Дрогирање во центарот на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Caffè
  • Време на започнување Време на започнување
Сиромашките тие, немаат пари да си купат цигари па една цигара ја вртат 5 души.

Само да прашам, како се најде Кант среде дискусија за конзумирање дрога на јавни места?

:confused:

Ваљда идело trance у позадина дур дувале, па го поврзале со трансцеденталниот идеализам. :icon_mrgr:
 
Што сте ми чудни, во Градски парк. Боже Господе, големата работа. Некни кога зборев со една познаничка ми кажа дека двајца во воз си запалиле и си дувале.

Во 90-тите партал се правеле со дрогиве, колку приказни имам слушнато во градов (не Скопје) за нив, не памтам. Дека денес си е намалено од тогаш, се согласувам.
Но, за три месеци во студентски се изнагледав шприцеви.
Денес сите се интелектуалци нели и не се глупи ко овие пред 20 години, па да се лупнат на тешки дроги ради тоа што немале нет за да видат како ќе се заебат, па затоа денес масовно си се конзумира тревката, зошто таа нели, не е дрогичка.

Бившата ми цимерка (во дом) беше редовен конзумител на тревката, се познаваше кога се напафкала, кога не. Таа си беше мрдната и без тоа, па со тоа, уште малце повеќе.

Ич не ме интересира и не се мачам да размислувам дали тревката е дрога или не е. За мене и дувачиве се мизерни, исто колку се мизерни и тешкиве наркомани.
Мизерни ми се и пијандуриве што петок/сабота се прават летва и повраќаат низ улиците, за да осетат како треба да се забавуваш во дискотека.
Мизерни ми се и малолетниве пушачи од 12-3-4 години кои се кријат во вецињата во школо од професори или мрзнат зима надвор во двор од школо со цигарата на мал (голем) одмор за друштвото да мисли дека се кул и во тренд со срањата што треба да ги следат.

Близок роднина преку 20 години пуши цигари ненормално многу и си голта по некоја чашка ракиичка на ден, не за да се опие туку од мерак. Еве го сега, партал му е направен организмот, црниот дроб заебан, не смее голтка да се напие. А како што можев да увидам, и со паметот не е во најдобра состојба.

Не поднесувам ни цигари, ни алкохол, ни дрога (тревка).
По ова, ептен сум традиционална, не сум нормална (современа), не знам да уживам во животот, не знам да си ја изживеам младоста, пуу, ќе ми отиде без да се надувам или летвосам. Грев бе.

За крај, каде сакаат можат да пафкаат, Градски парк ми е баш погодно место. Бар не е на затворено, во воз на пример.
 
Не поднесувам ни цигари, ни алкохол, ни дрога (тревка).
По ова, ептен сум традиционална, не сум нормална (современа), не знам да уживам во животот, не знам да си ја изживеам младоста, пуу, ќе ми отиде без да се надувам или летвосам.
Ова како оглас за интимни контакти ми звучи. :icon_lol:
 
Значи дојдовме до вистинскиот одговор а тоа е препорачлива доза....
Можеш да направиш разлика од 2 бокалчиња ракија и 2 џоинта?

Овака, затоа што има и деца кои го читаат форумов а ти со твојот коментар покрена многу добра тема.. ќе наведам неколку работи и за пивото и за марихуаната..
Не сум експерт.. нити можам да бидам... али ќе се обидам и за двете работи да кажам што мислам.. иако искрено... повеќето од работите се од тоа што сум читала и може да бидат преводи од одредени студии (за да не ме линчуваат некои членови овде, ако ставам делови на српски или англиски)
Не држам ниедна страна... веруј ми, подеднакво ги мразам и двете..
Точно е дека многу е битна дозата.. и дека и двете се зло.. се надевам ќе го прочиташ мојов пост до крај.. иако ќе биде малце подолг..


Проблемот со марихуаната е што во последно време во цигарите покрај марихуаната се ставаат и други дроги како, crack, kokain, и уште што не.. мешањето на марихуаната со други лекови или дроги е многу поопасно, пример мешањето на марихуана и кокаин е особено штетно за срцето.
Главната состојка на марихуаната е THC delta 9 tetrahydracannabinol, ова соединение се претвора во 11- hidroxi delta 9 tetrahydrocannabinol кој е активен во централниот нервен систем.
Реакциите на марихуаната исто како и кај алкохолот се индивидуални.. како што се и вели во студијата. Хемиски регулираната дрога произведува униформни реакции кај консументите, па и делуваањето на другите фактори, како сто е ккарактерот, ситуацијата, опкружувањето и слично, е минимално. Ефектите од марихуаната зависат од јачината и потенцијата на THC. Марихуаната обично содржи околу 3% THC.

Ефекти - промена на крвниот притисок, забрзана работа на срце и други пореметувања на периферниот нервен систем. THC значително го оптеретува крвотокот и работата на срцето, така што особите со слабо срце и висок крвен притисок може да имаат сериозни последици по здравјето. Исто така и особите со низок крвен притисок можат да искусат непријатен пад на крвниот притисок кој може да доведе до несвестица.
Неможност за проценка на времето и просторот (посебно ако управувате возило), отежнато движење и спорост.
Чувство на анксиозност, паника итн...
Несоница или претерана поспаност
Параноја или други прихотични реакции кои може да бидат моментални, но може и целосно да го нарушат психичкиот интегритет на индивидуата.
Чувство на конфузија, изгубеност, неможност за концентрација и расудување
Развивање зависност при интензивно користење (може да трае од 1 до 6 недели)

Трајни последици -
Долготрајното користење на марихуана доведува до проблеми со белите дробови и грлото, хронична кашлица, зголемен ризик од респираторни инфекции и рак на белите дробови.
Долготрајното користење марихуана го намалува имунитетот, при што индивидуата е подложна на разни инфекции и болести.
Долготрајното користење на марихуаната, чувството на еуфорија е се поретко, а чувството на анксиозност се почесто (ова е една од главните причини зошто многу луѓе преминуваат на потешки дроги)
Доведува до зголемено чувство на депресија, кое може да биде многу опасно кај одредени лица.
Влијае на хормоните кои го регулираат репродуктивниот систем, притоа може да дојде до намалување на плодноста кај мажи и нередовен менструален циклус кај жени. Иако директно не може да предизвика стерилитет, влијае на намалувањето на репродуктивните функции кај двата пола.
Ја забрзува работата на срцето за 20 до 30 откуцаи во минута. Освен што гго зголемува бројот на откуцаи на срцето, ја намалува и ефикасноста на пумпањето крв, при што значително се оптеретува срцето.


Како беше онаа приказна.. подобро да земеш марихуана него тутун..
Епа ајде да видиме што велат испитувањата..
Докажано е дека хроничната употреба на марихуана предизвикува оштетување на белите дробови. Постои разлика помеѓу пушачите на марихуана и пушачите на тутун, односно оштетувањето на белите дробови кај едните и кај другите.
Така.. доколку сте пушач кој ги комбинира овие две зла.. шансите за да добиете рак на белите дробови.. ви се многу поголеми. Иако истите супстанции кои се наоѓаат во тутунот ги има и во марихуаната, една одредена супстанција односно benzopyrene, неговата концентрација во марихуаната е многу поголема отколку во тутунот.
Причините зошто марихуаната предизвикува исто толку оштетување како и тутунот е ради начинот на пушењето. Односно при пушењето марихуана, се зема или вдишува многу повеќе дим, отколку при пушењето цигари. Така димот од марихуаната длабоко продира во белите дробови и подолго се задржува. Затоа особите кои дневно земаат по 3-4 џоинта имаат хронични бронхитис исто како и особите кои дневно пушат по 1-2 кутии цигари.

Консумирањето на марихуаната за време на бременоста може да влијае на имунолошкиот систем и може да му наштети на фетусот. Истражувањата покажале дека бебињата кои се родени од мајки кои користеле марихуана имаат помала телесна тежина, помала глава, а сега нне знам колку од вас знаат колку проблеми може да настанат доколку бебето се роди со мала килажа и колку внимание треба да му се посвети на тоа дете за правилно да се развие понатаму.
Постојат студии кои укажуваат и на проблеми на нервиот систем и концентрацијата кај деца чии родители консумирале марихуана за време на бременоста (тоа што го кажав и предтоа како пример во првиот пост..)
Сите знаеме дека THC се пренесува и на фетусот а и доколку жената користи марихуана после пораѓањето, на детето му пренесува и преку млекото, со што може да го успори развојот на бебето.

Пред да кажеш нешто Vanlok што нема никаква врска со темата и пред да почнеш да се инатиш прочитај ги коментарите на луѓето.. таков беше и на темата што ти си ја отвори.. затоа и се избламира, кога ти дојдоа луѓе кои се експерти во таа област (и не.. не мислам на себе) и кога ти ја затворија устата со докази кои ти не можеше да ги побиеш, па мораше да ги напаѓаш со измислици.



п.с. Костур.. подоцна ќе следува и за пивото.. морам сега да одам да го успијам внуков. :)
 
Интересно е што редовните конзументи на алкохол никогаш толку жолчно не навлегуваат во одбрана на алкохолот и величење на неговото дејство и реперкусии, сосема спротивно на редовните конзументи на марихуана. Why?

Зависи. А може и ако е така , тоа е затоа шо алкохолот е легален, нали? Чуму дискусија, трибини, дебати...?

Жустро е кај тоа шо е забрането или на некого му одговара да е забрането.
 
Интересно е што редовните конзументи на алкохол никогаш толку жолчно не навлегуваат во одбрана на алкохолот и величење на неговото дејство и реперкусии, сосема спротивно на редовните конзументи на марихуана. Why?

Алкохоличарите не ни признаваат дека се алкохоличари.

И Forrest Gump НЕ Е НОРВЕЖАНЕЦ! :mad:
 
Ако успи го внукот, да имаше несоница пред 100-тина години само ќе му намачкаше на устата од домашната пита од афион и ќе немаше никаков проблем... ќе спиеше како јагне...
Незнам кој би мешал скапи дроги како кокаин кој е 200 евра грам, а една цигара мара е 200 денари? Едното се пуши другото се инхалира... не ти е добра проценката. Освен тоа тхц-то може да се земе и во вид на храна така да нема да ги оштети дишните органи во никој случај.
Има милијон лекови кои не се препорачуваат за зачнување дете или да се дава на бремена жена.

Ај баш пиши за пиво да видиме колку знаеш. :)
 
Дечки има друг подфорум за штетноста на марихуаната ама шо ќе дискутираме со другата страна која користи литература од 50-тите години од минатиот век.
Што ќе правиме сеа со децана шо дуваат у сред парк ќе ги каменуваме или некое друго чаре?
Многу попродуктивна тема ќе беше зошто ништо не се превзема со ромчињата кои дуваат лепак насекаде посебно во центарот на главниот град.
 
Epa aj vecerva i ja ke idam vo park, da vidam sho e razlikata vo efektot na trevata koa pushish vo zatvoreno i vo priroda.. :))
 

Attachments

  • DCDSD99.jpg
    DCDSD99.jpg
    180,9 KB · Прегледи: 34
Зависи. А може и ако е така , тоа е затоа шо алкохолот е легален, нали? Чуму дискусија, трибини, дебати...?

Жустро е кај тоа шо е забрането или на некого му одговара да е забрането.

Од аспект на ефекти и последици дискусии секогаш може да има, без разлика што е забрането или не. Тоа што марихуаната е нелегална не е некој голем фактор и пречка за нејзино користење, очигледно.

Алкохоличарите не ни признаваат дека се алкохоличари.

Конзумент на алкохол немора по дифолт да значи алкохоличар (зависник). Како што конзументот на гликоген немора да значи дека е шеќераш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom