Не знам дали сте го гледале Paranormal activity филмот, сеа да не забегувам од темава, ама стварно е нездрав. Баш во тој период секоја ноќ слушав повремено крцкање на се што имам во соба: креветот, патосот, телевизорот, мониторот и се штрецкав како ненормален. Откако го глеав, неколку пати се случи на некоја врата од дома да слушнам 3 тапи удари и да се усерам. Зборот ми беше, понекогаш е самата потсвест, односно го слушаме тоа од што се плашиме, ама потенцирам ПОНЕКОГАШ.