Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Што е работата што изненадно во последен момент почнаа некои професори да поставуваат услови за потпис?
Ај некој нека не просветли дали и претходни години било вака каша попара? :facepalm:
 
хехехе а вие мислите кафаните на Шуклев и Дракулевски тие самите си ги плаќаат? :icon_lol:
 
Ај некој нека не просветли дали и претходни години било вака каша попара? :facepalm:
Мене ова од Дракулевски стварно ме изненади, он беше тој како декан што на предавање лани Организациско јасно и гласно кажуваше за тоа колку пари даваме непотребно за факултетот, а сега тој самиот бара плаќање за потпис ако те нема на список.

За Шуклев не ме чуде, од векот е таков сите си го знаат, на факултетот ништо никој не смее да зуцне за многуте неправди што се прават и кај Драге, и кај Шуклев и кај други професори, туку од Дракул стварно се изненадив..
 
Колку пари имам давано за потписи кај Шуклев ехеее... еден семестар ќе запишев со нив. Ништо ново не е ова, не треба да ве чуди.
 
Ама Шуклев е прочуен дека е таков, овој Дракулевски јасно и гласно си кажа на првото предавање дека сите ќе добиеме потписи, дека не бара редовност -.-
 
Баш на првите предавања кога одев убаво си кажа Дракулевски дека не е проблем за потписи, не знам сега што се случи.

Овие цени стварно се смешни, 400 или колку и да се денари за 2 клика да пријавиш електронски колоквиум, 500 денари за потпис за кој им треба 1 секунда и пенкало од 10 денари.
 
Лани и нас така пред потписи земање нешо се расчу дека организациско ако те има само на список ќе земиш потпис, на крај сите шо појдовме без проблем ни даде.
Ако оваа година е стварно принципиелен то е друго.
Иако ова со потписи кај нас е само пари земање, не дека сме многу редовни или којзнае какви се предавањата, читање од книга само на слајд.. Се дешава изненадно иста година, исти смер, два задолжителни предмети случајно да се поклопат во исто време потписи да се даваат, па уште имаме право на избор дали ќе платиме казна за едниот или другиот предмет:)
 
Ај некој нека не просветли дали и претходни години било вака каша попара? :facepalm:

Ништо да не ве чуди на факултетов.
И јас во прва се чудев, како вака, како така, во втора се навикнав и сега нема да ме чуди и ако ми кажат утре тетките на студентски дека дупло треба да ја платам дипломската.
 
Ај некој нека каже дали утре ќе се одржи часот по социологија? Или за потписи ќе биде.. ?
 
Економика втор колоквиум се положува со скрипта? :)
Дека рече професорот ќе имало логички прашања?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom