E што е де турбофолкот?

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Гледав еднаш пинк-плус, на вртење ми беше, и ја фатив, и го гледам тој Дејан Миличевиќ, па си реков ај да видам што ќе кажит. И, зборуваа нешто за тоа како ги правеле песните. Епа вака, тој рече: "Секој богаташ кој сака да стане пејач, ни дава по 500-1000 евра, и го носат во студио "гаража" и му правиме албум" - си велам јас, посебно ако е женско, ќе си се слече малце на сцената кога пее плејбек, ќе си стави силикони, и ете славна станала. Тоа ти е турбофолкот. :)
 

Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Што е турбофолкот?
- Турбофолкот е ништо.

(неквалитетна музика, шаблонска а една песна си слушал сите како да си ги слушал, неквалитетен текст, звучна изведба, целосен звук...)

Тоа е нешто како Шпанска серија (сапуница) преточена во нешто што е непознато за тие што го прават а слушнале во Казакстан дека некои го сметааат за музика. (и пак не се добри како Казакстанската музика [a не дека пак Казакстанската е којзнае што]).
 

ЅОНЕ

сакам скопско
Член од
25 јануари 2007
Мислења
588
Поени од реакции
31
Јас турбофолкот го сметам за поголем криминал од убиство, силување и педофилија-затоа што остава непоправливи психосоматски пореметувања.
Чекај сакаш да кажеш дека би ти било подраго да ти го начу*а некој отколку да ти пушти турбо фолк?:nesvest:
 

anathestar

...Зима*Снег...
Член од
25 јули 2007
Мислења
269
Поени од реакции
3
Mrazam turbofolk!! Skoro niedna pesna nema text, site se "te sakam , me sakas" i takvi sranja. Ima eden ist ritam na site pesni i mene mi zvuci epten neubavo i me iritira. Jas toa ne go smetam za muzika zatoa sto muzikata e umetnost a nema nisto umetnicko vo pokazuvanje na silikonskite cicki i rikanje na cel glas!! Neka ne bidat navredeni obozavatelite na "muzikava" ama... sranje e!
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Незнам, али...

АВС сигурно би извадил теорија дека турбофолкот е изум на здружението на Евреите сопственици на кафани за да им цути бизнисот, поврзувајќи ги Груевски и Ротшилдови.

SWEDEN би рекол дека турбофолкот е измислен за ние мажите полесно да дојдеме до секс. До теткици над 35, но и под.

NEBO666 би рекол дека турбофолкот е како уверение за психички стабилна личност.

SCORPIO_20 би имал став дека турбофолкот е измислен за полесно изразување на чувствата и емоциите кон припадничките на понежниот пол од страна на вистинските љубовници, ликвид лаверс.

Necrophilia ќе каже дека благодарение на турбофолкот и кафаните го преживеа раскинувањето со неговата поранешна љубов.

Маcedonian и mRno за полесно да дудлаат запејувајќи турбофолк рефрени и гушкајќи ја персоната која е цел на дудлањето. За што полесно да се оствари првиот физички контакт, гуш.

concrete ќе каже дека и покрај тоа што е шунд, турбофолкот е еден од најголемите фактори за растот на балканската економија, тангирајќи ги производството и давателите на услуги.

Црвенокоса ќе каже дека ниедна турбофолкерка нема поголеми гради од нејзините.

Macedalien ќе ви објасни дека и турбофолкерите како и геј популацијата се нормални луѓе и дека турбофолкот не е болест.

Трн_во_Око иако е вистински патриот и ем-си, и тој понекогаш слуша турбофолк. Турбофолкот можеби нема историја, но доколку слушаш турбофолк не значи дека си помалку патриот.

dungeonmaster, вие џандарите слушате вакво нешто или сите сте клабери?
Ги анализираше повеќето, зашто не кажеш што ќе речеш ти за турбофолкот?
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Ако збораме реално, некој не може да поднесе куп гитаристи со растресени долги коси :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако збораме реално, некој не може да поднесе куп гитаристи со растресени долги коси :)
Ако збориме реално нив ги поднесуваат околу 2 милијарди луѓе на планетава(ама ако збориме реално). Ако збориме реално тоа е мноооооооогуууууу голем процент од светот, ако збориме реално колку луѓе слушаат турбофолк, ако збориме реално каде освен овде есе слуша турбофолкот?
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Прво ја имавме оваа констатација за турбофолкот:

Вредности нула. Филозофија нула. Принципи нула. Почит кон другите музички праваци нула. Почит кон другите луѓе што слушаат друга музика нула.
За потоа:

Сите турбофолк пеачи и пеачки се за Аушвиц! Кај д-р Менгеле!
И:

а иначе ќе пишев и сите шо слушет таква музика дека се за аучвиц, ама не пишав, дан се наљутит некој. зато за нив по едно 100 бесилки на плоштадиве по мк. а за тврдокорните-АУШВИЦ.
(погорните два цитати се од „металец“)

Просто се зачудив од филозофијата, вредностите и принципите. Ептен длабоко. А за почитта кон другите правци на не правам муабет. Па почит ли е што ли е, максимално ниво.

Мојата поента: филозофијата на еден правец, неговите вредности и принципи, како и почитта кон се` што е различно потекнува од луѓето и нивниот начин на сфаќање на музиката.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Во еден пост и тоа го нагласив. :wink: До одреден процент е крива музиката за нешто. Се се сведува на луѓето.

Земи ти некој што рекол дека турбо фолкерите се за аушвиц. Тој истиот да слуша турбо фолк ке рече дека металците се за аушвиц.
Народот е шитот. Од него произлегува шит музиката.

А шо ке кажете за се поголемиот број на разголени девојчиња?, не девојки, туку девојчиња, и тоа веќе преминува во невкусно разголени. Нели во таа слика нешто ви е погрешно?
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Чекај ти, шо се буниш... Табана во Охрид чиво е? А каква музика пуштет... Е па сус! :baeh:
Табана во Охрид на лето е откупена. Преку година се пуштат џез и блуз. Не мешај баби и жаби. И татко ми да пушташе турбо фолк то немат никаква врска со мене.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
А шо ке кажете за се поголемиот број на разголени девојчиња?, не девојки, туку девојчиња, и тоа веќе преминува во невкусно разголени. Нели во таа слика нешто ви е погрешно?
Мора да се најде начин да се протне детската порнографија на голема врата.Да се скрши омразата.Гледаш?Ете уште една поента на турбофолкот.Фројд би бил горд.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
А шо ке кажете за се поголемиот број на разголени девојчиња?, не девојки, туку девојчиња, и тоа веќе преминува во невкусно разголени. Нели во таа слика нешто ви е погрешно?
Да не е турбофолкот мислиш би немало невкусно разголени девојчиња?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Да не е турбофолкот мислиш би немало невкусно разголени девојчиња?
Убеден сум дека ке има многу помалце. Ке има помалце НЕвкусно разголени девојчиња.

Тоа е мое мислење, по мои анализи, по мои размислувања. По мене.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Значи за вас турбофолкот не е музика туку порок
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Значи за вас турбофолкот не е музика туку порок
Тоа уште не сум го издефинирал за МЕНЕ што е. Бидејќи не сум толку суров кон ништо, и сум прилично толерантен (не ми текнува друг збор) со моите мислењата за другите.

А секако дека би бил позадоволен кога луѓето бар колку толку повеќе би одбирале како џез, блуз, или метал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom