Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Волку глупости на едно место одамна немам прочитано, сакав да почнам од негде да укажам на одредени сегменти и да ги пронајдам нај идиотските делови ама не можам целото ова е една тешка идиотштина од почеток до крај.

:-D
 
Дојдов тука не да зборувам за платата, или за било што, туку за тоа дека и шуто и ќораво е вработено у Дрексел. Значи ОК, викајте платите се ниски, газдите се криви, ама кривица има и у работната маса, и тоа како има. Мајка ми работи тука, претходно водеа сопствен бизнис со татко ми, преку 20 години, ама друго е кога работиш за некој друг, и нејзе тоа и е занимација, колку да и помине времето, сите сме си со своето, и она си е таму, си зема некоја паричка и мирна ни е на сите главата, нема по дома кој да замара и да се расправа, таму е 8 саати и мир е. Ја читам темата често ама не се вмешувам во муабетите пошто мислам дека кривицата е поделена тука, ама поттикната и по малце изреволтирана ќе кажам една ситуација од еве оваа изминатата ноќ. Мајка ми беше трета смена на работа, работејќи под некоја преса некоја глупача ја пуштила пресата ли или не знам каква и направа да е таа, и на мајка ми и на уште неколку соработници буквално на грбот им испуштила толкава справа. Си дојде жената дома со модар грб. Да е невнимание, невнимание е, ама зошто е невнимание? Некое детиште од 19 години шо не знае уште газот да си го избрише оти од дома („еве ти сине, на ти, спиј сине до два, седи сине до 6 сабајле и оди после дирекно на работа и бегај кога сакаш од таму, воа е средно школо“) заспива на работното место, не внимава и става у ризик некој друг. Знам дека се случува, на сите се случува, ама бре, Фени ли е воа па да се притискат со преси и да се прегазуват со камиончиња? Друга ситуација - мој врсник и пишува на мајка ми на фејзбук како поминале денеска на работа, оти било сабота и дечкото не отишол - требало да излева. И сега, треба ли некој да оде од оддел во оддел да ги гледа како деца од градинка дали дошле или не, да не заспале, да не направат беља децата..

Немам коментар искрено, не знам шо да кажам. И не знам шо се очекува, колку плата да се зима, колку треба? Не сакам да се мешам, стварно најискрено немам интерес да се тепам и да се карам колку плата треба да зимаме, иако пропагандата на Ленка и таквите организации како неа ми е чисто срање. Ама како шо кажав, не сум тука да се расправам, само да споделам малце и од другата страна како е, од кај „жртвите“.
 
Булка.....за какви жртви зборуваш.
Од текстот разбрав дека ЛИЦА...од 18 до 20 години (па и малце постари) не смеат да се вработуваат.
Такво невнимание мож да се случи и на некој кој има години колку мајкати.
Јас невниманието на работа го разбирам како....колку пари толку музика.
Ако газдата малтретира работник со 9000 - 10000 плата, што очекуваш ти од тој работник .....работа?

И за каква пропаганда на Ленка зборуваш!
 
Те обрзува ли некој да работиш? Знаеш оти у Германија има јаки работници и богати работници? Оти кога ќе се обрвзе да работи, работи човече, и неговиот речник нема не знам и не можам.
Ти ако се нафатиш да работиш за колкава и да е платата, никој не те тера со сила, туку си се нафатил да работиш. Штом потпишеш договор за плата од 10.000, тогаш ти сам проценуваш оти трудот ти вреди 10.000, и убаво е да си го испочитуваш делот кој вика дека за 10.000 треба да си ги исполнуваш обврските. Па исполнувај си ги.

Никој не ги тера работниците да работат за толку пари.
Со тоа шо се потпишуваат, сами се одлучуваат да работат за толку.
Ама место тоа, ај да имаат грб работниците од државата, и да ги избркаме таквите фабрики, а?
 
Хаха "те тера ли некој да работиш" најјак "аргумент" евр. XD
Секако дека те тера, те тера мизеријата и безработицата во оваа земја.
Реалноста е дека ако работникот не е мотивиран тоа и те како влијае на неговото работење. А најдобра мотивација се парите. Тоа е тоа.
 
Да бе, те тера ли некој?
Ако не ти се работи, има некој зад тебе у редот шо чека, шо би сакал да работи за тие пари и „а“ да не каже.
 
Да бе, те тера ли некој?
Ако не ти се работи, има некој зад тебе у редот шо чека, шо би сакал да работи за тие пари и „а“ да не каже.
Нема таков ;)
 
Ако би работеле до сега би работеле. ;)
Еве работат, се тепаат да се вработат у ДрекселМајер.
Денес да ги избркаат сите 4.000, до утре ќе се пријават нови 20.000 за тие работни места.

Остануваат само вашите желби и мераци за повисоки плати, без да знаете како фунционира пазарот. Ама јебига. На тоа и останува мрзата на македончето.
 
јас би работел, кога немаш ич и тие се многу
Е бидејќи ти се многу затоа ќе бидеш на вакво дереџе уште долго.
Еве работат, се тепаат да се вработат у ДрекселМајер.
Денес да ги избркаат сите 4.000, до утре ќе се пријават нови 20.000 за тие работни места.

Остануваат само вашите желби и мераци за повисоки плати, без да знаете како фунционира пазарот. Ама јебига. На тоа и останува мрзата на македончето.
Не зборувам за дрекселмаер, општо. Работа има за тој што му е до работа, пари нема. Затоа и толку невработени пошто секој оди на работа за пари.
"Пазарот" во библиска Македонија е бетер од оној во Кина.
 
Е бидејќи ти се многу затоа ќе бидеш на вакво дереџе уште долго.

Не зборувам за дрекселмаер, општо. Работа има за тој што му е до работа, пари нема. Затоа и толку невработени пошто секој оди на работа за пари.
"Пазарот" во библиска Македонија е бетер од оној во Кина.

Ти држи вода теоријата, но на крајот на краиштата, и во Југославија имаше работа за тие кои сакаа да работат.

Имаше и плата, но продавниците беа празни.

Сега ситуацијата е поинаква, продавницие се полни, работа има за тие кои сакаат да работат, но нема плата.

Мизерни суми од 8.000 денари не е плата, за луѓе кои имаат сметки за плаќање, или уште полошо - семејства за издржување, тоа е навредлива мизерија.

Затоа младината си заминува во странство, бидејќи некои луѓе им кажале дека во странство има и работа и плата и полни продавници.

А со оглед на фактот дека речиси сите млади од Македонија кои заминале во странство не се вратиле, а добар дел од нив велат дека не ни планираат да се вратат, очигледно е вистина тоа што некои луѓе им го кажале - дека во странство има и работа и плата и полни продавници.

За жал секогаш ќе ги има такви кои ќе бидат како птици кои го поминале речиси целиот живот во кафез, па сега кога вратата од кафезот е отворена, се плашат да излезат на слобода, па затоа остануваат во кафезот. И за жал секогаш ќе ги има такви кои ќе работат за профитери од типот на Дрекселмајер за мизерија.

Но тоа ни следува кога сме биле 5 века под турско ропство, па поделба помеѓу Србија, Грција и Бугарија, па Прва Светска Војна, па бел терор, па Втора Светска Војна, па 45 години социјалистичка диктатура, каде што го учеле народот на братство и единство, па одеднаш после 1991 година повеќе не постои и не важи тоа братство и единство, а во целиот овој период, народот нема развиено ниту национална свест и достоинство, ниту човечка свест и достоинство. Кога би имале развиено национална и човечка свест и достоинство, профитерите од типот на Дрекселмајер воопшто не би ни инвестирале во Македонија и покрај поволните услови за работа, бидејќи никој не би прифатил да работи за таква мизерија, без разлика колку е очаен и колку проблеми има по дома за решавање.

Во оваа држава израснуваат цели генерации на млади луѓе кои ја напуштаат државата исполнети со горчина и незадоволство не само кон државата, туку и кон простиот народ кој им ја дава власта на истите ѓубриња од луѓе кои себеси се нарекуваат политичари, а ја прават државата ваква каква што е - незаинтересирана и безгрижна за потребите на сопствените граѓани.

А со таква младина, деновите на оваа држава и се избројани, ако младината си заминува од државата, тогаш и иднината си заминува со неа.
 
Те обрзува ли некој да работиш? Знаеш оти у Германија има јаки работници и богати работници? Оти кога ќе се обрвзе да работи, работи човече, и неговиот речник нема не знам и не можам.
Ти ако се нафатиш да работиш за колкава и да е платата, никој не те тера со сила, туку си се нафатил да работиш. Штом потпишеш договор за плата од 10.000, тогаш ти сам проценуваш оти трудот ти вреди 10.000, и убаво е да си го испочитуваш делот кој вика дека за 10.000 треба да си ги исполнуваш обврските. Па исполнувај си ги.

Никој не ги тера работниците да работат за толку пари.
Со тоа шо се потпишуваат, сами се одлучуваат да работат за толку.
Ама место тоа, ај да имаат грб работниците од државата, и да ги избркаме таквите фабрики, а?
daj boze i ti da si docekas takva rabota i na glavce
 
Не ја следев темава некое време идам и шо да видам , предлагам сите да се откажиме од цитирање и темава да се прекрсти во @UpaDown , потврдоглаво суштество НЕМА!!

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom