитуваат и дикриминираат оние кои веќе инвестирале, само заради тоа што имале среќа или несреќа да дојдат кога на власт била друга политичка гарнитура.
Постоечките големи странски инвеститори и нивното успешно/неуспешно работење, се најголема реклама/антиреклама за бизнис климата во Македонија.
За политичката (не)стабилност, и не треба многу да зборувам, бидејќи како на нас, така и на оние кои се заинтересирани да инвестираат тука, им е премногу добро позната.......исто како и меѓуетничките односи кои во зависност од ситуацијата или во зависност каков закон се носи, варираат топло ладно.
Јасно трасираниот пат накај европската унија и НАТО е незаобиколив фактор.
И покрај сите потешкотии кои ги има државава на патот кон НАТО и ЕУ предизвикани од нашиот јужен сосед...незамисливо и неозбилно владини претставници да даваат изјави од типот дека можеме ние без НАТО и ЕУ, а притоа да не нудат друга перспектива.
Значи да заклучам.
Реформите во законодавството, кои се секако за пофалување, се само еден сегмент во целосната слика за државата која сака да привлече странски инвестиции.
Но сеуште има работи на кои не им се обрнува доволно внимание, и на кои во иднина ќе треба многу да се одработи, а за кои нормално ќе треба да се жртвува и дел од партиските егоа....што е и најтешкиот дел знаејќи ја гордоста на сите политички чинители.
Еве уште една анализа во врска со просечната плата и куповната моќ на граѓанинот на Македонија, споредено со граѓанинот на Хрватска и Србија.
Македонија vs. Хрватска.
Просечна нето плата во Македонија за 2002-ра....190 евра.
Просечна нето плата во Хрватска за година 2002-ра...450 евра.
Просечна нето плата во Македонија за 2008-ма - 15, 631 денари, или 255 евра.
Просечна нето плата во Хрватска за 2008-ма - 5, 167 куни, или 740 евра.
Просечната плата во Македонија во временски период од 6 години, пораснала за 34 проценти.
Просечната плата во Хрватска за време на истиот период пораснала за цели 64 проценти.
Потрошувачката кошница во Македонија за 2008-ма изнесува околу 12, 333 денари = 202 евра, или околу 75% од просечната плата.
Потрошувачка кошница во Хрватска изнесува околу 340 евра или 40% од просечната плата.
Невработеноста во Хрватска, која во 2002-ра изнесувала 24%, денес е намалена скоро на половина, т.е. 12,67 %.
Невработеноста во Македонија во овој ист временски период е зголемена за 1,5 процент.
Македонија vs. Србија
Просечна нето плата во Македомија за 2002-ра година, 190 евра.
Просечна нето плата во Србија за 2002-ра година, 106 евра.
Просечна нето плата во Макеонија ова година, 255 евра.
Просечна нето плата во Србија 2008-ма година, 430 евра.
Додека зголемувањето на платите за овие 6 години во Србија изнесувало над 300%.
истото во Македонија изнесувало 34 проценти.
Интересен е исходот од една моја анализа на цените од 56 артикли и услуги во Србија и Македонија, почнувајќи од прехрамбени производи и пијалоци па се до средства за хигиена, аналгетици и комунални услуги.
Исходот е следен:
Во Србија просечниот граѓанин, за овие 56 артикли и услуги, месечно троши околу 19, 477 динари...или околу 256 евра.
За истите производи и услуги, граѓанинот во Макдонија троши 14, 375 денари, или околу 235 евра.
Споредено со платите, кои во Македонија изнесуваат околу 255 евра, а во Србија 430 евра, доаѓаме до заклучок дека на просечниот Македонец откако ќе ги измири сите месечни давачки му остануваат цели 20 евра во буџетот, за разлика од Србинот кому му остануваат 174 евра, што е скоро десетпати повеќе.
Невработеност во Србија, 13%.
Невработеност во Македонија, 36%.