Дрога - Отворете им ги очите на блиските до вас

  • Креатор на темата Креатор на темата *Miss Grenade*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали кога близок ќе западне во тешки проблеми со дрогата, сте успеале да му помогнете?

  • Да и сум успеал/а

    Гласови: 6 14,6%
  • Не сум пробал/а, не се мешам

    Гласови: 21 51,2%
  • Сум пробал/а но не сум успеал/а

    Гласови: 14 34,1%

  • Вкупно гласачи
    41
http://www.24vesti.mk/24-od-se-srce-15-04-2015
Има излез од тунелот наречен дрога, решението си ти. Помогнете некому наведуваjки го на прав пат, jас си помогнав. Отворена сум за дискусиjа на темата.
Искрено, не сум во можност во моментов да одјовам 30тина минути за ова, поради обврски, а заинтересиран сум .
Би ти било тешко на кратко да сумираш за каква програма станува збор, кој ја води и на кој начин и какви се досега резултатите?
И за кој тип на дроги станува збор?
 
Искрено, не сум во можност во моментов да одјовам 30тина минути за ова, поради обврски, а заинтересиран сум .
Би ти било тешко на кратко да сумираш за каква програма станува збор, кој ја води и на кој начин и какви се досега резултатите?
И за кој тип на дроги станува збор?
Станува збор за Нарконон програм за одвикнување од зависности, кој функционира во светот веќе 45 години, кај нас во Македонија 11 години. Програмот се состои во тоа што после поминувањето на апстиненцијата, личноста се здобива со статус студент на Нарконон програмата и сам ја изучува програмата под супервизија од обучени лица. Целта е да се подигне свеста кај народот за на лицата кои што некогаш конзумирале дрога да не им се ставаат етикети наркоман и да се фрлаат во пропаст, туку да разберат луѓето дека личност која користела наркотични супстанци е нормална личност која во некој дел од животот не можела да соочи нешто и затоа посегнала по "полесниот" пат. Секој што сака да го смени својот дотогашен начин на живот има шанса да го стори тоа. На програмот не се користат никакви други дроги, што би делувале како замена на дотогаш користените дроги, значи центарот не е метадонски центар или лудница кај што сега ние ќе ги смируваме луѓето што дошле со седативи. Програмот се однесува на самоподобрување на личноста, има сауна во која според посебен распоред се исфрлаат токсините од телото, потоа има практични вежби кои и овозможуваат на личноста да ја види ојбективната реалност, нормално потоа сам си работи за октирвање на неговите вредности и способности. Едно нешто многу ми се допаѓа, тука зависниците не се пациенти и не се третирани како болни, затоа што во суштина тие немаат никакво заболување, бившиот зависник после програмот партиципира во општеството како секој нормален човек кој никогаш не земал дрога, а придонесува многу повеќе за подобрување на истото.
Резултатите можам да ти ги кажам од свое лично искуство кај мене имаше огромно подобрување и јас веќе една година не користам никакви дроги, ни улични, ни медицински, ниту пак алкохол. Тотално го сменив начинот на живот, немам никаква потреба повторно да земам дрога и полесно се справувам со ситуациите во животот. Клучната ствар е што со користењето на дрога, мал дел од дрогата останува во масното ткиво и потоа при некаква активност, тие заглавени токсини на личноста и ствараат чуство дека повторно сака да проба од дрогата, со предвидените чекори во сауна тие токсини се вадат од телото и така веќе немаш физичка потреба од земање дрога.
Програмот е делотворен за лица кои биле зависници од секаков тип на дрога, дури и им помогнало на многу луѓе да се одвикнат и од други пороци како на пример коцкањето.
 
Дали Нарконон програмата вклучува зачленување во саентолошкото здружение?
 
За да се откажеш од оваа одвратна зависност, најпрвин треба да си решен да го сториш тоа. Тоа треба да е твоја одлука зад која црвство ќе стоиш. Но, нажалост само одлуката повеќе да не конзумираш дрога нема да ја поправи штетата што си ја направил, нема да ги смени твоите навики и нема тебе да те подобри како човек. Центарот кој што го посетував за одвикнување од зависности не ме излекува(затоа што јас не бев болна-немав никаква физичка болест), туку ја подржа мојата идеја да живеам живот без дроги и ми помогна правилно да ги справувам ситуациите во животот. Се што дознав, дознав сама, тоа се мои успеси, мои придобивки, мои сознанија и како на такви им верувам. Се она што го научив и подобрив кај себе ме прави да бидам горда на тоа што сум јас сега.

Ниеден психијатар на светов не може да ме убеди дека зависниците од дрога СЕ пациенти и дека тие МОРА да се лекуваат со апчиња. Помагав во центарот доволно долго за да сфатам дека еден зависник кој што одлучил да ја остави навиката зад себе треба да биде третиран на посебен начин (со екстра витамини, минерали и масажи) само во периодот кога ја поминува кризата, а потоа сите сме исти и сите сме нормални. Знам дека најлесен начин на справување е некого да успиеш со апчиња, но јас сум посреќна кога на човек кој побарал помош му помагам на вистински начин, го држам буден и активен, и не ми се потребни никакви награди, благодарници или признанија, јас сум исполнета кога ќе ја видам неговата благонаклонетост и желбата повторно да живее. Секоја потешкотија се справува со останување активен, работата нема да те убие, но убивачите на болка сигурна сум дека постепено ги умртвуваат нервите во телото, а тоа се знае до кај води.

За да се справиш со еден зависник ти треба обука, за која што многумина не се подготвени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom