Многу случаи има каде пратките не стигале, тоа може да се случи од причина што пратката се изгубила или заглавила по пат, или пак му се допаднала на некој од нашата пошта. Ова би било скоро невозможно доколку пратката е препорачана, заклучок - купувај од онаму каде праќаат препорачани пратки или пак може да се доплати некоја скромна сума за да ти ја пратат како препорачана.
Јас сум немал искуство, ова погоре ми е по препораки од оние кои искусиле. Воедно и доста често по форуми се има зборено на оваа тема.