Фирмата е со така капиталистичка филозофија, државата не, ама фирмата да, ако не ти се допаѓа, си одиш. Никој не те тера да работиш со сила.
Ама ако пазарот е доволно моќен, и има семоќна рака да ја регулира цената на производите, доволно е моќен и да ја регулира цената на саатот.
И ти ли деца гледаш со одвај завршено некое средно школо, и од тогаш не си направил ништо у животот, па затоа ти се лоши деновите?
И плус, оти не ви сметаат фирми шо се македонски и извезуваат у странство и продаваат литар зејтин по 3 евра, а даваат плати по 10 илјади, ама ви смета ДрекселМајер?
Ал Макс ти е пример за тоа. Благој Ѓорев исто. Витаминка исто. Алкалоид исто.
А, ми текна нешто друго. Има една женичка нотар у Струмица шо одвај заработува некои 250 евра месечно. Полуписмена скоро. И она се бори за социјална еднаквост. Такви луѓе се прашувам како ли само постојат.
Познавам една друга женичка правник, шо за време на Југославија палела и гасела, сега работи за 10.000 денари у една канцеларија, додека адвокати заработуваат без гајле по 1.000+ евра.
И системот ли е крив за таквите? Системот е крив за многу работи. Ама за неуспехот на некој поради тоа шо е шупак си е крив он и само он.