Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување

Банкарство е кај Гоцков, најтежок релативно од овие три. Пожелно е да се оди на предавања и да се фаќаат белешки, кажува доста работи кои потенцијално може да се паднат на колоквиум и убаво предава. Прашањата се такви да треба логика и поврзување на работите. Околу материјалот за учење имаше учебник и презентации од професорот и студенти. Овие презентации од студенти не се задолжителни, туку се за плус оценка.

Лични финансии не е тежок, но за разлика од другиве два е подосаден за учење, иако нема многу материјал. :icon_mrgr: Кирил е ок, принципот на прашања и стручни трудови е ист како по ФПИ.

Небанкарски за мене најдобар предмет од овие, Елена на секој начин се обидува да ви помогне и да ви ја доближи материјата. Материјалот за учење го дава она, нема премногу и прашањата се лесни, точните одговори лесно се воочуваат. Исто има можност за изработка на стручен труд.
 
Банкарство е кај Гоцков, најтежок релативно од овие три. Пожелно е да се оди на предавања и да се фаќаат белешки, кажува доста работи кои потенцијално може да се паднат на колоквиум и убаво предава. Прашањата се такви да треба логика и поврзување на работите. Околу материјалот за учење имаше учебник и презентации од професорот и студенти. Овие презентации од студенти не се задолжителни, туку се за плус оценка.

А презентации правиме ние за плус поени така? Ова е за оценка плус или без ова не може да се има 10ка и дали се прават во група дали сам, и дали мора да се презентира или како и кај Кирил и Елена е само стручен труд? ПС: фала на претходниот одговор, по кажувањата и очекувам банкарство да е најтежок, мада Кирил ни рече дека и неговиот не бил баш лесен посебно едната половина од матријалнот.
 
Некој да ми каже за математика во јануари на испит кои вид на задачи најчесто се паѓат ако знае некој?
 
Некој да каже СЈС како е на испит, што да се учи? Ги врти истите прашања, дали навлегува во ситници и ако некој има прашања нека прати.
 
Знае ли некој колку прашања отприлика се на испит сметководство? :)
 
Некој да не има некој материјал за управувачко сметководство?

дали ќе полагаш на 11.01, утре? ако сакаш да ми пишиш што се паднало? дали имаше отворени? било што во врска со испитот. please :)
 
Колеги, дали основи на сметководство е подобро да се полага само едниот колоквиум (вториот) или да одам на испит?
Имам шанса да полагам само втор, затоа што на првиот имам над 80 поени, ама сепак ми треба совет како е попаметно :)
 
Само втор нормално, дупло помалце материјал имаш за учење.
 
Колеги,кои предмети да ги изберам за летен семестар? Некои полесни?

Јас размислувам за Корпоративно управување и Интернет Маркетинг? Искуство некој со овие предмети?
Фала многу :))
 
Колеги, може некој да сподели искуство (во врска со присуство, тежина на материјалот, презентирање, дали треба нова книга, колоквиуми) за следниве изборни предмети:
  • интернет маркетинг
  • применета економија
  • економија на работна сила
  • менаџмент на човечки ресурси
  • теорија на одлучување
  • информациони технологии
  • меѓународна економија
  • економска статистика
  • анализа на временски серии
  • корпоративно управување.
Благодарам.
 
Ми се чини деκа ниκогаш нема да ги положам упρавувачκо и науκа :busi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom