Strenght
Never Give Up!!
Принтањето пари многу ретко е причина за инфлација. Примери имаш безброј, а најтазе ти е од 2014 до 2020 што се пуштаа трилиони долари низ светот, па инфлација ниту 1% не успеваа да подигнат. ЕЦБ парите што им ги даваше на банките за да им ги отукупува долговите, банките не ги внесоа во реален сектор во ЕУ, туку ги си ги паркираа во ФЕД, бидејќи ФЕД им даваше мислам 0,25% камата, додека во ЕУ беше нула или негативна.
Државата принта/пушта пари.
1. Каде идат тие пари? Ретко идат во реален сектор.
2. Со тек на време дел од парите ќе почнат да стигаат кај граѓаните (реален сектор), но кога народ смета дека е криза, тешко за работење (милион регулации и рекет), основен човечки инстинкт е да ги чува, штеди. Значи пак немаш инфлација.
Во МКД имаш 5 милијарди евра во физички депозити, каматна стапка 0, значи инфлација им ги грицка, ама многу малку некој да ги инвестира тие пари. Зашто?
Основа за секоја хиперинфлација што историски досега се случила е губење на довербата.
Олку тикви зелени истрескани на форум немам прочитано. Ако не се разбираш во некои работи не коментирај.
На површина е просто, повеќе пари во оптег за исти добра и услуги. Западните земји никогаш порано не фрлале толку безплатни пари како во пандемијата.
Еве на пример вo Австралија, дур бевме во lockdown државата даваше директно пари ако немаш работа, пари за бизнисите да се одржат, плаќање школо, бесплатни кирии etc.
имало и порано принтање да ама не до овој степен
Е сега доаѓа време кога тоа треба дасе плати, пошто математички неможе човек без труд да добива пари и да ги троши на добра и услуги.
Македонија исто така имаше пакет мерки што е во основа примтање пари. Проблемот Македонија е што никогаш централна банка не ја крева и спушта каматната стапка во однос со инфлацијата.
Моментално 10% инфлација а каматна 1.75%.
Сите западни земји Аус Уса Англија почнаа дакреваат само ние се праиме паметни. Ете ти Турција што исто во време на инфлација спушта каматна стапка, сега до 60-100% инфлација има.
Ја незнам што дебилен народ ке бевме ако незнаеш што правиш и како функционира економијата само копирај што прави Америка Аус.
Кревањето на минималната плата и војната со Украина додаваат инфлацијата уште да биде поголема. Лошо е ако тргне на таа спирала пошто народот осиромашува највеќе а богатите стануваат уште побогати.
Становите во центар изгор, акциите на берзата све рипнаа. Кредитите за имот се уште ефтини околу 3% (реално ова мора да се крене за да се смири инфлацијата)
Западните земји веќе почнаа да креваат.