Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Најдобриот и најефикасниот начин за да се истребат гнидите од твоето племе,а притоа никој да не одговара.Ративање во Сирија е поплатено
Најдобриот и најефикасниот начин за да се истребат гнидите од твоето племе,а притоа никој да не одговара.![]()
Зар не сваќаш ,Сирија е стапица,таму сите џихадисти ќе изгинат ,наравно со подршка од Турција.Пази да не
Знам дека е смешно, но повеќе е жално, но што ти значи фирма што ти дава иста плата со придонеси и здравствено плус храна на работа. Значи претходно какви биле лоши условите т.е колку локални газди се правеле да не речам ганстери.Кавадарчани веќе не прифаќаат работа под 10.000 денари
![]()
Надлежните оценуваат дека Кавадарци како општина во моментов е меѓу најдобрите во земјава кога станува збор за број на вработени
Откако Кавадарци од град на грозјето, виното и никелот, прерасна и во град на автомобилската индустрија, со отворањето на германската „Дрекслмаер“, се раздвижи и пазарот на труд. Голема е конкуренцијата, се намалува невработеноста, а растат и платите.
За време на гроздоберот речиси и немаше слободен работник, кој за дневница од 1.000 денари ќе биде ангажиран како аргат во бербата на грозјето. Се' помалку има млади за работа во продавници, во бутици и кафулиња. Подобрен е стандардот на граѓаните, велат и трговците. Ваква перцепција имаат и институциите, но граѓаните велат дека платите се' уште не се на ниво да ги покријат трошоците.
Надлежните институции оценуваат дека Кавадарци како општина во моментот е меѓу најдобрите во земјава кога станува збор за број на вработени.
„За среќа, бројот на вработени во Кавадарци е солиден и е на европско ниво. Покрај стимулативните мерки за странските инвестиции, мислам дека државата прави еден потег кој е за поздравување и има за цел да имаме вработување плус, токму преку активните мерки и политики кои им се на располагање на домашните работодавци“, вели градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
Од приватните агенции за привремени вработувања велат дека во Кавадарци многу тешко се прифаќа работа на црно од општите работници и никој не сакал да работи за плата пониска од 10.000 денари.
„Пред неколку години се случуваше истите тие работници да прифатат и плата од 100 евра без социјално осигурување. Благодарение на ’Дрекслмаер‘ веќе никој во Кавадарци не прифаќа работа на црно. Дури и за 10.000 денари месечна плата, неквалификуваните работници не прифаќаат да работат. Минималната плата во земјава ќе достигне над 10.000 денари во 2016-2017 година, а во Кавадарци и регионот веќе таа е реалност во 2014 година“, вели Светлана Арсова од Агенција за привремени вработувања „Партнер“, која деновиве учествуваше во едукацијата на професорите од средните училишта кои имаат обврска да ги едуцираат своите ученици како да одбијат работа на црно. Таа нагласи дека секојдневно контактирале со фирмите во градот со цел да ги потсетат дека сите работници треба да бидат пријавени, бидејќи многу често се правеле злоупотреби од работодавците со привремените вработувања.
„Најчестите злоупотреби во врска со сивата економија се случуваат со привремените вработувања. Работодавците многу често не ги пријавуваат ваквите работници, но со тоа најмногу се оштетени токму луѓето кои се на привремена работа. Не се знае дали во тој период на привремено вработување може се јави потреба да се користи боледување, годишен одмор или која било привилегија што му следува на секој работник“, нагласува Арсова.
Покрај директните вработувања во „Дрекслмаер“ и останатите компании кои работат во Кавадарци, голем е бројот и на лица кои ја напуштија Агенцијата за вработување и од активни баратели на работа преку кредитирање си обезбедија самовработување.
„Откога се почнати мерките за поддршка во вработувањето од 2007 година досега има околу 1.500 вработувања во Кавадарци. Тоа не значи дека се само 1.500 вработувања, бидејќи едно лице кое зело кредит за самовработување има 15 вработувања во својот бизнис, па така имаме 3.000 активни вработувања кои денеска функционираат и во голема мера е подобрена состојбата со невработеноста во општината. Сметаме дека сме една од најдобрите општини во однос на вработувањето, односно со најмал број на невработени. Со обуките и преквалификациите доаѓаме да нема доволно стручен кадар да ги следат овие мерки, да можат да бидат понатаму конкурентни на пазарот и да бидат активно вработени“, вели раководителот на АВРМ Кавадарци, Благој Борисов.
Деновиве во Кавадарци беше одржан и форум на работодавци на кој беа претставени сите мерки кои во моментот ги презема и ги нуди државата за вработување на младите лица. Форумот беше организиран од Општина Кавадарци со Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за претприемаштво и конкурентност, Агенцијата за вработување и УНДП. Се дискутираше за искуствата од досегашната примена и идентификувањето на проблемите и потребите на бизнис-заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=4E82FAA8521448469EBF745BF2258DE0#.VDzf5sR12l4.facebook
Да не ги имаш прочитано книгите на Доналд Трамп? Дај препорачај некојаСо сила ли ќе си го цениме трудот?
Кога ќе има повеќе како Дрексел Мајер и ќе ни се цени трудот. Дрексел Мајер е повеќе од тоа шо го добиваат истите тие фаци од земјоделие.
Плус, никој никаде не кажа дека Дрексел Мајер е најубавото нешто шо и се има десено на Македонија, ама е подобро од се претходно. Кога Дрексел Мајер ќе има уште 10 Дрексел Мајери кои ќе му конкурираат уште подобри ќе бидат платите. Ама ако го избркаме Дрексел Мајер ќе бидат уште пониски. Многу пониски, пошто ќе си конкурираат тие шо им даваат по 8.000 у шивалните.
И дај бе не ги пумпајте цените.
У Македонија за едно дете да тргне нашколо се давале по 7-8 илјади. Бог да чува.
Да, Дрексел Мајер дошле тука за да прават профит. Како и секој друг шо отвора нешто за да прави профит.
И да, има некој шо пуши пури од по 100 евра. Оти може. Оти е добар бизнисмен. И Доналд Трамп пали и гаси, и Ворен Бафет, и еден куп други фаци кои се успешни оти знаеле како да инвестираат ко шо треба.
Кај нас има еден куп бизнисмени кои се јаки оти државата ги држи да бидат јаки, ама сигурно нема да се решат проблемите на македончето ако го избркаме Дрексел. Ќе се решат ако има повеќе како Дрексел. Ако има конкурент шо ќе даде повеќе од 15те илјади шо ги дава Дрексел. И ако има некој трет шо ќе дава повеќе него ли тој некој друг шо дава повеќе од Дрексел.
Имаме 300.000 невработени.
За кое ценење труд зборуваш на луѓе кои се обични работници? Бунт на работниците? Кој бунт на работници го сакаш кога ако ги избркаат работниците од Дрексел, ќе дојдат други 4.000 кои одвај чекаат да си одат овие? Ако дојде уште една фирма шо ќе вработи 4 илјади, ќе биде помала понудата на работна рака, и потешко ќе можат фирмите да дојдат до работници, со шо ќе мораат да ги качат цените.
12 милиони евра влегуваат повеќе у Македонија од страна. Пари кои не се македонски. Пари кои не се вртат тука, туку едноставно идат од странство.
Ако има уште 100 фирми како Дрексел, ќе бидат тоа милијарда и двесте милиони пари повеќе од странство. Знаеш колкав бум е тоа за македонската економија?
Види ги Обединети Арабски Емирати. Немаат минимална плата, немаат ДДВ. Државата за само 20 години е една од најјаките у светот. Без форсирање.
Кој не би сакал да инвестира у држава у која се цени приватна сопственост, и нема даноци и нема минимална плата?
Швицарска има 3 посто невработени ради немање минималец.
Тоа се еден куп пари кои се вртат у нивната економија само ради тоа шо вработуваат еден куп ниско квалификувани работници кои работат за мали суми, а другите работници си го земаат другиот дел од лебот пошто се поквалификувани од бивши деликвенти и неписмени шупаци.
Ако сакате да земате подобра плата, нека нема минималец.
Угледувајте им се на држави како Швицарска и Емирати, а не на држави како денешна Шведска која е дел од митот дека социјализмот успева само ради тоа шо уште ги трошат ресурсите од времето кога државата била тотално капиталистичка и за 100 години се издигнала до у пичку матер ниво на економски развој. Деновите на Шведска се избројани. Исто како шо беа избројани деновите на Грчка. Шведска или ќе смени нешто, и ќе се врати на капиталистичкиот пат, или ќе заглави до бескрај. Пошто и у Југославија им било многу убаво првите 25 години (до 70та) кога ги трошеле благодетите од узурпирањето на земјиштето на народот.
да...земаат 25 000 за два месеци .
Нема врска, џокерите зимааат 2000 денари плус од операторите, мада голем број од џокерите носат само џокерски мантил а немаат потпишано договор за џокер.Дали навистина тоа џокерите таму земаат до 25000 плата?
Сериозно прашање на место, ме интересира, затоа што како народ многу фалбаџии сме.