Е бидејќи ти се многу затоа ќе бидеш на вакво дереџе уште долго.
Не зборувам за дрекселмаер, општо. Работа има за тој што му е до работа, пари нема. Затоа и толку невработени пошто секој оди на работа за пари.
"Пазарот" во библиска Македонија е бетер од оној во Кина.
Ти држи вода теоријата, но на крајот на краиштата, и во Југославија имаше работа за тие кои сакаа да работат.
Имаше и плата, но продавниците беа празни.
Сега ситуацијата е поинаква, продавницие се полни, работа има за тие кои сакаат да работат, но нема плата.
Мизерни суми од 8.000 денари не е плата, за луѓе кои имаат сметки за плаќање, или уште полошо - семејства за издржување, тоа е навредлива мизерија.
Затоа младината си заминува во странство, бидејќи некои луѓе им кажале дека во странство има и работа и плата и полни продавници.
А со оглед на фактот дека речиси сите млади од Македонија кои заминале во странство не се вратиле, а добар дел од нив велат дека не ни планираат да се вратат, очигледно е вистина тоа што некои луѓе им го кажале - дека во странство има и работа и плата и полни продавници.
За жал секогаш ќе ги има такви кои ќе бидат како птици кои го поминале речиси целиот живот во кафез, па сега кога вратата од кафезот е отворена, се плашат да излезат на слобода, па затоа остануваат во кафезот. И за жал секогаш ќе ги има такви кои ќе работат за профитери од типот на Дрекселмајер за мизерија.
Но тоа ни следува кога сме биле 5 века под турско ропство, па поделба помеѓу Србија, Грција и Бугарија, па Прва Светска Војна, па бел терор, па Втора Светска Војна, па 45 години социјалистичка диктатура, каде што го учеле народот на братство и единство, па одеднаш после 1991 година повеќе не постои и не важи тоа братство и единство, а во целиот овој период, народот нема развиено ниту национална свест и достоинство, ниту човечка свест и достоинство. Кога би имале развиено национална и човечка свест и достоинство, профитерите од типот на Дрекселмајер воопшто не би ни инвестирале во Македонија и покрај поволните услови за работа, бидејќи никој не би прифатил да работи за таква мизерија, без разлика колку е очаен и колку проблеми има по дома за решавање.
Во оваа држава израснуваат цели генерации на млади луѓе кои ја напуштаат државата исполнети со горчина и незадоволство не само кон државата, туку и кон простиот народ кој им ја дава власта на истите ѓубриња од луѓе кои себеси се нарекуваат политичари, а ја прават државата ваква каква што е - незаинтересирана и безгрижна за потребите на сопствените граѓани.
А со таква младина, деновите на оваа држава и се избројани, ако младината си заминува од државата, тогаш и иднината си заминува со неа.