Економска политика на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Oва е нешто како лотаријата со ДДВ што беше. Ќе треба да чуваме фискални од цела година и да бараме фискални. Значи сите ќе пазарат кај што се даваат фискални. Паметно - ќе се зголеми даночната основа вака.
ќе му се налутат албанците на зајко за ова. никој нема да купува од нив оти не даваат фискални.
 
Да не се зезнале малце? За државата да ти врати 30000 денари по основ на 15% од ддв, дури и ако секој производ и услуга е со 18% (а не е), треба семејство да потроши просечно околу 90000 денари (1500 евра), така? Или јас грешам, некоја друга математика е во прашање?
 
Или јас грешам, некоја друга математика е во прашање?

Не грешиш, ако годишно потрошиш милион денари на производи со 18% ДДВ ќе ти вратат 27.000. Има производи што се по 5% ДДВ, па така испаѓа дека треба околу милион ипол да потрошиш за да ти вратат 500 еура.
 
Да не се зезнале малце? За државата да ти врати 30000 денари по основ на 15% од ддв, дури и ако секој производ и услуга е со 18% (а не е), треба семејство да потроши просечно околу 90000 денари (1500 евра), така? Или јас грешам, некоја друга математика е во прашање?
Па ако е 15% од 18/5% ддв тогаш 20 000 евра треба да потрошат за да земат 500 евра,
Највеќе пари се трошат на храна и станови кај што ддвто е 5%. Така да во просек 2000-3000 денари годишно ќе земаат граѓаните. Кажав целта е целосна фискализација не да им се даваат на народот.
 
И секогаш излегуваат со вакви бомбастични објави, 30.000 за секое семејство. а во реалност 3.000 дали ќе земат повеќето семејства. Ако и тие им ги дадат преварантите.
А може и ддв да го намалат од 18% на 15% со истиот ефект, ама како пак ќе се фалат дека владата пари дава на народот, 30.000 цел годишен одмор.
А и треба некој тендер да земе за тие картичките.
 
Оваа мерка е добра за богатите што купуваат секоја година коли, станови, накит и скапа гардероба. Нив и по 5000 еур ќе и враќаат.
 
Оваа мерка е добра за богатите што купуваат секоја година коли, станови, накит и скапа гардероба. Нив и по 5000 еур ќе и враќаат.
Пред некое време имаше вест дека само за они со најниски примања ќе има целосен повраток на ддв до максимум 30.000 ден годишно.
Ама изгледа се размислиле сега и им текнало дека подобро е повраток на 15% од ддв, ама без лимит. Така они најмногу ќе искористат. Трошат милиони и од повраток на ддв ќе имаат пари за еден луксузен одмор.
А обичниот граѓанин 3000ден ако добие, со тие пари може само да се шлапка во Вардар.
 
Јас гледам овде можност за црн пазар на фискални сметки...т.е. правење облаци како лајонесс. Во пракса кредитирање и дисконтни купување на даночни кредити. Ќе се појават мутни фаци и во оваа мала авантура на етатистите.
 
Последно уредено:
Оваа мерка ја воведоа само за пропаднат албанските бизниси. Антиалбанска мерка.
 
Црн пазар океј, али како ќе прават облаци со фискални?
Кредитирање преку дисконтни Лонг позиции во даночни кредити. Во пракса фјучерси на фискални сметки во форма на приватни обврзници гарантирани од државата. Стручно кажано.:LOL:
 
Кредитирање преку дисконтни Лонг позиции во даночни кредити. Во пракса фјучерси на фискални сметки во форма на приватни обврзници гарантирани од државата. Стручно кажано.:LOL:
Фјучурс на фискални :eek::pos:

Дур сме на темава. Облациве немам појма детално како функционираат. Знам дека демек собраните пари се за инвестиција во нов маркет, па после процент си добиваат „инвеститорите“. Шо се дешава всушност? На хартија си е документирано или? Сакаш да кажеш дека нешто као обврзници им шиткаат за облаци?
 
Нормално, се шалам за фискалните...појма немам како би било решено. Ама ќе има можност најверојатно за злоупотребува. Инаку тоа се облаците на лајонесс...нешто како коорпоративни обврзници од фирма која продава промет на други фирми по пирамидален принцип. Во пракса има сличности со поврат на ДДВ.
 
па може некој ќе почне да откупува фискални. на некого може не му се чека до крај на година за поврат па ќе ги продаде за пари на рака фискалните за упола од вредноста на повратокот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom