Дремка

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica] Најбараниот ерген на истокот, Гилгамеш, принцот од Урук, панично се беше преплашил од смртта, за којашто разбрал дека неминовно ќе го стигне. Врткајќи се во очај низ сокаците на градот во негово владение, примил абер дека ако го посети архемудрецот Утнапиштим (првиот братучед на хебрејскиот Ное и грчкиот Девкалион), ќе ја има таа чест и привилегија да се стори бесмртен и како таков, засекогаш, како VIP да биде присутен на игранките на боговите. Арно ама, овој Утнапиштим, во замена за вечна младост, му е дал за задача на фраеров Гилгамеш, еден мишн импосибл. Имено, му рекол “да се опита шест дена и шест ноќи да не спие”. И Гилгамеш несреќен, се опитал, ама не успеал. И така загубен, будејќи се, си рекол: “Сонот како разбојник ме зграби, а во сонот смртта седи”.
Оттогаш, не само што во нашата психоаналитичка автоперцепција ние луѓето сме исфрустрирани шо не сме богови, туку, исто така, сфативме дека дремката е мигот на субверзија што вечноста ја положува врз нашата дребност. Таа ти е нешто како десантот на Дрвар, како Перл Харбур, паѓа од ведро небо, парализира, сништува, онесреќува. “Меѓу мене и среќата секогаш знаци темни, би рекол Де Нервал. Таа е нашата циклична смрт, нашата гранична ситуација.
Нејсееее! Во античката издавачка куќа Olimpos publishing house, која своевремено го печатеше влијателниот неделник Olimpos weekly во некоја од годините пред Хомер (точниот датум на печатењето е засекогаш загубен во несофистицираниот антички компјутерски систем) е објавена една клучна информација која го деконспирираше целиот разузнавачки крем на Олимп. Имено, во статијата која се вика Хипнос и Танатос се браќа се изнесени монструозни обвинувања врз, како што се вели, “неодговорната олимписка управа поради која, а благодарение на дворските игри на Хера и Ѕевс, Тројанците ја загубија војната”. Во заплетот, во критичниот час, биле инволвирани браќата близнаци. Се друго е историја... Хипнос, по налог на Хера, на Ѕевса му нанел тешка дремка, па овој, не можејќи да се освести, пропуштил да испрати мониторинг на теренот, и така у меѓувреме на Танатос му било овозможено да ужива во канибалската гозба на бреговите на денешна Турција. Поради тоа, Грците до ден-денес го слават Хипноса - затоа во текот на годината имаат најмногу неработни денови споредено со другите земји во светот.
Така, со векови сите се плашеа од дремката оти таа го имаше мистериозниот превез на ненадејна смрт, смрт што доаѓа на крајот на денот. Но, еден поинаков расплет почна да се открива некаде во романтизмот, кога смртта стана објект на обожување. Тогаш на дремката и беше дадена дуална функција!!!!
Господинот Вилијам Вордсворд, не сакајќи, отворил цела една нова епизода во манифестациите на дремката изнесувајќи го стихот со кој таа, ем има божествена природа, ем ја оличува тешката мрза. Дремка мене в душа ми се вткала/ И човечки немав мори; /Небаре таа не могла да сети/ Од лета земски допир”, заклучува Вилијам. А за тоа дека цела таа епоха на чуден начин пребиваше во некоја тешка дремка (поточно сон, доста креативен и некрофилен сон!) зборува и фактот што Англичаните целата таа ера ја нарекоа Вордсвордово доба.
Неговиот помлад колега, пак, Едгар Алан По, сакајќи отворено да зборува за проблемите на младината во негово време, вели: “Не е лага, знаат сите, /дека јас ги/ преспав дните”. Нашиве неоромантичари го сфатија овој стих буквално, та затоа денес, ако поминете во еден налет на скопскиот кеј, ќе ги видите како сите тие, секој проклет ден од летово што е пред нас, дремливо уживаат одново и одново во едно исто нес со мраз или едно студено скопско. Крв да ви се стори (!).
Чудесно е како, нештата што нашите предци ги славеле како митософски мудроштини, денес си имаат своја лежерна, турбо-фолк верзија. Има еден стереотип за Homo Balcanicus во кој дремката има суштествена улога во животот. Ви текнува ли како во едно блиско минато луѓето ќе си дојдеа од работа во три поподне и веќе во пет ја упражњаваа својата попладневна дремка? Дремеж и досада/ Посилни од дрога, бејби (Ристе Вртев). У дремката човек не смее да се вознемирува. Тоа ти е како со некоја глупа забелешка да прекинеш верник во молитвена екстаза. Дремката беше општествено полезен ритуал во кој работничката класа полни батерии за следниот работен подвиг. Се разбира, постоеше и т.н. работна дремка, која остана неевидентирана, неофицијална јавна тајна, закопана некаде длабоко во интимните работнички сеќавања. Бре, хедонизам!
Е, така, додека размислувам за рецидивите од времето на Лазо, свечено изјавувам: проклет да сум, ама ми се придрема!


Живот ~ Замор ~ Одмор ~ Дремка ~ Смрт ~ Вечност, оттаму сета енергија што ја црпиме. Смрт, единствена надеж која си го одржува ветувањето, нашата единствена и вистинска љубов. :smir:
[/FONT]
 
Cool Hand Luke, ова е навистина многу убаво составен пост кој дава доста информации и навлегува во различни проблематики.
Но, ако можеш поконкретно објасни околу што всушност тука полемизираме, за да можеме да дадеме посоодветни одговри, односно, усмери не во кој правец треба да коментираме:)
 
:) Ада, текстов не е мој туку е копи пејст. Ми се допадна како Утнапиштим му укажал на Гилгамеш дека не треба да се плаши од смртта бидејќи таа не е крај туку извор на вечна енергија што се спушта на нас како сон и ни дава сила. Т.е. така јас ја сфатив. Колку што знам не е докажано како сонот го одмара телото, т.е. која е разликата помеѓу спиење и опуштено лежење на телото. Доколку има смисла некому овде може да вадиме хипотези а ако не, се извинувам, катанец.
 
Back
На врв Bottom