Другарство, па љубов, па пак другарство. Дали е можно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
На последната страна од Љубов и секс има една тема за тоа дали постои другарска љубов или не, но оваа е нешто друго.
Значи...

Сигурно сте сретнале луѓе кои се во врска, а претходно биле само другари кои секогаш биле тука еден за друг кога било потребно. Сте биле сведоци на случки кога врска ја имала љубовта како подлога, но потоа другарството не можеле да го вратат?

Дали мислите дека после врска е можно да биде се` по старо, да се врати другарството кое било "претопено" во љубов? Дали двајца кои преку дружење сфатиле дека можат да делат се`, дека подобро би функционирале како пар, доколку дојде до крај на врската е можно да бидат истите оние добри другари како порано?
Или пак мислите дека се` зависи од тоа како раскинале?

:raz:
 
другарство па љубов - бидует
другарство па љубов па другарство - не бидует
другарство па секс па другарство - бидует
 
Можно е! Во шпанските серии и други работи се можни! Исто како и во љубовните романи. Во реалноста, работите функционираат малку поинаку.
 
другарче напиша:
другарство па љубов - бидует
другарство па љубов па другарство - не бидует
другарство па секс па другарство - бидует

Mi go zema odgovorot pred nos. Od licno iskustvo se slozuvam so site tvoi mislenja vo vrska so ovaa tema.
 
Тешко е да се случи другарство па љубов, не па другарство па љубов - па пак другарство. Другарство со девојка нема. Ако имало на почеток, сигурно некој глумел за да го придобие другиот...

После раскинување на врска кој останал другар со некого бе? :cuc:
Едноставно е немогуче. Ретки се дури и примерите кога остануваат само на „здраво”. Штом си раскинал значи нешто нечини, а ако нечини - нема да чини ни другарството.
 
ke vi kazam neshto od lichno iskurstvo drugarstov pa ljubov da ama posle izvesno vreme koa ke raskinete ne e isto se e izgubeno kako drugari i taka da ako sum so nekoj drugar ja nesakam da imam vrska so nea moze samo sex vrska nikako i eventualno muvanje ako sme pijani toa
 
Не е можно.Можно е да си викате здраво,да испиете по едно кафе у годината со демек муабет -како си,што праиш,како цурата/дечкото- али да бидете другари никако.Другар можеш да бидеш со некој со кој што делиш многу работи заеднички,кој што е уз тебе,те поддржува,те слуша - едноставно некој со кој што ќе ги делиш најинтимните тајни без да се замислиш у ниеден момент за ниедна ствар дали да му кажеш или не ,дали ќе те ислуша или не..
А секој крај на било каква врска резултира со тоа едниот или другиот да биде повеќе или помалку повреден.Е кога некого макар минимално ќе го повредите без разлика дали со дело или со збор ,не очекувајте од тој човек утре да биде рамо за плачење коа новиот/ата дечко/девојка нема да ви се јави или ќе ви раскине.Едноставно тоа не иде... :ne_zboram
 
мене ми се имаат десено катаљон комбинации од другарство-љубов-секс-пак другарство-пак љубов-пак секс-па пак од по ново.. али никогаш не е како пред све да се деси..

од проста причина што све тече, све се менува..
 
Другарство па љубов? Гарант едниот од двајцата не го сметал тоа за другарство, него за начин да „влезе у гаќи” на другиот.

Љубов па другарство? Стално некој се обидува, ама не знам на некого да му успеало.

Секс во сите комбинации на љубов и другарство? Могуче бе. Се дури на некој не му се заубаи, па премине во врска и после си е*е мајката и љубов и другарство и сфе.

Со други зборови : топло не препоручуем мешање баби и жаби.
 
А бе има, види шо се деси со Касандра, Млади бунтовници итн. :):)

Инаку јас многу сакам да си ги ебам другарките, од љубоф кон другарството.

Шега на страна, when Harry met Sally филмот убаво појаснува за односто машко-женцко и дали може да има другарство и пријателство. ќе рече некој генерализирам, ама барем еднаш ми текнало во мојот неарен ум да посакам да плеснам и реснам другарка. А и што да не, што ми фали, здрав прав, да не ми текнело да се загрижам.
 
Acid напиша:
Тешко е да се случи другарство па љубов, не па другарство па љубов - па пак другарство. Другарство со девојка нема. Ако имало на почеток, сигурно некој глумел за да го придобие другиот...

После раскинување на врска кој останал другар со некого бе? :cuc:
Едноставно е немогуче. Ретки се дури и примерите кога остануваат само на „здраво”. Штом си раскинал значи нешто нечини, а ако нечини - нема да чини ни другарството.

А не. Другар - дечко - другар имав. Значи многу повеќе од здраво. Но, после години поминати со повеќе од здраво ми се отвори дека му останало желба да ме легне, па дали има таква варијанта и дали ја имам истата желба. И здраво не му правам после тоа, сем пред друштвото да не го избламирам.
Така да Ејсид во право си, ни здраво повеќе за доброто на сите:)
 
Како што кажа Спуки погоре, во релацијата другарство-->љубов едниот го искористил поимот "другарство" за да добие нешто повеќе, па зборот под наводници се употребува како некое оправдување да биде во близина на другиот.

Релација љубов-->другарство според мене нема никакви шанси, без разлика како завршила врската (дали поради невество, дали поради љубомора, далечина итн.). Како можам да бидам другарка со некој кој ме лажел или изневерил или што ти знам јас друго? Демек како на партнер не ти верувам, ама како на другар ќе ти верувам? Глупости.

И после раскинување доколку едниот од двајцата се филма дека се другари, некогаш ќе излезе на површина она дека машко и женско не можат да се другари, дека кога-тогаш повторно едниот ќе има претензии кон другиот.
 
Основната причина зошто машките и женските се дружат е токму можноста за секс помеѓу нив.
Зошто некој би станувал другар со девојка за нешто друго?
Освен професионален интерес или друг вид на взаемна корист, не можат да постојат машки - женски пријателства без постоење на меѓусебна привлечност.
Така да е беспредметен муабетот дали е можно другарсво-секс-другарство, кога основната цел на таквото другарство бил сексот,
Значи одговорот е, се разбира дека е можно.
 
хмм..:raz:
Имам 2-3 другари - дечковци - другари. Со некои имам само едно здраво, со некои ич и муабет немам.. и така. Животот си тече.. гајле ми е ако немам муабет со бившите макар и другари биле.:baeh:
 
Никола напиша:
Основната причина зошто машките и женските се дружат е токму можноста за секс помеѓу нив.
Зошто некој би станувал другар со девојка за нешто друго?
Освен професионален интерес или друг вид на взаемна корист, не можат да постојат машки - женски пријателства без постоење на меѓусебна привлечност.
Така да е беспредметен муабетот дали е можно другарсво-секс-другарство, кога основната цел на таквото другарство бил сексот,
Значи одговорот е, се разбира дека е можно.
Да речеме дека го делам твојот конечен заклучок. Шо праиме со освен-от?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom