Eден на еден со Жарко Димитриоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Pluh
  • Време на започнување Време на започнување
Со ваков гости емисијата да трае еден час од кој разговорот ќе биде многу мал и повеќе ќе се фокусираат на играње некој игри е безвезе.
 
Поставена е новата епизода на јутјуб. Многу подобра од минатата. И стенд ап-от дефинитивно многу подобар. :D Одличен беше Ѓуро.
 
Супер беше со Ѓуро но по не знам кој пат ќе пишам. Штета што емисијава трае толку малку.

Треба да направи да има по двајца гости, еден со кој ќе прави моабети а другиот некој музички бенд или соло артист кој ќе промовира песна.

Исто и она што го пишав пред некој ден да направи бизнис со некој од фирмиве што носат бендови и прават концерти и друго (Антен 5, Авалон, Пасворд Продукција..)
 
Рихеб е нa 18ти тукa мoже сo негo дa нaпрaи емисијa :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Жaре е oд oние ликoви штo кoгa кaжувaaт виц и другите се смеaт тoј гo пoвтoрувa пaк истиoт и oчекувa дa биде смешен вицoт кaкo нa првиoт пaт. Е не мoже бе пич не мoже,сaмo пискaш сo тoa глaсчетo кo петле некoгaш и гo тупиш сo гoстите....
Емисијaтa вредеше вo првaтa сезoнa, сите сум ги гледaл имaше дoстa интересни гoсти интересен рaзгoвoр a не кaкo сегa.
Тoгaш имaше нaвикa и нaјтaпa гoстин дa дoнесе штo ти бил aнтипaтичен дa гo извaди нaјдoбрoтo oд негo и дa си речиш не бил бе oвoј лик дo тoлку тaпa.
Нa пример:

https://youtu.be/T1jIoOvIejc
 
Многу се препичува некако, многу Кимел, малку оргиналност.
 
Да имаш таков гостин, читај ебена балканска легенда, а да ја отупеш со детски прашања и игрици...

Жаре, Жаре...
Oва!

Треба малце да си го среди сценариото, кога имаш ваков гостин а емисијата ти трае 1 саат, слободно можеш да го исфрлиш глупиот стенд-ап пред емисија и ретардираните игрици.

Со нашите гости што сака може да праи, и така нема што многу да ги распрашува па нека си игра.
 
Ја изгледав со Џамбазов емисијата.

Не му требаат тие игрици со цртање и асоцијации, лошо, многу лошо, ме разочарува Жаре, има потенцијал да направи нешто добро со единствена емисија како неговата (кај нас) и троши енергија да облече во костум ала џими фалон наместо да се потруди да скоцка материјал со прашања.
 
Јас го гледам само на јутуб, па бидејќи ме занима муабетот само, си го вртам делот кајшто си прави муабет со овој од бендот, телефони, триста глупости и не ни знам што зборува тогаш.

Игриве се глупи, не само кај него, мене ни кај американциве не ми се допаѓаат. Можда е кул да му истураш чаши вода на Статам на глава, али шо знам јас.
 
И јас некако повеќе и повеќе сум разочаран од емисијава, имам впечаток дека повеќе во центар на внимание се игрите него интервјуто што го прави со гостинот. Како набрзина е интервјуто само колку да се има повеќе време за тие игрите и зезанциите од кој некој му се безвезни. Разбирам дека ваков тип емисија треба да има хумор, игри интеракција со публика но треба и да се посвети повеќе време и на гостинот.
 
Раул Гонзалез само што почна да збори на наш јазик по телевизии и ете му еден гостин.

САФ се вратија на сцена(привремено) и комотно може да ги викне у емисија и да има гледаност до небо.

2CELLOS се врткаат по државава веќе неколку месеци, толку ли се тешки за договарање?

Ми скурчи веќе од Џамбазов реално да праиме муабет.

Секогаш сум ја бранел емисијава и ги обожавам ваквите искрено али бега у погрешен правец Жарко и криво ми е.

Пак ќе кажам којзнае кој пат нека го земе Иван Иванович од Србија за пример и нека цепа!

Ако ти е малку саат време тогаш побарај повеќе и напрај ја поквалитетна емисијата, ќар ќе има и таа а и он како водител.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom