Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 702
- Возраст
- 39
Tема за дилема! 2002-2010, САД-Македонија, паралела.
Во едно дамнешно издание, Rolling Stone магазинот си плати оглас во Њујорк Тајмс насловен како „писмо на благодарност до извршните директори на издавачките куќи“. Можеби ќе го прочитаат и ќе ја сфатат поголемата слика која многу умешно и мудро редакцијата на познатиот музички магазин ја претставува, а се однесува на променетиот начин на кој индивидуалците откриваат и шират музика - помислија мнпогумина тогаш. Епилогот го знаете. Ама иако е старо 8 години, за нас е ептен фреш, дури и пред времето, па еве, го споделуваме со вас.
Можеби ќе ви е интересно за читање
„Големо мрсно фала на издавачите
Ви благодариме за водењето на добрата битка против интернет мп3 размената на фајлови. Поради вас, милиони деца ќе престанат да го трошат времето слушајќи нова музика и трагајќи по нови бендови. Нема повеќе ширење на муабетот на тотални странци за вашите музичари. Нема повеќе штетно изложување на илјадници бендови преку интернет радио станиците, исто така. Ако имаме малку среќа, тие радија воопшто нема да зборуваат за музика. Вие веројатно знаевте дека ќе направите милиони со „прифаќање“ на технологијата. На крајот на краиштата, клинците кои се менуваат со музика преку интернет сигурно ќе купуваа десет пати повеќе од вашите ЦД-а, што вашата кауза ја прави уште повеќе восхитувачка. Гарантирано ова досега ве чинеше мало богатство во идни можни приходи, но немајте гајле - компјутерите се само мода која ќе помине, а интернетот е чиста глупост!
Ролинг Стоун“
Ако помисливте веднаш да фатите страна, или ова ви дојде само како манифест на вашата „борба“, дозволете само на кратко да поставиме едно мало, малецко прашање до уредниците на Ролинг Стоун. Значи, ова е само прашање, ништо повеќе... „Како би реагирале доколку ги скенираме страниците на вашиот последен број и ги качиме на нет, нели, за милионите клинци кои ионака немаше да го купат, та вака барем малку ќе се едуцираат?“
Кајгана
Момци и девојки, се надевам ја разбравте темата. Кој е вашиот став по однос на интернет размената на фајлови и авторските права односно правата на издавачот? Размислете за добрите и лошите страни и од позиција на корисник-слушател, и од позиција на уредник душебрижник на Рлинг Стоун и од позиција на директор на издавачка куќа, фан на музиката или алчен за пари...
Бујрум