Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не постои душа во права смисла на зборот...т.е. нема нешто кое што многумина го нарекуваат душа кое после смртта го напушта телото и продолжува да живее. Според мене душата (ако може така да се нарече) е ништо повеќе од самиот карактер на човекот и неговиот идентитет, но не постои како нешто одделено од нашата телесна градба, туку и тоа е дел од нас и умира тогаш кога ќе престане да работи механизмот на нашето тело, т.е. после смртта. Во кратки црти, постои само тело, а душата живее некаде сместена и дефинирана како таква само во митологијата.
Како ќе го објасниш тогаш феноменот дека телото е полесно за 21 грам одма по настапување на смртта?
Од философски аспект, поточно Платоновски аспект, душата е она вистинското, вечното. Телото е само нејзин привремен затвор. за повеќе читајте го Платон![]()
Како прво...Студирам филозофија + Платон го знам многу подобро од што можеш да замислиш и воопшто не ми се допаѓа неговата филозофија. Можеби е добар само кога зборува за политиката и етиката ама филозофијата со неговите бесмислени сенки, и светови на идеи, се чисти глупости.
А што се однесува до феноменот за тоа дека телото е полесно за 21 грам по настапувањето на смртта, ќе го објаснам многу лесно. По пат на чиста логика...Ако телото и душата се различни по содржина, и доколку телото е материјално...душата може да биде сето друго останато, само не материјална. И кога телото умира, а душата го напушта истото...постојат 100000000 други фактори околу тоа зашто телото е полесно за 21 грам, во кои фактори не може никогаш да спаѓа душата, од проста причина што во тој случај душата би била ништо друго освен материјална, а тоа е најпроста противречност за разглабање. Доколку пости душа (а не постои!), тогаш таа не би можела да биде материјална.
Благодарам!
Не постои душа во права смисла на зборот...т.е. нема нешто кое што многумина го нарекуваат душа кое после смртта го напушта телото и продолжува да живее. Според мене душата (ако може така да се нарече) е ништо повеќе од самиот карактер на човекот и неговиот идентитет, но не постои како нешто одделено од нашата телесна градба, туку и тоа е дел од нас и умира тогаш кога ќе престане да работи механизмот на нашето тело, т.е. после смртта. Во кратки црти, постои само тело, а душата живее некаде сместена и дефинирана како таква само во митологијата.
И ти, познаваш и реагираш на физичка болка и физички дразби само, чувствата не постојат, само хормони и физички потреби, така? Бидејќи телото е материјално, што значи има потреба само од материјални ствари, па според тебе човекот го ставаш на исто ниво со обичен производ кој има рок на употреба и после тоа иде во канта. Или и за тоа имаш логично објаснување? :smir:
Не верувам во задгробни животи...Не верувам во никакви рајеви ни пеколи после смртта на човекот. И понатаму продолжувам да го задржувам ставот дека душа не постои во права смисла на зборот...Верувам во една сопствена теорија која ми кажува дека - после смртта ќе биде исто како пред да си се родил, и не гледам причина да верувам дека мојата смрт е порта која ја отвара вечноста на животот. Човекот по ништо не се разликува ни од животните, ни па од било што друго (каменот на пример). Сите ние заедно пулсираме во ритамот на вселената која не разликува човек од животно, и човек од камен.
Искрено првпат среќавам некој што студира философија, го познава Платон и зборува за неговото учење дека е бесмислица, обично тоа го слушам од лаици. Разбирам да не се согласуваш со неговите учења ама бесмислица??? Чудно!
Ако више ти лежи логиката (се надевам Панзова добро те научила ако студираш во Скопје), тогаш сигурно знаеш што е доказ. За да тврдиш така категорично дека не постои душа треба да имаш еден барем еден. Те молам да го слушнам!