Dutton Ranch

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
18.278
Поени од реакции
45.952
Локација
Скопје
По Yellowstone, 1883, 1923 и Marshals, Dutton Ranch е петта серија во Yellowstone универзумот. Креирана од Чад Фихан, истовремено е и спин-оф и sequel на Yellowstone. Ги следи животите на Бет (Кели Рајли) и Кол Хаусер (Рип) по завршувањето на Yellowstone. Премиерата ја имаше на Paramount+ на 15 мај 2026 и ќе има вкупно 9 епизоди. Официјално, до денес не е обновена за нова сезона.

1781772541065.png

Како што реков, серијата ги следи Рип Вилер и Бет Датон кои коцкаат се што имаат за да пробаат да живеат нов живот во мало провинциско гратче во јужен Тексас, но ветувањата да изградат нов живот далеку од духовите на минатото од Монтана и Yellowstone набрзо се судираат со бруталната нова реалност и ривалскиот ранч кој нема да застане во обидите да ја заштити својата семејна империја.

Освен Кели Рајли и Кол Хаусер, својата улога ја репризира и Фин Литл како нивниот посинок Картер. Во другите улоги ги гледаме Хуан Пабло Раба како Хоакин, посвоен син на сопственичката на ривалскиот ранч, Џеј Кортни како Роб-Вил, вистински син на истата госпоѓа, Џеј Ар Виљареал како Азул - пријател и помошник каубој на Рип, Марк Менчака како Закарија Мос, уште еден помошник на Рип, поранешен затвореник, Натали Алин Линд :drk: како Оријана Лин Џексон, ќерка на Роб-Вил и внука на сопственичката на ранчот, и неверојатните Ед Харис како Еверет Меккини - локален ветеринар во Рио Палома и Анет Бенинг како Бјула Џексон, сопственичка на ривалскиот ранч 10 Petal.

1781772669195.png

Серијата е во тек, излезени се 6 епизоди и до сега од се што е направено во Yellowstone универзумот, па и двете stand-alone серии кои не се поврзани директно со Yellowstone, но ја делат истата естетика - Landman и Madison, оваа е најблиска до оригиналната Yellowstone.

Инаку, пред самата премиера на серијата, Чад Фихан, креаторот на истата, го напушта проектот заради несогласувања со Тејлор Шеридан, дел од актерите и сопственикот на продукцијата 101 Studios, Дејвид Глејсер. Но сепак, тој ќе остане да биде credited како креатор на серијата и во иднина.

1781772574150.png

Серијата е снимена во Ферис, Тексас. Има доста позитивни критики и рејтинзи на сите релевантни сајтови. До сега се излезени 6 епизоди и можам да потврдам дека е навистина добра! За сите кои ме послушаа кога им зборував за Yellowstone но и за сите нови кои сакаат да гледаат нешто што навистина вреди, пуштете ја, ви ветувам дека нема да зажалите!
 
Ја навлеков жена ми на цел универзум од Јелоустоне пред 2 години мислам беше, па сеа чекаме да искочат сите епизоди од оваа за да ги спукаме у еден викенд. :D
 
Предобра е, издржав да не ги гледам првите 4 епизоди, чекав да излезе цела сезона, ама фејлнав и сега ја чекам новата епизода.
Не ми се допаѓа промената од Монтана во Тексас искрено. Имаше посебен шмек коа ќе седнеше Кевин пред куќата и поглед кон планините, или кога ќе дадеа некоја сцена со јавање у таа природа. И Тексас е ок, ама не е шмекот од Монтана.

А, ликот на Бет па и Рип се нешто маестрално, на прсти ги бројам ваквите ликови каде што улогата им легнала толку добро.
 
Се согласувам за Монтана, многу поинаков шмек имаше се во сите други 4 серии + и Madison. Реков, ако одам во Америка некогаш, желба ми е да ги посетам тие планини, реки, пасишта...

А инаку, вака, од некоја дистанца гледано, мислам дека за мене број 1 беше 1923. Не знам зошто, ама таа серија толку ми влезе под кожа, што мислам дека секој кадар, секоја сцена, воопшто секоја реплика и потег на актерите беше точно одмерен и таков каков што треба да биде. Не можам ни трошка нешто негативно да најдам за неа. И кога зборуваме за совршен лик, освен Бет и Рип, тука е Спенсер, дефинитивно.
 
Back
На врв Bottom