ДУША

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Што е душата?
Која е вашата дефиниција за "душа"?
Дали тоа е ОНА што продолжува понатака и бара нејзин нов сопственик или...?
 
Член од
11 август 2007
Мислења
49
Поени од реакции
1
Душа , мислам дека е животна сила која многу проблеми ти прави у нормален живот...
 
Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Душа,нешто замислено,нашата индивидуалност и осигурување дека не сме плитки и "бездушен збир на клетки",дека сме на повисоко ниво од другите огранизми,и дека секад нашата енергија,или разум ќе биде присутна на овој свет.....НОООТ
 
Член од
25 март 2007
Мислења
204
Поени од реакции
14
Ne znam dali so ova ke zakompliciram, ili ke pridonesam, ali nemoj da ja vrtite temata nakaj "duh".
Bas go prasav eden drugar - pop sto e toa dusha i mi vika: "kamenot ne e ziv, nema dusha. Mackata mrda, ako ja shutnesh, ke ja boli, ke mrdne, taa ima dusha, no nema duh. Covekot ima i dusha, i duh.". I ushte u kontekst na temava: "Psihijatrite nekad rabotat vo dushevni bolnici, a popvite vo duhovni bolnici. Crkvata e duhovna bolnica". Bash me zanima nekoj ako znae "definicija"
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Душа.... Според мене секој го има тоа нешто и кај секој е различно. Тоа “нешто’’ е изградено од неговите особини, карактер.
 
+_Inception_+

Quantum
Член од
30 јануари 2005
Мислења
230
Поени од реакции
2
Не постои душа во права смисла на зборот...т.е. нема нешто кое што многумина го нарекуваат душа кое после смртта го напушта телото и продолжува да живее. Според мене душата (ако може така да се нарече) е ништо повеќе од самиот карактер на човекот и неговиот идентитет, но не постои како нешто одделено од нашата телесна градба, туку и тоа е дел од нас и умира тогаш кога ќе престане да работи механизмот на нашето тело, т.е. после смртта. Во кратки црти, постои само тело, а душата живее некаде сместена и дефинирана како таква само во митологијата.
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132

Како ќе го објасниш тогаш феноменот дека телото е полесно за 21 грам одма по настапување на смртта?
Од философски аспект, поточно Платоновски аспект, душата е она вистинското, вечното. Телото е само нејзин привремен затвор. за повеќе читајте го Платон :)
 
Како прво...Студирам филозофија + Платон го знам многу подобро од што можеш да замислиш и воопшто не ми се допаѓа неговата филозофија. Можеби е добар само кога зборува за политиката и етиката ама филозофијата со неговите бесмислени сенки, и светови на идеи, се чисти глупости.
А што се однесува до феноменот за тоа дека телото е полесно за 21 грам по настапувањето на смртта, ќе го објаснам многу лесно. По пат на чиста логика...Ако телото и душата се различни по содржина, и доколку телото е материјално...душата може да биде сето друго останато, само не материјална. И кога телото умира, а душата го напушта истото...постојат 100000000 други фактори околу тоа зашто телото е полесно за 21 грам, во кои фактори не може никогаш да спаѓа душата, од проста причина што во тој случај душата би била ништо друго освен материјална, а тоа е најпроста противречност за разглабање. Доколку пости душа (а не постои!), тогаш таа не би можела да биде материјална.
Благодарам!
 
Искрено првпат среќавам некој што студира философија, го познава Платон и зборува за неговото учење дека е бесмислица, обично тоа го слушам од лаици. Разбирам да не се согласуваш со неговите учења ама бесмислица??? Чудно!
Ако више ти лежи логиката (се надевам Панзова добро те научила ако студираш во Скопје), тогаш сигурно знаеш што е доказ. За да тврдиш така категорично дека не постои душа треба да имаш еден барем еден. Те молам да го слушнам!
 
glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Не постои душа во права смисла на зборот...т.е. нема нешто кое што многумина го нарекуваат душа кое после смртта го напушта телото и продолжува да живее. Според мене душата (ако може така да се нарече) е ништо повеќе од самиот карактер на човекот и неговиот идентитет, но не постои како нешто одделено од нашата телесна градба, туку и тоа е дел од нас и умира тогаш кога ќе престане да работи механизмот на нашето тело, т.е. после смртта. Во кратки црти, постои само тело, а душата живее некаде сместена и дефинирана како таква само во митологијата.
И ти, познаваш и реагираш на физичка болка и физички дразби само, чувствата не постојат, само хормони и физички потреби, така? Бидејќи телото е материјално, што значи има потреба само од материјални ствари, па според тебе човекот го ставаш на исто ниво со обичен производ кој има рок на употреба и после тоа иде во канта. Или и за тоа имаш логично објаснување? :smir:
 
+_Inception_+

Quantum
Член од
30 јануари 2005
Мислења
230
Поени од реакции
2
И ти, познаваш и реагираш на физичка болка и физички дразби само, чувствата не постојат, само хормони и физички потреби, така? Бидејќи телото е материјално, што значи има потреба само од материјални ствари, па според тебе човекот го ставаш на исто ниво со обичен производ кој има рок на употреба и после тоа иде во канта. Или и за тоа имаш логично објаснување? :smir:
Токму така, човекот го ставам како производ кој има рок на траење, и кога ќе му помине рокот, тој буквално е фрлен во канта...Не верувам во задгробни животи...Не верувам во никакви рајеви ни пеколи после смртта на човекот. И понатаму продолжувам да го задржувам ставот дека душа не постои во права смисла на зборот...Верувам во една сопствена теорија која ми кажува дека - после смртта ќе биде исто како пред да си се родил, и не гледам причина да верувам дека мојата смрт е порта која ја отвара вечноста на животот. Не! Човекот е тој, кој што ја разбрал својата немоќ, и не сакал да се соочи со смртта, па почнал да си бара самиот на себе оправдувања...знаеш...од кога ќе умрам ќе одам во рајот, а таму ќе живеам вечно + морам да правам добри дела за да не отидам во пеколот. Тоа се глупости! Човекот по ништо не се разликува ни од животните, ни па од било што друго (каменот на пример). Сите ние заедно пулсираме во ритамот на вселената која не разликува човек од животно, и човек од камен. А вселената функционира според своите сопствени физички закони, кои закони едноставно не оставаат простор за повторно да се родиме од кога ќе умреме! Таквите муабети, како што напоменав пред малку, се само комплекс на човекот предизвикан од неговата немоќ во борба против смртта. Неможејќи да ја избегне, пробува да најде многу начини да мисли дека ја избегнал, ама некако тешко му оди.
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2
Не верувам во задгробни животи...Не верувам во никакви рајеви ни пеколи после смртта на човекот. И понатаму продолжувам да го задржувам ставот дека душа не постои во права смисла на зборот...Верувам во една сопствена теорија која ми кажува дека - после смртта ќе биде исто како пред да си се родил, и не гледам причина да верувам дека мојата смрт е порта која ја отвара вечноста на животот. Човекот по ништо не се разликува ни од животните, ни па од било што друго (каменот на пример). Сите ние заедно пулсираме во ритамот на вселената која не разликува човек од животно, и човек од камен.
Не мораш да веруваш во задгробен живот за да веруваш дека постои душа!
Сопствената теорија ти е за никаде, не е теорија, што било да се родиш??? (ќе одговориш ништо, ама верувам знаеш дека е тоа многу несолиден одговор, бидејќи терминологијата не ти е на место, ако било не може да е ништо)
Човекот по ништо не се разликува од животните???? Видов две пилиња во ферари вчера, се возеа со едно дрво. :pos:
Каде го слушна ритамот на вселената???
Види не сакам да те навредувам или слично, ама заради таквите ко тебе луѓето и имаат дадено пежоративно значење на философијата, ако кажеш дека имаш теорија за нешто, ако решиш да побиваш некои авторитети имај барем некакви аргументи да го направиш тоа, не млати празна слама!!!
 
+_Inception_+

Quantum
Член од
30 јануари 2005
Мислења
230
Поени од реакции
2
Искрено првпат среќавам некој што студира философија, го познава Платон и зборува за неговото учење дека е бесмислица, обично тоа го слушам од лаици. Разбирам да не се согласуваш со неговите учења ама бесмислица??? Чудно!
Ако више ти лежи логиката (се надевам Панзова добро те научила ако студираш во Скопје), тогаш сигурно знаеш што е доказ. За да тврдиш така категорично дека не постои душа треба да имаш еден барем еден. Те молам да го слушнам!
Повторно тврдам дека филозофијата на Платон е бесмислица, само овој пат за подобро да ти потврдам ќе зборувам од името на Аристотел (Платоновиот ученик), кој филозофијата на Платон ја смета за голема глупост. Аристотел вели: Неможејќи Платон да го разбере овој мистичен свет, барал начин на кој би можел полесно да го разбере. И каков излез нашол? МНОГУ ГЛУПАВ! Го удвоил светот. Го воведол светот на идеите...знаеш, јас сум само сенка од идејата за човек, затоа што јас ќе умрам, но идејата за човек и понатаму ќе продолжи...тешка глупост! Но каде постои тој свет на идеите, кој нормално не е материјален? Каде е? Или поточно кажано (исто пак од Аристотелова гледна точка), што ми кажува мене тоа за светот? Колку ми објаснува фактот дека јас сум само сенка од светот на идеите за светот? Скоро ништо! И знам дека не е оваа тема за Платон, но ќе ти ја кажам (нажалост на овој топик), најголемата глупост на Платон. Платон тврди дека нашата душа постоела во светот на идеите пред ние да се родиме. А светот на идеите е најсовршеното нешто. Таму нема ништо противречно и лошо. Но како дошла душата во мене? Знаеш како? Во светот на идеите (кој е толку совршен) душата наводно нешто згрешила и паднала во телото по казна, каде што останува таму да живее како во затвор се додека повторно не го напушти телото (кое е смртно, а душата е бесмртна), и повторно се врати во светот на идеите. Ако светот на идеите е совршен, како би можела една душа да згреши, ЗАШТО ЗГРЕШИЛА? Глупава филозофија!

А доказот на логиката за оние 21 грам ти го објаснив многу добро само што ти најверојатно не го разбра...Но еве ќе се обидам пак...
21 грам е тежина, материја, нешто што може да се опипа (21 грам е од прилика едно банџи чоколатце). Пази сеа, ако душата е материјална, т.е. ако телото губи 21 грам од кога ќе настапи смртта, тоа значи дека тие 21 грам што ги изгубила се ништо друго освен материја. Значи душата е материјална. А ако е материјална, и тежи токму 21 грам, тогаш не гледам причина зашто таа не би можела да се допре (тежи колку едно банџи чоколатце ти текнуе...)? Од оваа најпроста логика сфаќаме дека некој доктор може душата да ти ја допре, да ти ја извади, да ја премести од твоето тело во друго...Изгледа мнооооогу смешно ова, но не јас, него токму ти го тврдиш тоа! Just thing about it...и можеби ќе се обидеш да погледнеш низ призмата на оваа проста логика.
Уште еднаш...Благодарам!
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2
Infected прочитај добро овој пат, ти барам доказ за непостоење на душата!
Каде го прочита ова за Аристотел? Точно е дека има нелогичности во Платоновото учење за идеите, точно е дека Аристотел не се согласувал за одредени работи со Платон, но никој разумен и интелигентен човек не би го нарекол делото на својот повеќегодишен учител глупост. И јас студирам философија, ги знам работиве многу добро, ако ти успевало на други места да се вадиш со софизми, тука нема да ти помине. Твоја работа е што си одбрал да бидеш механицистички материјалист, ама ќе ти напишам уште еднаш, ако решиш нечива призната философија да нарекуваш глупост и бесмислица, подобро имај добар разлог да го направиш тоа иначе ќе те исмејуваат!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom