Ебате ибеј-от, не можеш нарачка да си откажеш.
Направив нарачка, барав да ми ја кажат поштарината, ама никој не ми кажуваше (калкулаторот не им работи). Побарав да ми направат фактура за да видам колку ќе ме чини. Фактурата ми ја пратија после пет дена, а јас во меѓувреме си нарачав сличен производ од друго место.
Да беше некоја разумна сума за поштарина, можеби ќе го нарачав и тој предмет преку ибеј (продавачот беше од Италија), ама сумата за поштарина беше близу половина од цената на производот (се рабори за сума од околу стотина евра).
За разлика од алиекспрес, на ибеј немаш начин да ја откажеш порачката, па мора да пратиш барање кај продавачот да ти ја откаже порачката.
Очигледно на продавачот не му се брза, па најверојатно ќе си заработам казнени поени тамо.
Ова го кажувам за да знаат тие кои по прв пат купуваат на ибеј за да не ги изненади можноста на невидено да им се дуплира цената поради ненаведената поштарина (ми се случи и такво нешто, ама продавачот самостојно ја откажа нарачката бидејќи не беше сигурен дека ќе може да испорача од Канада до кај нас).