Па суштинско во луѓето е да газат други луѓе за да ќарат повеќе, уште од почетокот на човештвото до денес е доволно да погледнеш што све се случувало и ќе видиш дека човекот во глобала не е баш добар.
Не викам дека сите се лоши, али во глобала човечкото јадро е расипано чим се случува ова во светот друго објаснување нема.
Околу тоа дека не ни треба науката не се сложувам, сепак основните компоненти на кој се основа целата наука потекнуваат од природата, природата ни ја овозможува науката и секако дека мора да постои, али исклучиво да се истражува и твори со добри намери.
Но апсолутно се сложувам со тебе дека човекот треба да се посвети и на духовното а не само на материјалното за да има мир