EHF Euro 2014 (Унгарија и Хрватска) - жени

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе го освои турнирот?


  • Вкупно гласачи
    57
Miss Montenegro is ready to lead again
 
Норвешка ја разби Србија денес 30:18 али Србија беше без Лекиќ, Цвијиќ, Дамњановиќ (Дамњановиќ се пишува специјално купив Политика да видам :D ), Томашевиќ, Лишчевиќ, Трифуновиќ... Данска исто на турнириве владее со победи, Хрватска повторно ја победи Црна Гора, ја гледав оваа, многу лош перформанс на Црна Гора иако изгубија 1 разлика, цело време разликата ја држеа на 4-5 гола, на крај се опуштија, Пенезиќ 10 гола им даде, не можеа да ја запрат.
Јованка наша замислете 7 гола даде, не ми се веруваше што гледам, Павичевиќ исто се истакна. Језда ротираше Аџиќ и ретко која ракометарка изигра 60 минути ама воглавно слаба утакмица.
Иако сум за Црна Гора, Хрватска некако најмногу како да сака успех а и им се погоди доста ракометарки да се во форма, Татари, Пенезиќ, Ждериќ, Литре итн. па и домаќини се, очекувам финале од нив. Али ќе се снајдат некако и Црна Гора, ќе и каже пак Аџиќ на Лазовиќ мавај боксови на плејот.

И така, си пишам јас само за @Коњаникот Сабја да има што да проверува насабајле :D
 
Хрватите во машка конкуренција ништо не направија кога имаа златна генерација, не верувам дека жените ќе им стигнат до финале.
Норвешка, Данска, Франција, Германија, па следуваат домаќините на турнирот. Србија ми е отпишана, на Црна Гора им давам повеќе шанси за успех.
 
Група Ц за мој вкус најинтересна. Ја имаме една Германија која никогаш не била сила во женски ракомет али настојува и се труди да игра добро. Од она што читам германките имаат голема поддршка и големи надежи. Јас би рекла: Треба под да бришат со нив за да ми се наполни срце :D

Холандија колку да врти кругот е во групава. Ни изненадување, ни сила ни способност. Ставајте во кладилница против неа до крај.

Шведска е од Скандинавија со релативно непознат тим од кој очекувам некое пробивање во групава. Не за друго брзиот ракомет ќе и скине кичма на Алтхаус.

И Хрватска по балканска жичка мојот фаворит. Оваа година за нив ќе навивам.
 
За разлика од пред неколку години кога се знаеше Норвешка или Русија, сега мислам дека ќе гледаме далеку поизедначено првенство. На неколку дена до стартот кога веќе стануваат познати некои работи во однос на составите, моменталната форма на играчите, како и ракометарките кои ќе отсуствуваат, може да се насетат екипите кои ќе се борат за највисок пласман.

Ќе одам по групи, во А групата

Унгарија како домаќин веројатно и со најголеми шанси и покрај тоа што со отсуството на Горбиц се значително ослабени.

Шпанија има солиден тим, но со нив никогаш не можеш да знаеш како ќе изиграат. Според составот очекувањата се секако високи.

Русија ја гледав пред некој ден со Унгарија и не изиграа ништо посебно, главен проблем им е левата бековска позиција, каде што практично како да немаа играч, оваа Сен од Ѓер им е прв избор. Но имаат неколку солидни играчи, помлади, но и поискусни па ќе видиме што ќе покажат.

Полска беше хит лани на светското, сега ќе бидат без Биздра од Будуќност, но и онака таа не им беше дел од прва постава, Војтас и Кудлач се во одлична форма од ЛШ. Главниот проблем им се голманите, ако тие изиграат нешто имаат шанси да ја победат Русија.

Б група

Данска ја ставам пред Норвешка, играат добро, имаат повеќе играчи за ротација, на последниот натпревар им се повреди Бонде, главниот дефанзивец, што може да им биде мал проблем, како и некои недоволно подготвени играчи.

Норвешка веќе не е оној тим од пред неколку години што доминираше, што секако не значи дека не се опасни. Лунде, Един, Суланд, Фрафјорд, се дел од играчите што недостасуваат, а голем дел од тимот се млади ракометарки што немаат искуство од големи натпреварувања.

Романија не сум ја следел, дел од играчите што доѓаат од нивното првенство ми се енигма, гледам на подготовките и премногу зависеле од учинокот на Неагу, што значи дека и на првенството ќе зависат од нејзината подготвеност да изигра максимално на сите на натпревари, што е невозможно.

Украина ќе настапи без некои од главните играчи, како Манахарова, која одлучила во иднина да настапува за Русија, така да ќе биде чудо ако успеат да изненадат, евентуално со Романија.

Ц група

Не знам зошто, но многу сакам да кажам дека Хрватска е фаворит број еден на првенството. Имаат одлична генерација, која долго време игра заедно, домаќини се, главните играчи играа во одлична форма во ЛШ, сите коцки им се наредени :D

Германија без Милер, со што губат многу, но од друга страна таа е индивидуалец и голем потрошувач на топки, а во тимот имаат играчи кои го имаат потребниот квалитет. Долги години не успеваат да направат позначителен резултат, а за квалитетот што го имаат кажува фактот дека голманката Краузе од Турингер, е само трет избор и нема да игра на првенството.

Шведска, голем дел од ракометарките играат во силни клубови, во добри првенства, тренер им е типката од Мидтјиланд. Ќе видиме кого ќе успеат да изненадат.

Холандија има сосема солидна прва постава, со исклучок на голманската позиција. Играат модерен, брз ракомет, предводник е Грот, но како што пишав немаат соодветни замени што веројатно ќе се покаже како главен проблем кај нив.

Д група

Црна Гора, не импресионира во подготовките, но тие секогаш знаат кога да изиграат максимално. Не знам колку ќе биде подготвена Булатовиќ и во какво издание ќе се покажат голманите, едно е сигурно, ќе се борат (да не речам тепаат :D ).

Франција, не знам што да очекувам, мешавина на младост и искуство, ги гледав со Данска, не изиграа најдобро, но тренерот многу ротираше во обид да ги провери сите играчи. Како и да е, тим што може да ги измеша работите во групата во втора фаза.

За Србија, Лекиќ, Дамјановиќ и Цвијиќ се 80% од тимот, овие и да настапат нема да може дадат максимум. На листа на повредени е и Лисчевиќ, а кариерата ја има завршено Огњеновиќ, во однос на светското лани. Што значи дека нема шанси да го повторат успехот од претходните две првенства.

Словачка ми е целосно непознат тим и без никакви шанси.


За крај само да кажам дека иако ќе го следам првенствово, сепак сум ја заборавил таа возбуда, кога на овие натпреварувања играше Македонија, и баш е жално што е дозволено да паднеме на едно така ниско ниво.
 
За крај само да кажам дека иако ќе го следам првенствово, сепак сум ја заборавил таа возбуда, кога на овие натпреварувања играше Македонија, и баш е жално што е дозволено да паднеме на едно така ниско ниво.

Јас заборавив кога последен пат настапувавме, уште Пецевска крило играше. Жалосно.
Ја нема таа возбуда без нашите онака колку да се гледа нешто.
 
На унгарскиве тв ќе има доста ракомет
Kézi EB Sport TV által közvetített időpontjai/ CSAK csoportkör!
12.07 vasárnap
Sport1
19:00 Spanyolország – Lengyelország (felvétel)
23:00 Dánia – Ukrajna (felvétel)

12.08 hétfő
Sport1
17:45 Németország – Hollandia (élő)
20:00 Montenegró – Szerbia (élő)

12.09 kedd
Sport1
06:00 Németország – Hollandia (ism)
09:00 Montenegró – Szerbia (ism)
Sport2
18:15 Oroszország – Spanyolország (élő)
20:30 Ukrajna – Norvégia (élő)

12.10 szerda
Sport2
17:45 Horvátország – Németország (élő)
22:15 Szerbia – Franciaország (felvétel)

12.11 csütörtök
Sport1
06:00 Szerbia – Franciaország (ism)
Sport2
18:15 Oroszország – Lengyelország (élő)
20:30 Norvégia – Dánia (élő)

12.12 péntek
Sport1
09:00 Norvégia – Dánia (ism)
17:45 Montenegró – Németország (élő)
Sport2
20:15 Horvátország – Hollandia (élő)

12.13 szombat
04:00 Montenegró – Németország (ism)
 
јебемти унгарскиот, не знаеш која држава игра.

За нас што не нема оние од РФМ пролив да ги фати и да не ги пушти со години.
 
Capture.JPG


Хмм?
До сега, на 4 дена до почеток на првенство нема никаква најава, дали е можно од втора фаза или само полуфинале/финале ќе пренесуваат или уопште ќе нема пренос ќе видиме набрзо, битно ова стои како официјално.
 
Од првенствово очекувам добар ракомет пред се затоа што горе долу сите репрезентации се со ист квалитет,да глеаме убај жени(штета шо не се шминкет инаку сите ке беа убај) и најбитното за мене да напрам некој денар во кладилница пошо овде нижат поклони само во прво коло најдов 3 исто обожавам да глеам женски колективен спорт од причина шо само таму мојш да видиш многу жени облечени во исто :D

Борбата за 1во место ке е многу густа доста од репрезентацииве имаат речиси ист квалитет два тима мислам дека ке ги видам во полуфинале тоа се Унгарија која малце ке ја протуркаат судии малце се домакини а другиот тим е Црна Гора која има "лесно" вкрстување со група Ц а и групата со оглед на тоа дека Србија има повреди ке ја поминат лесно.Другите два тима би требало да се бараат во Данска/Норвешка мегутоа тука замрсена е работата зато што има доста квалитетни репрезентации во А и Б групата и од втората половина Шведска/Франција.
Тим шо може да направи многу проблеми и да изненади на првенството се Холанџанкиве кои имаат доста солиден состав и воопшто не се за потценување имаат доста млада репрезентација со голем потенцијал паочекувам од нив да изненадат позитивно.
Гласав за Црна Гора од причина шо мислам дека имаат големи шанси да освојат а ке имаат и голема подршка од навивачите.

Група А
Понатаму одат Унгарија,Шпанија и евентуално Русија али не би се и Полска да го завземе нивното место
Група Б
Данска,Норвешка и Романија Украина е underdog овде и тоа голем ама немора тоа нито да значи воопшто не се лоши сепак овие другите се една класа над нив
Група Ц
Замрсена до вкрај да небеа Хрватска домакини ке ги отпишев нив вака сите опции се отворени
Група Д
Србија,Црна Гора и Франција мислам дека Словачка нема шо да бара тука освен ако не искористат тоа шо Србинките имаат доста проблеми во последно ама неверувам тоа
 
Во врска со ЕП:
1.Унгарија и Хрватска бидејќи се домаќини ќе бидат протуркани во втора фаза сигурно ако треба и на мускули.
2.Црна гора/Данска/Норвешка се трите тима кои се идвојуваат како фаворити за титулата.
3. Франција и Шпанија,французинките ако им се поклопат коцките можат до финале а шпанија според мене максумум 1/4 финале.
4. Србија ако успеат колку токлу да го закрпат составот ќе ја поминат првата фаза е потоаа зависи колку Лекиќ,Лисеновиќ и Дамјановиќ ќе бидат спремни па и Цвијиќ.
5.Полска,Русија,Холандија,Романија можат до втора фаза.
6.Словачка и Украниа се класични underdogs
А нас не нема зш така требит кога лигата ни е чорба, тренери нема за лек во така наречените академии се работи по принципот тато мама директорче, или некоја друга функција оп ти ќе играш (а нема појма од ракомет) а децата што навистина ги бива за ракомет пошто родителите не се на фуинкција туку секјдневно се борат за секој денар седат на клупа и имаме поради тоа некоку осакатени генерации а Од РФМ ги заболе
 
Мислам јас дека Данска немаат толку јак тим, колку што имаат феноменален голман Сандра Тофт е во феноменална форма. Против Норвежанките само ради одбраните на Сандра победија 20+ одбрани имаше.
Норвешка потфрли на светското во Србија што беше, али реално тие играчи кои беа без желба играа по 2/3пати сите скоро имаат освоено светско/европско...па затоа годинава некои и ги нема... кога имаат млади кои сакат да се докажуваат што ќе се замараат со стари...

Годинава имаат доста подмладен тим башка и се враќаат некои кои не беа во Србија на СП.
Против Данска играа напад со Вероника Кристинасен, Нора и Стине Бредал и беа феноменални.

Суланд се повреди така да нема да сметаат на неа... Гримсбо се враќа на голот и е во солидна форма. Од постарите се Ригелхут, Алстад, Бреиванг, Херем и Локе.

Франција ако се наљути нашата Лејно во полуфиналето можат и они до финале. :D:D

Полуфинале би играле Норвешка, Данска, Франција е сеа четвртиот патник нека биде од групата Ц мислам дека ќе се испотепаат оние во група Ц :ROFLMAO:

Иако не е исклучена моноста да има пак некој циркус ко во Србија на светското да отпаднат сите фаворите и да играат некои кои ни на крај памет не ни дошло. :pos:
 
Прегледај го приврзокот 108352


Хмм?
До сега, на 4 дена до почеток на првенство нема никаква најава, дали е можно од втора фаза или само полуфинале/финале ќе пренесуваат или уопште ќе нема пренос ќе видиме набрзо, битно ова стои како официјално.
Ко што пишав, само завршницата ќе иде во пренос, на жалост.. :(
'Завршницата на првенството е на 19 и 21 декември, а најинтересните мечеви од овој дел на шампионатот ќе можете да ги следите на програмата на Алфа.'
http://alfa.mk/News.aspx?id=86176
 
Мислам јас дека Данска немаат толку јак тим, колку што имаат феноменален голман Сандра Тофт е во феноменална форма. Против Норвежанките само ради одбраните на Сандра победија 20+ одбрани имаше.
Норвешка потфрли на светското во Србија што беше, али реално тие играчи кои беа без желба играа по 2/3пати сите скоро имаат освоено светско/европско...па затоа годинава некои и ги нема... кога имаат млади кои сакат да се докажуваат што ќе се замараат со стари...

Годинава имаат доста подмладен тим башка и се враќаат некои кои не беа во Србија на СП.
Против Данска играа напад со Вероника Кристинасен, Нора и Стине Бредал и беа феноменални.

Суланд се повреди така да нема да сметаат на неа... Гримсбо се враќа на голот и е во солидна форма. Од постарите се Ригелхут, Алстад, Бреиванг, Херем и Локе.

Франција ако се наљути нашата Лејно во полуфиналето можат и они до финале. :D:D

Полуфинале би играле Норвешка, Данска, Франција е сеа четвртиот патник нека биде од групата Ц мислам дека ќе се испотепаат оние во група Ц :ROFLMAO:

Иако не е исклучена моноста да има пак некој циркус ко во Србија на светското да отпаднат сите фаворите и да играат некои кои ни на крај памет не ни дошло. :pos:
Данска има солиден тим , Сандра Тофт во Ларвик е во одлична форма и во лига на шампиони и во домашна лига, секоја утакмица над 15 одбрани. Ако игра Трине Тролсени Ларке Молер тогаш Данска би можела да стаса далеку. Норвешка има големи промени но и без разлика на тие промени они секогаш се меѓу најдобрите 4.Вероника Кристиансен ги докажува своите способности, мислам ќе биде лидер во норвешка во следниве години. Голман освен Гримсбо ќе биде и Педерсен што бранеше во Хипо??
 
Данска има солиден тим , Сандра Тофт во Ларвик е во одлична форма и во лига на шампиони и во домашна лига, секоја утакмица над 15 одбрани. Ако игра Трине Тролсени Ларке Молер тогаш Данска би можела да стаса далеку. Норвешка има големи промени но и без разлика на тие промени они секогаш се меѓу најдобрите 4.Вероника Кристиансен ги докажува своите способности, мислам ќе биде лидер во норвешка во следниве години. Голман освен Гримсбо ќе биде и Педерсен што бранеше во Хипо??

Не, втор голман е Солберг од некоја домашна екипа има 24години. Ќе ја видиме, немам ја гледано до сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom