Другарство

Член од
19 октомври 2016
Мислења
24
Поени од реакции
17
Локација
Скопје
Ќе останам анонимен подобро би било бидејќи може ќе се пронајде оној за кого е напишано ова. Како и да е сите на форумов сме анонимни.
Не можам да кажам дека сум поминал кој знае колку во животот но сепак имам некое искуство, а се работи за другарство можеби ви е чудно малку но луѓево се чудни суштества.
Имам голем круг на пријатели али нормално е од тие пријатели да одвоиш еден добар на кого можеш да споделиш некоја тајна, да разговараш за некој проблем, да си помогнете меѓу себе итн. Имаме многу спомени, многу луди моменти заедно и друго да не заглавувам на тоа толку. Ме боли тоа што он се промени многу незнам поради која причина, се трудам многу али не ми е возвратено од негова страна. Се прашувам каде грешам милион пати сум размислувал каде е проблемот? Имам разговарано на таа тема со него и ми вика: " Не бе брат се е океј уживај ". Јас се тешам со тоа што ми го кажува но сепак се чуствувам како да ме игнорира и само дружбата наша е колку редот да е така. Не знам многу ми е мака го сакам како брат, се што сум правел било како што треба, а ако сум згрешил нормално може да ми каже не е проблем за да решиме. Ден денеска се прашувам зошто од многу добри другари односите ни се смениа, а упорно ме убедува дека не е така. Искрено во голема мака сум и затоа го напишав на форумов да споделиме мислења и секој совет е добредојден. Тие на кои не им се допаѓа темава воопшто нека не коментираат. Ви благодарам од се срце.
 
Ту бре чоек ќе си рече во брак сте биле 20 години и имате деца и сеа што ли ќе правите, како ќе се тера понатаму, каде згреши... :D

Шала на страна, ако гледаш дека се променил и нема интерес на дружење (барем не толку како порано) едноставно и ти не се замарај толку за него и дружи се со друг(и). Сфаќам да си бил близок со него и дека сакаш уште да сте блиски, ама кога веќе тоа не е случајот и интересот кај него е опаднат, едноставно не можеш со сила да го натераш да сака да се дружите и нема што да се обвинуваш себе си и да се прашуваш кај си згрешил.
 
Колку години имаш?
Колку време се познаваш со другарот?
Кои ви биле заедничките теми поради што ви опстоело пријателството?
Што се променило кај него?
Што останало/се променило кај тебе?
 
Во ред е што си побарал помош, нема ништо чудно тука. Иако немаш одговорено на прашањата од @Saladin и сигурно има многу работи што не ги знаеме за вас двајцата, сепак јас од вакви неколку слични искуства со мои блиски другари книга можам да напишам на оваа тема што се вика, па еве ќе ти посочам неколку можни причини кои треба да ги земеш во обзир...

1-Можеби едноставно од толку неразделно дружење на моменти другар ти се осетил загушено од тебе и од Вашето "братско" пријателство, дај му некое време да се издиши што би се рекло, имај на ум дека колку и да ти е близок другар, сепак неговиот свет не се врти само околу тебе, мој совет е некое време да не го бараш, да видиш по колку време тој ќе те побара тебе за излегување или за било што... ако тоа време се претвори во недели или уште полошо во месеци значи сериoзно решил да се тргне од тебе.

2-Можеби има некој сериозен семеен проблем за кој не може да се отвори никому, па често таквите проблеми се рефлектираат директно на личноста и на неговото однесување кон другите луѓе т.е. кон тебе во случајов, не треба да судиш пред време, обиди се да го убедиш да разговара со тебе за да видите во што е проблемот иако сепак не треба да бидеш нападен.

3-Можеби во меѓувреме запознал и се здружил со друго друштво на кое што можеби ти не му одговараш (ова секако е чиста претпоставка) или пак фатил девојка (иако ова не држи баш вода).

4-Можеби пак и се осетил непријатно во некои ситуации при Вашето ПРЕблиско дружење (постојани пораки, што знам повици, излегувања, можеби и преспивања еден кај друг ова чисто онака само го претпоставувам) или помислил дека го гледаш како повеќе од "другар" (ако знаеш на што мислам :) да не навлегувам сега во тоа иако звучи како клише, но ова се почесто се случува и треба да се разгледаат сите опции) или пак тој почнал тебе да те гледа така па во обид да ги потисне тие чувства решил да стои малку подалеку од тебе.

-Можеби ништо од ова не е точно, затоа секаде велам МОЖЕБИ, но вреди да се провери ако толку мнооогу ти значи Вашето пријателство (кое што за да опстои или да го врати стариот сјај и тој треба малку да се потруди, а не само ти).

-Ако пак дојде до крај на другарството двајцата би изгубиле според мене, ама не е крај на свет така да почни да си бараш друг најдобар другар кој ќе го сакаш како брат :)

-Се надевам дека ти помогнав, пиши како се развива ситуацијата и среќно...
 
Последно уредено:
Прво се извинувам што немам вратено имав некои обврски.
Да не пишувам секому поединечно ќе напишам вака се надевам ќе прочитате.
@Saladin да одговорам на твоите прашања:
- Имам 21 година
- Се знаеме некаде околу 5-6 години
- Заеднички теми се знае стандардно заебанции за женски,излегувања дел од секојдневиото што би можело да се случува.
- Кај него се има променето тоа што порано сме се слушале на телефон, сме оделе еден кај друг, а сето тоа сега не се ни случува само ако излеземе се слушаме да се договориме.
- Кај мене се е исто стандарно ништо не сум се променил тој сум како што сум.
@Alex1993
Прочитав што ми имаш напиша гледам дека ме сфаќаш тоа ми е мило. Нема некое посебно друштво што е ново па тоа да е така. И тоа каде што имаш посочено не верувам дека би бил ГЕЈ али секако ти го даваш како пример тука никој неможе да знае али не би рекол.
Според тоа што ми имаш напишано сигурно или има сериозен домашен проблем што не сака да го сподели. Да пробам да не го барам да не контактираме да видиме дали он би ме побарал мене итн итн.
Има многу опции ние може само да погодуваме сепак ти благодарам многу за советите. Ќе ве известувам како ќе течат работите понатака.
@Bibo
Нормално дека ништо неможе на сила али зошто да не го решиме проблемот. Нормално не сме во брак хаха. Незнам дали ти си имал така некој близок сепак лошо е да изгубиш верувај затоа се трудиме да го решиме.
Ќе видиме како што ќе се случува понатака ќе ве известам.
Благодарам
 
@Штраус1995 Одговорот ти стои некаде во првата црта кај @Alex1993.
У принцип секогаш е заситеноста.
Да не скакам у заклучоци, можно е да му скурчило од тебе, пошо као што сам ти си кажа - воопшто се немаш променето од почетокот на вашата дружба. Така да се` што сте праеле до сеа му е толку добро познато и во дадениов период - монотоно. Потпрашање сеа вака да си поставиш за себе - колку често сте се глеале пред ова да се има десено, а колку после тоа? На што ви се сведуваат муабетите коа ќе искочиш, дали имаш некоја муабет тема која е нова но ќе поттикне интерес кај него? Што правиш кога не се дружиш со него? Имаш ли некаков бекап, искачаш со разни друштва покрај него? Си праел муабет со другарот одоколу за да дознаеш зошто е таков? Која е неговата реакција (спонтана, маскирана)?
 
@Saladin
Текстов е напишан според редоследот на кој ми ги имаш поставено прашањата.
Абе не би рекол дека е презаситеност што знам он најдобро чуствува. Нашата дружба си тече нормално али не како што било пред тоа. Па нормално како и секој добар другар не сме биле 24/7 ама на два дена сме се гледале. Па ништо се нема случено се си е океј. Муабет нормален машки лупаме глупости сепак не сме уште созреани доволно според мене хехе. Кога не сум со него цепам со друго друштво или со своите активности, нормално кога сум бил со други сум го викал али одбивал да доаѓа има една чудна работа сака секогаш сами да излеземе ако се видиме ми вика не викај никој само јас и ти викам океј тоа се случува последниве 2-3 месеци го имам прашано зошто така сака ми вика дека боље е и не сум бил упорен околу тоа толку. Сме правеле муабет што знам секогаш вика нема ништо уживај се е добро и толку ништо неможам да извлечам повеќе нема некоја посебна реакција најнормално е се.
 
Со оглед на чудната работа што ја кажуваш јас би рекол дека е повеќе од чудна па и сомнителна т.ш. не треба скроз да го изоставиш советот можеби број 4 можеби не е геј, но некои афинитети на БИ би можел да има што знам- вака од страна излегува дека со никого не сака да те дели додека испаѓате па инсистира да бидете сами. Што знам ај сега подпрашања и од мене хаха те напнавме малку со @Saladin , но се е во склоп на тоа да ти помогнеме: Дали имаш забележано некоја посебна блискост од негова страна или невообичаен допир (мислам пред се на малку предолго задржување при т.н. братско прегрнување) при т.н. Вашето поздравување (или гушкање како што гледам многу често помеѓу машки) кога ќе се видите и/или разделите? Дали тој тебе те повикал со него кога е со друго друштво што ти не го познаваш (ако има такво)? Можеби е глупаво прашањево- но денеска има многу такви актуелни случаи- дали ти става "срциња" на слики и постови на фејсбук и/или ти става нон-стоп лајкови или ти коментира (или пак ти се обратил кога сте насамо) во стилот "те сакам брату", "ти си ми се..." или сл.? Колку време трае едно ваше испаѓање имајќи предвид дека немате девојки ако добро сфатив и дека постојано ги вртите истите муабети? Каков е неговиот став кон фаќање девојка? Дали одите по дискотеки на пример или само така шетате и по кафичи?

Вака излегува дека тој има повеќе потреба за тебе отколку ти од него, па уште почудно е тој да се сменил.

Мое мислење е да го тестираш малку зошто чудно изгледа. Пример прашај го што би мислел околу таа тема (но во некој ваш меѓусебен однос) или што знам смисли ти нешто во тој контекст...
 
Последно уредено:
@Alex1993 @Saladin
Баш напротив не ме напнувате уживајте што повеќе размислувања подобро да го решам случајов.
Па не сум приметил некој допир немало такво нешто, бевме на викенд во викендица 10-тина души и бевме поднапиени сите он беше делумно пијан и пеевме прегрнати во круг и он беше до мене и ми рече многу убаво мирисаш онака го погледнав али јас тоа не го земав здраво за готово па за да размислувам на тоа. Па за со негово друштво ме има викнато да и имаме излегувано али онака било најнормално. Не е баш глупаво можеби тука некаде си во право затоа што не користам многу фб на вибер контактираме и не само со него со повеќето. Кога се допишуваме и кога ќе завршиме разговор знае да стави некогаш срце и ми има речено те сакам многу верен да си ми до гроб тоа исто ме зачуди кога ми го кажа ама тоа беше поодмна ( аи сега ме подразмисли со ова али никогаш не сум помислил на таква работа). Кога излегуваме па што знам отприлика околу 4-5 саати, да немаме девојки добро си сфатил. Па што знам ставот некако чуден е нема вкус за жени искрено според мене не сакам никоја да навредам секоја си е убава на свој начин ама некако се грди ми одбира. Одиме и по кафичи кога сме повеќе али кога треба да се видиме сака да сме сами и да шетаме не сака во гужва сака да разговараме општо онака. Како да го истестирам некако тешко би го изиграл тоа што знам ептен ми е на ризик.
 
Истото и мене ми се имаше случено и имав и јас за тоа отворено тема, едноставно наеднаш се одалечил тој или таа толку моменти толку смешки пропаднаја во вода. И незнајш зошто, пробуваш да средиш едноставно не е време да се понижуваш, нема пријателство нема другарство се е корист. Дури има корист те сака после не му требаш. Пробај само да не мислиш на то, че се нервираш само а корист нема да има
 
Значи @Штраус1995 гледам дека за некои работи сум доста во право, btw да знае другар ти дека толку многу му значиш, па дури и на форуми вака да разврзуваш муабети за него, сигурно ќе се покае и што воопшто помислил да се оддалечи од тебе, а не па и вистински да се оддалечи.

4-5 саати така да шетате за истите теми мене ми е премногу па и монотоно, верувам дека и некој што има девојка тоа му е премногу време да потроши само во такво шетање. И зимно време ако толку време шетате хаха не знам смешно ми е по малку. Можеби ти дал некој сигнал кој ти не си го регистрирал се уште што знам ама ај да не навалувам да не го правам другар ти би за џабе, меѓутоа како се повеќе работи кажуваш се почудно ми е и алудирам на тоа дека има некој наддругарски чувства кон тебе, иако верувам не би ти сметало да е тоа така хаха мислам сигурно нема да прекинеш да се дружиш со него поради тоа (јас барем не би), туку ќе најдеш начин да дојдете до "компромис"...

Друга работа тоа што пребира девојки уште повеќе боде во очи, можеби е фасада за да одговара на прашањето зошто се уште нема девојка (ако некогаш воопшто и имал) или па се плаши дека ако некој од вас фати девојка (можеби попрво тоа би бил ти) дека ќе се оддалечиш од него (да не речам таа ќе го раздели од тебе) и нормално ќе немаш време за 4-5 саати да акате сами...

Аналогно на ова, имам уште некои прашања...
-Дали ти некогаш прв му имаш коментирано на вибер со "срциња" или секогаш тој прв, па ти од "љубезност" му враќаш?
-Дали во тие ретки собири со други луѓе како тој викенд тој гледа да е постојано до тебе, околу тебе (без разлика на степенот на запиеност, иако верно е дека пијаниот секогаш ја кажува вистината :) ) или подеднакво комуницира и со останатите?
-Дали некогаш сте испаднале сами вие двајца со девојка/и и како тој се однесува со неа/нив ВО ТВОЕ присуство? Дали те видел некогаш како ти бакнуваш девојка и како тој реагирал на тоа?
-Како се однесува со тебе кога сте биле кај тебе или кај него дома сами во собата претпоставувам, зошто сепак тоа е различно од шетањето?
-Со ШТО или со КОИ негови постапки тој отворено ти ДАЛ НА ЗНАЕЊЕ да речеме дека те смета за најдобар другар-брат како што ти го сметаш?

-Се извинувам на премногу прашања, ќе ме биде за психолог мислам хаха... :)
 
Последно уредено:
@Alex1993 Не се извинувај уживај си, гледаме да решиме проблем и гледам дека сакаш да ми помогнеш.
Нормално дека зимно време не шетаме надвор хаха седиме кај некого. Па искрено ако тоа е вистина така што се вика ако се затрескал во мене не би било причина јас да прекинам како што имаш напишано ќе најдам некој компромис за да го решиме тоа. За девојки сум имал многу сега последно што беше бев со едно девојче 2 месеци така и види хаха (леле неверојатно како се поклопуваат некои работи) се слушнавме на телефон нормално другар ми е да му кажам дека се фативме со девојчево он ми рече супер убаво и ми рече: " Гледај заборави ме како што прават другите знаеш женската го менува човекот " јас се насмеав и му реков не тропај глупости таман работа толку беше. Мене не ми пречи што шетаме океј ми е онака е што знам, знаеш зошто ми е океј зошто никогаш не сум помислил дека можеби има некои чуства спрема мене. Ти ми спомна да го истестирам кажи ми како иако покрај се, некои работи се дознаваат што би ми предложил ти?
Ти ги одговарам прашања по редослед како ми ги имаш поставено.
Па на вибер секогаш нормално пишувам никогаш не сум ставил срце бидејќи глупо ми е ептен ако он стави па да му вратам и јас со цел да пишам братче нешто ова она.
Па се гледавме преку недела кога беа подобри односите, а сега само за викенд и овие 2-3 месеци немаме излезено нешто посебно со друштво имаме излезено ама цело време до мене беше. Повеќе сака на само да бидеме.
Па имаме излегувано јас со девојка ми и он со другарки зашто немал сериозно некоја до сега од кога се знаеме се било на 1-2 недели, па не сум помислил на тоа кога ќе ја бакнам да му погледнам реакција бидејќи не сум помислил на тоа дека он е затрескан во мене хаха.
Па кога сме биле еден кај друг немало ништо посебно онака било немало нешто што би можел да приметам, можеби он ми удрил некој поглед ама јас не сум го забележал тоа.
Секогаш ми има кажувано дека запознал вистински човек, дека му е многу драго, дека сум многу добар, да би биле сите како мене светот би бил преубаво место за живеење и бла,бла ама сето тоа јас не сум го сфатил сериозно дека он тоа што го кажува е од љубов хаха. Малце ми е смешно искрено ама океј е, а да се надоврзам горе тоа што пишав знаеш дека сега се сомневам за односите тоа е сигурно затоа што бев со девојчево тоа се овие последни 2-3 месеци сигурно е љубоморен и сега малце му е тешко ама сум имал и пред тоа други ама не реагирал така малце е чудно нели? Останува да видиме... Пиши ми како да го истестирам имаш ли некоја идеја?
Ти благодарам многу имало уште добри луѓе очекував да ме нападнат на форумов ама добро е.
 
Мило ми е ако можам да ти помогнам, поготово зошто и јас сум бил во слични ситуации (некои можеби и уште траат), кои успешно сум ги разрешил мислам без разделба...

Мене се повеќе од тоа што кажуваш ми ги потврдува сомнежите, па прво да го провериме ова, а ако не испадне дека е тоа, ќе пробаме друго нешто... По се ми изгледа дека другар ти преемоционално се приврзал за тебе од толку живеење (сега не можеш и баш да му замериш за тоа) и таа љубомора да ја наречеме сигурно ќе ја почувствува и кон некој друг твој другар ако почнеш да се дружиш повеќе со него, не само кон девојка. Тоа постојано што сака да е до тебе од толку другари, сепак значи многу. А чекај не кажа ништо малку поопширно како се манифестира моменталново оддалечување ваше- во стилот ти го бараш на телефон или му пишуваш на вибер, а тој не ти крева/враќа (или покасно враќа иако е онлине), се поотсутно ти делува на тие ваши шетања, се позамислено или што знам кажи ти како си го осетил точно тоа... иако јасно е дека почнало кога си фатил ти девојка... Дали нешто ти има зборувано за неа или прашувано додека се уште си бил во врска?

Мислам дека повеќе внимание треба да обрнеш сега кога се сомневаме во неговите чувства кон тебе- во стилот што знам како те гледа во очи, дали го врти погледот кога ќе му се насмееш или прави чудни фаци и/или гледа да го завршите набрзина муабетот кога му кажуваш дека ја свиѓаш некоја девојка и дека сакаш да се фатиш со неа?

Е сега како да го тестираш- имам неколку идеи ти види која ќе ти се допадне да ја примениш или пак комбинација направи од неколку...

-Тие општи муабети сврти ги повеќе кон девојки во стилот напнувај го по малку за да му местиш некоја твоја/ваша познаничка макар и несериозно и види како ќе реагира тој. Ако одбие категорично, веќе треба да почнеш да се грижиш хаха.
-Можеби и треба малку да одглумиш и да му кажеш нешто слично на тоа што тој ти викал (благо речено да му ги кренеш акциите) дека е супер, дека многу го сакаш (тука моја препорака е да не нагласуваш како брат, другар итн. туку само дека го сакаш) и сл. за да видиш како ќе реагира. Ако почне да се топи како мало дете пред тебе... тоа е тоа!
-Убедувај го да одите во некоја дискотека под изговор на пример дека симпатијата твоја ќе биде вечерта таму и сакаш да ја видиш и сл. бла бла... мора да има некоја причина што не сака да одите во гужва (не сте со извинување пензионери)...
-Почни почесто да се означуваш на фб со девојки или со други другари (ако треба и ставај ознаки од типот најверни браќа, најубави... може глупаво е знам, ама СЕ за целта) со цел тој да го види тоа и да видиш дали ќе ти префрли нешто како погоре што си пишал за девојката. Некогаш треба и да испровоцираш некого за да барем во афект ти ја каже вистината.
-На шега прашај го на пример да не почна и машки да сака штом им наоѓа мани толку на девојките :) и ако се почувствува непријатно ( т.е. не го сфати тоа баш како шега) тогаш тоа е само уште една причина за сомнеж зошто таквите чувства знае дека мора да ги крие зошто сигурно и тој ги смета за малку настрани, но не може да си помогне.

Има уште многу идеи, но ова ми паѓа сега на памет, еве викендов што иде продолжен е плус па би требало да се видите и да почнеш да го тестираш, значи гледај максимално да ги "фатиш" неговите реакции на лицето, телото, кажани зборови и сл. Мислам дека ова се најмалку ризичните идеи што може да ги пробаш без да се искомплицира вашиот (и онака таков) однос. Така да отвори 40 очи, не 4 хаха и сподели се што ќе забележиш колку и да ти се чини глупаво...
 
Последно уредено:
Идеиве ми се допаѓаат искрено ќе пробам тоа што ми имаш напишано + продолжен викенд е пред нас ќе пробам да го истестирам да видам.
Па не се слушаме како порано знаеше да ме побара и да ми пише сега треба јас да му се јавам за да реагира. Ако му се јавам јас во текот на денот до вечер ќе ми пише, исто сум му пишувал, а бил онлине и ми вратил после еден час ама ајде океј е има може некоја обврска што знам.
Кога се допишуваме чуден е како да сум му згрешил нешто така се однесува.
Ме загрижува ако стварно е затрескан знаеш, а се гледаме тешко ќе му биде да ме заборави, да не мисли на тоа. Не сакам да го игнорирам ама ќе видиме.
Абе и најглупавото нешто да е ќе го споделам. Искрено не сакам да го изгубам добри другари сме, а тоа он што го чуствува спрема мене ќе го решиме се надевам можеби и само му е период.
А за девојки кога сме збореле онака зборува ама не сака многу, сака да заврши таа тема и да збориме нешто друго.
Тоа со погледи, фаци немам приметено баш ќе гледам, сеуште се немаме слушнато ама вечерва сигурно ќе се видиме како се ќе помине ќе те известам.
Уште еднаш да ти се заблагодарам за советиве секоја следна новост ќе те известам.
 
Ок да се надеваме и дека ако е затрескан во тебе, тоа е само привремено...

Не треба да го игонираш, викни го не верувам дека ќе те одбие (всушност тој едвај чека) иако може да глуми рамнодушност, но факт е дека му фалиш, пример за вечер, па и за утре итн. и верувам дека нема да ти врати еден час ако му пишеш (но, од среќа од што ќе мисли што да ти врати хаха). Инаку тоа кога се допишувате, а се однесува како да си му згрешил нешто мислам дека се должи на тоа што мисли дека си го запоставил, па сака да те помачи и да види колку мнооогу (според него) ти фалел хахa (чисто мое гледање е ова зошто и јас сум го користел некогаш, добра техника е верувај ми :) ).

Глупаво е да се разделите на толку блискооо дружење со оглед на тоа дека денеска се потешко се наоѓа добар и вистински другар.

Почни со полесните идеи за реализација, но најдобро би било (сега колку е изводливо со оглед на тоа што немаш девојка во моментот) ако можеш да пробаш да се бакнеш со девојка пред него. Или пробај гушни го ти него да видиш како ќе реагира хаха.

И тоа што погодив дека брзо ја менува темата за девојки е уште еден голем сомнеж плус, но еве ајде да не рече некој дека ти ја полнам главата, да почекаме... времето ќе покаже (скоро) се...

Поздрав и чекам новости :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom