Ебола во Македонија?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.038
Поени од реакции
62.022
Ако добро забележав не е отворена тема за случајов. Почина британски турист во Скопје со симптоми на Ебола. Хотелот во кој престојувал е под карантин.


48 часа неизвесност - пристигна ли eбола и во Македонија?
Откако здравствените власти во Македонија објавија смртен случај на пациент со симптоми сомнителни за ебола, сега се чекаат резултатите од анализите кои ќе треба да се изработат во референтна лабараторија во Германија.


Починатиот е 58 годишен Британец, кој во Македонија допатувал на втори октомври, заедно со негов пријател. Последните денови неговата здравствена состојба била влошена, со појава на стомачни болки и повраќање и благо покачена температура. Откако состојбата значително му се влошила во неконтактибилна состојба со возило на итна медицинска помош е префрлен на клиниката за инфективни болести каде што веднаш бил хоспитализиран. И покрај напорите на лекарите, по само еденипол час од приемот пациентот починал под клиничка слика сомнителна за вирусот на ебола. Министерството за здравство излезе со информација дека постои сомнение за прв случај на жртва од ебола во Македонија.

„На инфективна се преземени сите мерки за третирање на пациентот, кој имал благо покачена телесна температура, 37,4, што не соодветствува со симптомите на ебола, имајќи предвид дека температура карактеристична за заболени од ебола е над 38,5. Сепак брзата и тешка клиничка слика, повраќање, внатрешни крварење и брза и нанадејна смрт се симптоми слични за ебола, што постави сомнеж и кај овој пацинет. Согласно протоколите, при појава на вакви симптоми се преземаат сите мерки, како да се работи за високо ризична болест. Испративме материјал во референтна меѓународна лабораторија. Има големи шанси да не е ебола, но ние работиме по сите стандарди “, изјави д-р Јованка Костовска, Комисија за заразни болести при Министертсвото за здравство.

Оттаму велат дека постојат и сомнежи дека починатиот често конзумирал алкохол, што исто така може да биде причина за внатрешно крварење и таквата клиничка слика. Во карантин се сите кои што имале контакт со заболениот, целокупниот персонал и гости на хотелот во кој тој престојувал, здравствените работници кои го транспортирале на клиниката и неговиот пријател кој има слични симптоми на починатиот.

Превенција и апел за смиреност


Здравствените власти апелираа на смиреност бидејќи можен заболен од ебола не значи и епидемија. Еболата не се шири преку воздух, туку само преку директен контакт со заболен преку неговите излачевини, нагласи д-р Костовска. Во насока на превенција се и мерките кои се воведени на граничниот премин Деве Баир и аеродромот Александар Велики каде во наредните денови се очекува да пристигнат над 700 македонски државјани по нивниот престој на аџилак во Мека. Здравствени тимови, со специјална опрема ќе ги контролираат сите лица кои ќе пристигнат на овие два пункта. Секој аџија ќе добие соодветни инструкции за тоа што ќе треба да прави доколку добие некој од симптомите. Тие треба да бидат 21 ден под надзор. На аеродромите и на граничните премини обезбедени се и соби за изолација. Се набавуваат и специјални скафандери и носилки.

За целиот случај македонските власти ќе ја известат и Светската здравствена организација, а информирана е и Британската амбасада во Скопје. Случајот веќе предизвика и меѓународен интерес. Странските агенции и повеќе медиуми веќе известуваат за сомневања дека британски државјанин починал од ебола во Скопје. Дополнително на телото на починатиот ќе биде извршена и обдукција. Десетина денови пред овој случај на инфективната клиника беше примено едно лице од Нигерија со покачена температура за кое неколкудневните анализи покажаа дека нема знаци на опасниот вирус на ебола.

Извор: Дојче Веле.





Уште ова ни фалеше...
 
Тука дискутиравме на темава, ама оти да нема и нова, само за случајов и за ситуацијава кај нас...

По сите паники кои се кренаа, лично мислам оти не е ебола. Ќе чекаме 48 саати да видиме што резултати ќе стигнат од лабораториите во Германија.
 
На СИТЕЛ пред 5 минути кажаа дека за да не се добие ебола, најбитно од све е да се внимава по ниедна цена да не се дојде во контакт со ЛИЉАЦИ и АНТИЛОПИ.
Значи, ако случајно видите антилопа како ви стои на ѕидот у кујна, останете присебни, правете се дека не ја приметувате и без паника отворете прозор. Она после некое време ќе си одлета самата и готовооо.
И за лиљаците важи истото, само навечер.
Антилопите тогаш спијат.
 
На СИТЕЛ пред 5 минути кажаа дека за да не се добие ебола, најбитно од све е да се внимава по ниедна цена да не се дојде во контакт со ЛИЉАЦИ и АНТИЛОПИ.
Значи, ако случајно видите антилопа како ви стои на ѕидот у кујна, останете присебни, правете се дека не ја приметувате и без паника отворете прозор. Она после некое време ќе си одлета самата и готовооо.
И за лиљаците важи истото, само навечер.
Антилопите тогаш спијат.

А ништо тогаш од моите претпоставки дека на Сител ќе изјават дека Британецот починал од сезонски грип и дека нема потреба од паника.
 
А ништо тогаш од моите претпоставки дека на Сител ќе изјават дека Британецот починал од сезонски грип и дека нема потреба од паника.
Изгледа нашле антилопа во хотелот во мавровка, ама црнецот не ја избркал на време и дошле у контакт.
 
Иницијалната тревога беше резултат на погрешната информација дека починатиот патувал во земја ендемична за ебола, откако оваа информација неофицијално се покажа како неточна, нема НИКАКВИ индикации дека се работи макар и за сомневање за ебола. Џабе тревогата.
Симптомите совршено се објаснуваат со хепатална инсуфициенција.
 
Иницијалната тревога беше резултат на погрешната информација дека починатиот патувал во земја ендемична за ебола, откако оваа информација неофицијално се покажа како неточна, нема НИКАКВИ индикации дека се работи макар и за сомневање за ебола. Џабе тревогата.
Симптомите совршено се објаснуваат со хепатална инсуфициенција.

Шо ти значи тоа на крај ... хепатит некој или ?
 
И ја не би рекол дека ова е случај на Ебола.

Но, сите го заборавате моментот, каде што известија дека и неговиот пријател, другиот британец ги пројавува истите симптоми.... тоа е основана причина за страв.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom