Значи дојдовме до вистинскиот одговор а тоа е препорачлива доза....
Можеш да направиш разлика од 2 бокалчиња ракија и 2 џоинта?
Овака, затоа што има и деца кои го читаат форумов а ти со твојот коментар покрена многу добра тема.. ќе наведам неколку работи и за пивото и за марихуаната..
Не сум експерт.. нити можам да бидам... али ќе се обидам и за двете работи да кажам што мислам.. иако искрено... повеќето од работите се од тоа што сум читала и може да бидат преводи од одредени студии (за да не ме линчуваат некои членови овде, ако ставам делови на српски или англиски)
Не држам ниедна страна... веруј ми, подеднакво ги мразам и двете..
Точно е дека многу е битна дозата.. и дека и двете се зло.. се надевам ќе го прочиташ мојов пост до крај.. иако ќе биде малце подолг..
Проблемот со марихуаната е што во последно време во цигарите покрај марихуаната се ставаат и други дроги како, crack, kokain, и уште што не.. мешањето на марихуаната со други лекови или дроги е многу поопасно, пример мешањето на марихуана и кокаин е особено штетно за срцето.
Главната состојка на марихуаната е THC delta 9 tetrahydracannabinol, ова соединение се претвора во 11- hidroxi delta 9 tetrahydrocannabinol кој е активен во централниот нервен систем.
Реакциите на марихуаната исто како и кај алкохолот се индивидуални.. како што се и вели во студијата. Хемиски регулираната дрога произведува униформни реакции кај консументите, па и делуваањето на другите фактори, како сто е ккарактерот, ситуацијата, опкружувањето и слично, е минимално. Ефектите од марихуаната зависат од јачината и потенцијата на THC. Марихуаната обично содржи околу 3% THC.
Ефекти - промена на крвниот притисок, забрзана работа на срце и други пореметувања на периферниот нервен систем. THC значително го оптеретува крвотокот и работата на срцето, така што особите со слабо срце и висок крвен притисок може да имаат сериозни последици по здравјето. Исто така и особите со низок крвен притисок можат да искусат непријатен пад на крвниот притисок кој може да доведе до несвестица.
Неможност за проценка на времето и просторот (посебно ако управувате возило), отежнато движење и спорост.
Чувство на анксиозност, паника итн...
Несоница или претерана поспаност
Параноја или други прихотични реакции кои може да бидат моментални, но може и целосно да го нарушат психичкиот интегритет на индивидуата.
Чувство на конфузија, изгубеност, неможност за концентрација и расудување
Развивање зависност при интензивно користење (може да трае од 1 до 6 недели)
Трајни последици -
Долготрајното користење на марихуана доведува до проблеми со белите дробови и грлото, хронична кашлица, зголемен ризик од респираторни инфекции и рак на белите дробови.
Долготрајното користење марихуана го намалува имунитетот, при што индивидуата е подложна на разни инфекции и болести.
Долготрајното користење на марихуаната, чувството на еуфорија е се поретко, а чувството на анксиозност се почесто (
ова е една од главните причини зошто многу луѓе преминуваат на потешки дроги)
Доведува до зголемено чувство на депресија, кое може да биде многу опасно кај одредени лица.
Влијае на хормоните кои го регулираат репродуктивниот систем, притоа може да дојде до намалување на плодноста кај мажи и нередовен менструален циклус кај жени. Иако директно не може да предизвика стерилитет, влијае на намалувањето на репродуктивните функции кај двата пола.
Ја забрзува работата на срцето за 20 до 30 откуцаи во минута. Освен што гго зголемува бројот на откуцаи на срцето, ја намалува и ефикасноста на пумпањето крв, при што значително се оптеретува срцето.
Како беше онаа приказна.. подобро да земеш марихуана него тутун..
Епа ајде да видиме што велат испитувањата..
Докажано е дека хроничната употреба на марихуана предизвикува оштетување на белите дробови. Постои разлика помеѓу пушачите на марихуана и пушачите на тутун, односно оштетувањето на белите дробови кај едните и кај другите.
Така.. доколку сте пушач кој ги комбинира овие две зла.. шансите за да добиете рак на белите дробови.. ви се многу поголеми. Иако истите супстанции кои се наоѓаат во тутунот ги има и во марихуаната, една одредена супстанција односно benzopyrene, неговата концентрација во марихуаната е многу поголема отколку во тутунот.
Причините зошто марихуаната предизвикува исто толку оштетување како и тутунот е ради начинот на пушењето. Односно при пушењето марихуана, се зема или вдишува многу повеќе дим, отколку при пушењето цигари. Така димот од марихуаната длабоко продира во белите дробови и подолго се задржува. Затоа особите кои дневно земаат по 3-4 џоинта имаат хронични бронхитис исто како и особите кои дневно пушат по 1-2 кутии цигари.
Консумирањето на марихуаната за време на бременоста може да влијае на имунолошкиот систем и може да му наштети на фетусот. Истражувањата покажале дека бебињата кои се родени од мајки кои користеле марихуана имаат помала телесна тежина, помала глава, а сега нне знам колку од вас знаат колку проблеми може да настанат доколку бебето се роди со мала килажа и колку внимание треба да му се посвети на тоа дете за правилно да се развие понатаму.
Постојат студии кои укажуваат и на проблеми на нервиот систем и концентрацијата кај деца чии родители консумирале марихуана за време на бременоста (тоа што го кажав и предтоа како пример во првиот пост..)
Сите знаеме дека THC се пренесува и на фетусот а и доколку жената користи марихуана после пораѓањето, на детето му пренесува и преку млекото, со што може да го успори развојот на бебето.
Пред да кажеш нешто
Vanlok што нема никаква врска со темата и пред да почнеш да се инатиш прочитај ги коментарите на луѓето.. таков беше и на темата што ти си ја отвори.. затоа и се избламира, кога ти дојдоа луѓе кои се експерти во таа област (и не.. не мислам на себе) и кога ти ја затворија устата со докази кои ти не можеше да ги побиеш, па мораше да ги напаѓаш со измислици.
п.с. Костур.. подоцна ќе следува и за пивото.. морам сега да одам да го успијам внуков.
