Луѓе, полека малку со овакви заклучоци. Женава е бремена и можете дополнителни компликации да ѝ направите. Значи размислувањата за тоа дали постои или не пријателство помеѓу маж и жена, задржете си ги за себе. Ако ти не веруваш, јас верувам, а веројатно и сопругот на девојкава верува. Значи другарството не им е пресно, се дружеле одамна, и ако требало нешто да направат, ќе направеле. И јас имам блиски другари, кои ми се како браќа. Знаат да ми се јават на скајп во 1-2 навечер и да муабетиме со саати. При тоа, партнерот е до мене, ме слуша, ниту се кријам, ниту му давам причина да не ми верува. Ако некој ми е другар, останува само тоа и ништо повеќе. Инаку не би ми бил другар.