Earth 2.0

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270

Eath 2.0 е најново интернет лудило - игра во која купувате виртуелно парче земја со реални пари. Лудилото е во тоа што сега за сега игра воопшто и нема, луѓе трошат огромни суми на пари за да купат што поголеми виртуелни површини со надеж дека во иднина нивната вредност ќе порасне и ќе можат да заработат. Сајтот заработува од 500.000 до 1 милион долари дневно.

Единствено нешто што моментално може да се прави е да се купуваат и продаваат виртуелни квадратчиња. Луѓе до сега имаат потрошено големи суми на пари, топ играчите околу 100.000 долари: Leaderboards.
Креаторите имаат амбициозни планови проектот во иднина да прерасне во целосен виртуелен свет. Интересно е што дел од тимот е ко-основачот на Oculus а има и македонец, извесен Стојче Славковски :)

Иако вака делува глупаво бидејќи моментално не постои никаков производ освен виртуелни пиксели кои ги купувате со реални пари, некако е интересно да поседувате парче земја каде што ќе посакате во светот, макар и виртуелно, а и целиот хајп околу проектов додава на забавата. Јас си купив неколку места во МК а и на некои грчки островчиња :). Земјиштата во светските метрополи за жал веќе се скапи и се движат по околу 7 долари.
Ако некој сака да купи пратете ми порака за да ви дадам реферал код и така ќе добиете 5% попуст на цената на она што ќе го купите.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626


Јас не знам што се чека и зошто сè уште не сте дел од ова #ludilo (epilepsy warning)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.253
Поени од реакции
27.643
Isto taka mozete da igrate CSGO, da kupuvate skinovi koi se 5 dolara, i da cekate eden den da stanat 1000 dolara i da gi prodadete.

Isto taka mozete da igrate Genshin Impact i ostanati gacha igri so milijarda mikrotransakcii.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Фасцинантно е како прават толку пари. Јас не би рекол дека е идиотско туку напротив, генијално. Во оваа фаза проектов не е ништо поразличен од крипто валутите, купуваш дигитален асет што може да порасне во вредност во зависност од побарувачката итн.. Тие што платиле толкави суми сигурно се милионери и 50 или 100 илјади долари не им значат ништо.

Во зависност од локацијата има неколку типови на земјиште, Class 1, Class 2 и Class 3. Секое земјиште еднаш во денот ви носи Income Tax и што повисока класа е тоа поголем данок ви исплаќа.

Моментално USA е најскапа земја, плацовите се по околу 40 долари. Земјиштево во Менхетн било купено за 22 долари а сега погледнете колку вреди.

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Земјиштево во Менхетн било купено за 22 долари а сега погледнете колку вреди.
Не знам за другиве но јас сум вчудоневиден, просто не ми се верува.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.637
Поени од реакции
38.819
Таман сакав да купам еден ранч во Канзас,сигурно за ефтини пари може да се најде некое парче земја таму.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Јас сакав некој рудник да купам ама повеќето што ги проверив се веќе купени, вклучително и нашите.

Повеќе информации:

 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296

Eath 2.0 е најново интернет лудило - игра во која купувате виртуелно парче земја со реални пари. Лудилото е во тоа што сега за сега игра воопшто и нема, луѓе трошат огромни суми на пари за да купат што поголеми виртуелни површини со надеж дека во иднина нивната вредност ќе порасне и ќе можат да заработат. Сајтот заработува од 500.000 до 1 милион долари дневно.

Единствено нешто што моментално може да се прави е да се купуваат и продаваат виртуелни квадратчиња. Луѓе до сега имаат потрошено големи суми на пари, топ играчите околу 100.000 долари: Leaderboards.
Креаторите имаат амбициозни планови проектот во иднина да прерасне во целосен виртуелен свет. Интересно е што дел од тимот е ко-основачот на Oculus а има и македонец, извесен Стојче Славковски :)

Иако вака делува глупаво бидејќи моментално не постои никаков производ освен виртуелни пиксели кои ги купувате со реални пари, некако е интересно да поседувате парче земја каде што ќе посакате во светот, макар и виртуелно, а и целиот хајп околу проектов додава на забавата. Јас си купив неколку места во МК а и на некои грчки островчиња :). Земјиштата во светските метрополи за жал веќе се скапи и се движат по околу 7 долари.
Ако некој сака да купи пратете ми порака за да ви дадам реферал код и така ќе добиете 5% попуст на цената на она што ќе го купите.
И од коа ќе го купеме тоа парче земја...Како да живееме и да градеме куќи на тоа парче земја? :oops:
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
И од коа ќе го купеме тоа парче земја...Како да живееме на тоа парче земја? :oops:
Провери го твитот што го пуштив погоре, објаснето е за втората фаза односно тогаш ќе почнат да се собираат ресурси. А понатака ќе биде ММО игра на PC, ќе можеш да градиш што сакаш, да тргуваш итн..

Некој грк фукнал 100 и кусур долари за да ги купи плоштадот со Аце и Собранието ццц :pos:



 
M

Macedon1um

Гостин
Isto taka mozete da igrate CSGO, da kupuvate skinovi koi se 5 dolara, i da cekate eden den da stanat 1000 dolara i da gi prodadete.

Isto taka mozete da igrate Genshin Impact i ostanati gacha igri so milijarda mikrotransakcii.
Добро кај CSGO тоа барем има некаква логика, си утепал доста време за играње и отварање кутии како награда да добиеш квалитетни скинови кои некој ги плаќа

А за ова не знам човек дали да се смее или плаче, ете како грков погоре што изнакупил :pos:
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Добро кај CSGO тоа барем има некаква логика, си утепал доста време за играње и отварање кутии како награда да добиеш квалитетни скинови кои некој ги плаќа

А за ова не знам човек дали да се смее или плаче, ете како грков погоре што изнакупил :pos:
Не мора да играш CS воопшто, луѓе купуваат скинови евтино и ги препродаваат скапо кога цената ќе рипне. И ова е слично само што е ново па има поголем ризик да не си ја вратиш инвестицијата, фактички на слепо купуваш не се знае ни кога ќе биде готова играта ни каква ќе биде.

Гркот сигурно од инат купил ама тоа е Class 1 земјиште и моментално ако го продаде ќе оствари профит зашто цената е покачена, ама се знае дека ќе чува, не го дава Аце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom