Ги гледав трите keynotes на Nintendo, Sony и Xbox.
Дефинитивно Jack Tretton од Sony беше над сите други во стил на зборење, а исто така многу ми се допадна и layout-от кои Сони го имаа поставено, комбинација од LCD екрани и проектор - топ беше.
Nintendo дефинитивно најлоши, од големите телевизори кои беа позади нив па преку Јапанците кои никако да извежбаат англиски, просто неверојатно колку тешко им иде. Reggie Fils-Aime е многу дрвен човек, треба да го истренира некој да збори со страст малце.
Xbox беа онака океј, само колку не им требаше Usher на сцена...
Е сега, за игриве...ме импресионираше Splinter Cell како филмско искуство, конечно тоа instant kill-от да се користи ала Џејмс Бонд, одлична презентација на играта беше ова.
Најголемо разочарување беше Black Ops 2 за мене, поглуп гејминг дел не можеа да покажат...авиони и дронови, ебате играта што копира од BF3.
Кај Нинтендо проблем беше што премалце ја форсираа графиката на Wii U, иако Pikmin покажаа навистина импресивни графички делови - никој на презентацијата не го потенцираше тоа. Новите супер-марио наслови и некои други мини-игри покажува дека Wii U-то е пред се за big budget наслови како AC3 или Black Ops 2 да дојдат и кај Нинтендо...
Кинект уште еднаш отече со тоа глупите игри, а Move не се покажа ништо подобро. Концептот на Wonderbook е интересен кај PS3, ама проблемот е што децата ептен може да се занесат и да влезат во филм и во реалниот живот.
Halo 4 покажа уште еднаш, бар за мене, дека е генерична пукачка франшиза и ништо повеќе.
Beyond како игра, не ја ни видовме, односно сфативме дека е копија на Heavy Rain...океј, ваљда за луѓето кои сакаат такви игри ќе биде полн погодок.
Се на се, освен Forza Horizon (ме импресионираше бидејќи е истиот физикален енџин од Forza 4 и има cockpit view) и Splinter Cell (ради филмското во неа), другиве игри не ми беа ништо посебно...вклучувајќи ја и, не ми се верува, God of War.