Другарка на сопругот

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
Некад е доволно само да го читаш форумов за да сфатиш зашо една од 20 врски трае подолго од 6 месеци...
 
Имам другарка... т.е. другарки... и пијам кафе со нив. Па, не сум опнал ни една од нив.

Ти мора да не си вработен чим имаш време за другарки...
:facepalm:
 
Ти мора да не си вработен чим имаш време за другарки...
:facepalm:
Битно е шо имам време :)[DOUBLEPOST=1401551922][/DOUBLEPOST]
Се во свое време :)
Не бива да опнеш некоја што ја познаваш скоро цел живот, со која си пораснал, си играл во песокот, си се дружел по излегувања, по факултети... Барем јас не можам...
 
Битно е шо имам време :)[DOUBLEPOST=1401551922][/DOUBLEPOST]
Не бива да опнеш некоја што ја познаваш скоро цел живот, со која си пораснал, си играл во песокот, си се дружел по излегувања, по факултети... Барем јас не можам...
Се зезав, секој си има различен однос со одредена другарка, така да карактерот на човекот одлучува како размислува во тој поглед. Јас немам такви другарки, со кои не сум имал барем искри и моменти, затоа немам другарки со кои можам да имам чисто другарство како со машко.
 
Точно... едноставно, не можам да замислам да имам секс со таа девојка (жена веќе). Едноставно, не ја гледам како сексуален објект, туку баш онака... другарче...
 
Дали сметате дека е Ок вашиот сопруг да има другарка и сеуште да се слушаат ??? Или јас сум проста и љубоморна или имам право што ми пречи тоа ????????
Сите мажи што имаат другарки, се за жалење.
 
Нема единствено точен одговор на темава, затоа што се зависи од луѓето, карактерот и моралните вредности... Ете јас читав на некој форум за жена (мажена, две деца) која на работа си запознала помлад од неа, започнале врска и за да не му биде на мажот сомнително- таа почнала да си го носи дома, го претставувала како другар и колега, тој дури и со мажот нејзин почнал да комуницира (малтене семеен пријател им станал) и така си терале врска цели 5 години... пред очите на мажот и децата. А дома го носела затоа што умно си претпоставила дека така никој не би се посомневал во нив, демек- па ако има нешто, нема дома да го носи, со мажот да се дружат... Ама секој си има свое дно до кое може да падне... А во РЛ знам за маж кој од време на време си ја носеше дома љубовницата за да не ѝ биде чудно на жена му кога таа му се јавува или зошто ја носи на работа, ја враќа итн. А тек таа со жена му колку беше фина, ама навистина, фрчеа комплименти колку добро изгледа (Леле ама добро изгледаш со оваа фризура-еден пр.) и плус солидарни женски муабети за „заедничкиов“ - од типот „Овој другар ми ама буљаш е, место во жена му, во компјутер гледа, ццц...“. И тоа швалеркава-другарка ѝ го кажува на жена му... Сигурно има и вистински другари/другарки, ама има и вакви примери кои прават човек да се посомнева.
 
Се мислам од прееска некој пример да дадам и јас, каде познавам пр. другар на сопругата или другарка на сопругот, ама немам таков.
Мајка ми има многу многу многу добар другар што го знае веќе 40 години, ама истиот е и многу добар другар со татко ми.
Јас имам добри другари (12+) ама тие се најверните другари на дечко ми.
Дечко ми има добри другарки (4+) ама тие се моите најверни другарки.
Не ми текнува некој пример каде јас или он имаме другари кои не ги знаеме. Не зборам за познаници или пријатели, зборам за вистински другари.
И мене нема да ми пречи ако излегува со моите другарки, но не би ја сфатила поентата да има „другарка“ со која ќе се гледа секој ден. Би ми било сомнително, зошто досега не го правел тоа. Ако уште кога сум го запознала така функционирал, тогаш нема што да љубоморам и да се лутам.
 
2268_1277855434049.jpg
 
Дека и објаснувате работи на типка од форум со ник кукли4кааа која секоја недела става нови провокативни аватари, главен муабет и е у љубов и секс, прави бамп на стари теми... :rolleyes:
 
...
Со други зборови, секој своите потреби ги задоволува со повеќе луѓе во различен момент.
Она што останува како горе-долу стандард е дека сексуалните потреби брачните партнери ги задоволуваат еден со друг, додека пиењето кафе/пиво/сокче/минерал васер/итн може секој да ги задоволи со секого друг. На пример, нека се јават сите оние жени коишто се спремни со своите мажи да дискутираат за фудбал/ракомет/формула/кој-било-друг-спорт (@Ilumious, освен тебе ;) )
Ако сопругот има другарки, сопругата нека се запраша што е она што тој го бара кај други жени, а не може да го најде кај неа. Ако е секс, тоа е негов проблем. Ако е што и да е друго освен секс, тоа е нејзин проблем.

Ете, Крусер објасни, како и секогаш. (y)

Има некои разговори кои се полични и поспецифични, и можат да се прават само со некои личности. Ако тие личности се од ист пол со вашиот партнер, тоа не значи дека треба да се откажете од нив. Едноставно на тоа се темелат пријателствата, лични и специфични разговори кои можете да ги водите баш со таа личност.

Ако пријателствата ви се темелат на муабети за тоа кој како си поминал на одмор и како се понаша комшиката, тогаш, секако дека боље е да си ги правите тие муабети со мажот/жената, и дека е сумљиво ако преферирате да ги правите со некој друг од истиот пол.
 
ако нема љубомора, нема ни љубов ... ама да не е претерана
малку отров, не цела доза, нели? и тоа секој ден по малку, ништо лошо ;) ќе се земе противотров ..... малку љубов :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom