Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Може и во сабота ако сакаш да почнеме :P
Шала на страна, веројатно утре се почнува, ама ретко кој има предавања во петок.
Од 19ти предавања, ако толку сте запнале да идете на тие првите. :)
 
Луѓе вака да ве прашам.. Основи на економија, Математика за економисти и Сметководство - требаат книги или копии? И кои професори бараат да се купи книга како пролазен критериум? Ова прашувам да ни појасните на нас првачиња:) за да знаеме дали истите професори кои ви предавале на вас, по некоја случајност ќе ни предаваат и на нас.
 
Да не знае некој дали има резултати од дополнителни Биланс на плаќање, Финансиски пазари има ли некој кој полагаше денес па да е упатен около резултатите каде би можело да ги има???
 
Луѓе вака да ве прашам.. Основи на економија, Математика за економисти и Сметководство - требаат книги или копии? И кои професори бараат да се купи книга како пролазен критериум? Ова прашувам да ни појасните на нас првачиња:) за да знаеме дали истите професори кои ви предавале на вас, по некоја случајност ќе ни предаваат и на нас.[ Математика земиси само оригинал збирка и таблица зш ти требат за на колк другово копија
--- надополнето: Sep 15, 2011 9:20 PM ---
Макроекономија или микроекономија е полесен ?
Макро затоа што имаш прашања а микро е тешко заради асистентката
 
Дали некој знае кога и каде ќе се даваат оценки Економика на претпријатие? Има резултати на веб страната на Економски, ама нема наведено термин за оценки

Мислам понеделник околу 11 саат.
 
едно прашање, нема да ми праат проблем утре ако идам да се упишам, не сум уште упишан (2ра година) а имам платено тоа све што треба само неам дадено на студентски прашања. и ке ми земат ли казна 500че? :)
 
Знае ли некој на кој од овие предмети е задолжително да се купи книга, а кои може копија?

Корпоративно финансиско известување
Сметководствени информ. Системи
Финансиски менаџмент

А кои професори предаваат по предметиве знаете?:)
 
Луѓе вака да ве прашам.. Основи на економија, Математика за економисти и Сметководство - требаат книги или копии? И кои професори бараат да се купи книга како пролазен критериум? Ова прашувам да ни појасните на нас првачиња:) за да знаеме дали истите професори кои ви предавале на вас, по некоја случајност ќе ни предаваат и на нас.
По ништо од ова не ти треба нова книга, можеш слободно сите три копирани да си ги купиш, само не се појавувај со нив на предавање, или ако толку сакаш да ги носиш седни малку подалеку, да не те гледаат професорите со копирана книга.
 
Колеги каков предмет е демографија, точно ли е дека не може да се положи само од колоквиуми туку треба да се има бодови и од присуство на предавања??? Дали бодовите од предавањата се за плус оценка или се битни за да можеш да положиш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom