Економски факултет- Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата AFI
  • Време на започнување Време на започнување
Во врска со уписов и заверка на семестар.. на страната има едни рокови на еиндекс други... сега само упис треба па после заверка или како оди оти гледам не постои термин за заверка :@
 
Во врска со уписов и заверка на семестар.. на страната има едни рокови на еиндекс други... сега само упис треба па после заверка или како оди оти гледам не постои термин за заверка :mad:
Каква заверка...на парен семестар правивме заверка уште во јуни..сега има упис на непарен семестар..ама ставиле рок до 14 o_O...ќе го продолжат веројатно
 
Точен е муабетот дека повеќето предмети усен ќе бил завршниот?

Почнаа тоа да го практикуваат од лани. Кај Маџова и Фотката беа усно завршните испити, можно е и други да се фатат на орото од овој семестар .. :свиркам:
 
Почнаа тоа да го практикуваат од лани. Кај Маџова и Фотката беа усно завршните испити, можно е и други да се фатат на орото од овој семестар .. :свиркам:

А слушнав дека и Јанка давала шанса усно доколку не положиш писмено. Ти поставувала само 12-13 прашања за да стигнеш до 6 :eek:
 
А слушнав дека и Јанка давала шанса усно доколку не положиш писмено. Ти поставувала само 12-13 прашања за да стигнеш до 6 :eek:

Шансите да видиш диносаурус утре кога ќе станеш се поголеми, отколку Јанка да те пушти на поправен усно. Гледај таму преку испитот да завршиш работа ..
 
Зависи каков и е денот, не е до толку лоша... Мене ме пушти по 5-6 кратки прашања со 7мица.
 
Колеги знае некој кои прашања се паднале лани у октомвриска сесија ФПИ ? И кој е полесен изборен помеѓу менаџмент на мал бизнис и теорија на одлучување а и кои се проф и асс по овие изборниве? Поздрав :)
 
ММБ - Маргарита и Елена,
Теорија - Темјановски и пак Елена. Не се лоши и двата, што и да одбереш нема да згрешиш. Јас ММБ лани го земав, лесен беше предметот, ама не бев ич задоволен од оценувањето .. Пиши пиши, поени нема. Теорија оти малце души беа, немаа ни предавања ни вежби и на крај сите добри оценки извадија.

А знае ли некој тука добро да ми објасни околу документите за студентска пракса што треба да се праќаат до Душан Миланов. Треба ли плус да си оставиме и наше инфо (на документот никаде нема такво поле), оти стварно не ми е јасно како ќе ни вратат еден примерок и упатница. Треба и домашна адреса да си наведеме, или на кампусот ги препраќаат ?
 
Праќаш на емаил до Душан твои податоци, а од таму ти праќаат пополнета упатница (заверена со потписи и печати), на студентски ќе си ја подигнеш. Така беше 2011, мислам дека не е ништо сменето.

http://praksa.ugd.edu.mk/index.php?option=com_chronocontact&Itemid=53 а ова е нешто ново.. и незнам како функционира.
 
Абре има измени и каша попара е работата. Сега треба да фотокопираш 4 примерока од еден документ, да им го пратиш, па они да ти вратат 1 примерок и плус упатница. Ама не ми е јасно како упатницата ќе стигне до нас кога на документот нема никаде полиња за наше инфо. Не знам дали треба додатно да си напишеме наши информации па они по адресите ќе ни ги враќаат, или низ кампусите ќе ни ги оставаат. Ако има некој завршено работа околу ова, нека пише.

Линкот иначе што си го постирал е за да те пратат на пракса некаде изгледа ..
 
Значи задолжително е упатница да дадеме на студентски, така? Бидејќи кружеа муабети дека задолжително било само за упис у втора година.
 
Која е таа професорка што ќе биде по меѓународни финансии Доц. д-р Весна Георгиева Свртинов?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom