DreamTrips/WorldVentures

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Некој нешто во скоро време да слушнал за чудово? Информации од блиски? Се исплати ли? Заработуваат ли многу тие што се во Македонија да кажам најуспешните? Вреди ли да се почне? Освен првото мислење, сакам и некои други :)
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.348
Поени од реакции
3.217

Влегов во ова, после тоа што го читам најверојатно ке сум ОУТ :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366

Имаш само два типа на мислења: едното ти е од разумни и свесни луѓе, кои ќе ти речат бегај подалеку и не си троши пари и време, а другото ти е единствено од секташите кои се длабоко навлезени и кои ќе ти кажат дека нема подобар бизнис и дека се прават милиони.

Им се исплати само на луѓето што ќе го донесат секој нов МЛМ бизнис овде и можеби на луѓето во нивото под нив (ако успеат да прелажат доволен број луѓе). Ти како нов член сега единствено можеш да заработиш илузија на идно богатство и понекоја главоболка откако ќе сфатиш колку е часот. А, ќе изгубиш многу. Ќе си ги оттуѓиш сите блиски кои ќе пробаш да ги регрутираш, ќе изгубиш премногу време на дебилни работи, ќе фрлиш многу пари и ќе се дружиш со многу преваранти и ментално лабилни луѓе.

Да не ти постирам видеа, написи и студии за 90% од членовите на пирамиди кои не заработиле ни долар, можеш сам да си разбараш и да си прочиташ од "несубјективни" извори.

Влегов во ова, после тоа што го читам најверојатно ке сум ОУТ :D
Жалам за парите што си ги фрлил другарче. Уште понеделник да си побараш исписница.
 
Не влегов официјално, требаше тие денови, затоа гледав REVIEWS.
 
Ама разликувате ли МЛМ од пирамида? Инаку треба многу работа и труд, ама и правилно работење ако сакаш успех. Не значи дека колку повеќе време си, толку повеќе заработуваш :) Него мене конкретно ме интересира за ова дали на некој му се исплати. Дали е стварно како што го прават или не. (Најчесто не е, но сепак). Бидејќи имам познати кои се во други МЛМ во Македонија и им се исплати. На некои им носи малце пари, на некои повеќе. Зависи кој колку се труди и како работи. Не мора да значи дека тој над тебе автоматски заработува повеќе :)
Тоа што успеале да те прелажат како што го нарекуваш, е поради немање доволно знаење. Едноставно е, ако знаеш што ти нудат, прифаќаш или не. Никој не те тера како и да е. Има нападни и досадни, ама тие треба да се утепаат :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Мене ми сметаат луѓе што продаваат Орифлејм па и обични земјоделци или роми кои продаваат, облека и храна а тек некој кој ти нуди забегани одмори, отров скапо осигурување или облаци.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Ама разликувате ли МЛМ од пирамида?
Другарче печен си ти веќе за работа, не ти треба обука :icon_lol:

Тоа што успеале да те прелажат како што го нарекуваш, е поради немање доволно знаење. Едноставно е, ако знаеш што ти нудат, прифаќаш или не.
А? Мене некој ме прелажал?

Инаку треба многу работа и труд, ама и правилно работење ако сакаш успех. Не значи дека колку повеќе време си, толку повеќе заработуваш :) Него мене конкретно ме интересира за ова дали на некој му се исплати. Дали е стварно како што го прават или не. (Најчесто не е, но сепак). Бидејќи имам познати кои се во други МЛМ во Македонија и им се исплати. На некои им носи малце пари, на некои повеќе. Зависи кој колку се труди и како работи. Не мора да значи дека тој над тебе автоматски заработува повеќе :)
Океј, ај конкретно гомново од МЛМ. Прво и основно немаат асолен производ кој го нудат. Едно е Авон, Орифлејм, Хербалајф кои нудат конкретни производи (канцер, али сепак) кои се трошат и на кои можеш да заработиш од самата продажба, а друго е ова каде производот што го нудиш едно максимум 5 луѓе би ти го купиле. Кој нормален овде ќе плаќа членарина во травел клуб во време на ваков интернет развој?Луѓето што одат на егзотични патувања, какви што најчесто и се нудат преку сервисот, не ги боли кур за тој попустот што демек го нудат, а оние кои шеткаат низ Европа никогаш нема да ти одберат плаќање членарина и аранжирање на сопствен превоз пред локална туристичка агенција. За самоиницијативни туристи, кои се во огромен пораст, си знаеш и сам.

Следствено на тоа, тебе како главен извор за „заработка“ ти преостанува регрутирањето на нови агенти, а тука финтата е аплајнот. Секој нов агент кој што ќе го донесеш ти, го ставаш, под себе, ама тој влегува и под твојот ментор/спонзор/советник, а тој пак е под својот и така натаму, се до Вејн Нуџент и баграта околу него. Со оглед на тоа што Македонија има конечен број на жители, ти во целава приказна се вклучуваш доста касно и се поголем е бројот на младичи кои правилно се информираат во врска со вакви пиздарии, како очекуваш да регрутираш нови членови во доволен број за фина заработка?
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Другарче печен си ти веќе за работа, не ти треба обука :icon_lol:
Епа кажи ми дали разликуваш де? Според тебе пирамида е дека тој што порано се зачленил заработува повеќе од тој под него така? Или дека тој ако ништо не работи пак ќе му стигаат пари на сметка? Кажи ми ете.

За крајниот производ се согласувам што го нудат, дека им неисплатлив и дека е неопиплив. Како што се Авон, Орифлејм, Херба... Можеш да го пробаш производот, да го користиш и ако ти се допадне да го користиш почесто. Ако ти се допадне маркетинг планот можеш да почнеш да работиш и МЛМ, ама и не мораш, никој не те тера. Разликата е дали ќе те бива или не. Некој што успеал збори колку е добро, некој што се откажал после 2-3 месеци пошо сака брзи пари, збори на сите дека е шема, пирамида, нерегуларно и слично :D Имам и од двата примера :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Епа кажи ми дали разликуваш де? Според тебе пирамида е дека тој што порано се зачленил заработува повеќе од тој под него така? Или дека тој ако ништо не работи пак ќе му стигаат пари на сметка? Кажи ми ете.
Понзи имаш кога шефот сам си ја брка работата и си го јаде шлагот, пирамида имаш кога шефот си го лади, нивоата под него работат на привлекување нови членови, парите делумно се распределуваат од врвот надолу низ нивоата, односно старите членови се исплаќаат од присобраните средства од новите членови (нивото под нив), а МЛМ имаш кога на пирамидата ќе додадеш производ, па затоа и кај сите МЛМ-иња имаш две секции, едната која се занимава чисто со производот и едната со регрутирањето и исплаќањето, односно пирамидата. Понзи шемите се веќе изумрен вид(иако скоро беше кога Соња ТАТ успеа во повеќе наврати да излаже луѓе лично неа да и дадат пари на рака), пирамидите екстремно ендемски (ваљда сигурно низ третиов свет сеуште има мадафакери пирамидаши), а МЛМ-ињата кои овде моментално доживуваат бум, низ развиените земји веќе достигнуваат tipping point и кај и да е страшно ќе се срушат, па ќе изникне четвртата апдејтирана верзија на финансиски секташи.

Е сега, дали овие 3 работи ќе ги нарекуваш со нивните вистински имиња, со пирамида 1.0, пирамида 2.0 и пирамида 3.0 или едноставно сите заедно со најприкладното име - секти, останува на тебе. Принцип је исти, све су остало нијансе.

За крајниот производ се согласувам што го нудат, дека им неисплатлив и дека е неопиплив. Како што се Авон, Орифлејм, Херба... Можеш да го пробаш производот, да го користиш и ако ти се допадне да го користиш почесто. Ако ти се допадне маркетинг планот можеш да почнеш да работиш и МЛМ, ама и не мораш, никој не те тера. Разликата е дали ќе те бива или не. Некој што успеал збори колку е добро, некој што се откажал после 2-3 месеци пошо сака брзи пари, збори на сите дека е шема, пирамида, нерегуларно и слично :D Имам и од двата примера
Како може да е добро да платиш за да те „вработат“, да платиш за да одиш на обука и притоа да заработиш единствено ако продадеш нешто? Значи бар една од овие работи да ги знаеш одма треба да ти светне ерор ламбичката.

Али, еј, look on the bright side: немаш работно време, бркаш бизнис од дома, немаш шеф над тебе (сите тие 312423 нивоа над тебе не се важат), го шеташ светот и добиваш кола поклон од „фирмата“. Нема боље.

https://assets.wvholdings.com/1/PDF/unitedstates_us/detailedcompplan_us.pdf
Еве ти компензациски план, разгледај го и види колку пати ќе ти светне ерор ламбичката :)[DOUBLEPOST=1548749743][/DOUBLEPOST]Еј, јубилејно 5000-то мислење посветувам на сективе. Е до толку ги сакам :love::love::love:
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
@BilboBaggins
Ти ми спомна за патувањава, јас ја пренасочив темата кон другите МЛМ. Како МЛМ исплаќањето е пирамида, втор пат ќе те прашам сакам одговор. Што е пирамидата во МЛМ (во негативна смисла). Како пирамида изгледа маркетинг планот да, но што е лошото тука? (ерор ламбичката?)

Али, еј, look on the bright side: немаш работно време, бркаш бизнис од дома, немаш шеф над тебе (сите тие 312423 нивоа над тебе не се важат), го шеташ светот и добиваш кола поклон од „фирмата“. Нема боље.

Немаш работно време тоа е точно, можеш да работиш 10 саати неделно, можеш 50, можеш 0. Бркаш бизнис од каде сакаш, не мора да си дома. Немаш шеф над тебе, и тоа е точно, никој со сила не те тера или те обврзува. Го шеташ светот само ако заработуваш доволно пари, и тоа е ферски. Може да добиеш кола да, но тоа не е поклон од фирмата, туку твоја лично заработена според програми и услови. Поклон може да се нарече било што. На крај краева бонус е у обична фирма кога наместо 12000 ќе земеш 14000 во еден месец, ама тоа не е изживување, тоа е супер. Ама у МЛМ кога ќе добиеш бонус е одма превара е одма вака и така :D

Најдобрите МЛМ компании се развиени секаде, може процентуално не многу, пример пошо некоја земја има многу население, но сепак се и во добрите земји. Не само источна европа и бош земји.

"а затоа и кај сите МЛМ-иња имаш две секции, едната која се занимава чисто со производот и едната со регрутирањето и исплаќањето, односно пирамидата"

Можеш да се занимаваш само со производот, а можеш и со двете. Moжеш да регрутираш и да добиваш месечни бонуси ако работиш солидно и ако те бива.Што е пирамида тука?

Негативно кај МЛМ луѓето ми е само понашањето, малце се како егоистични, секташки се понашаат, и мислат дека све знаат. Инаку да беа со поасално понашање МЛМ ќе беше многу прифатено низ светот, а поготово тука :)

Во МЛМ сметам дека не успева на запад и најразвиените земји, бидејќи цените на производите што се продаваат се тука негде низ цел свет. На пример ако една шминка чини 200 денари во МКД, во било кој дел од светот ќе биде 3-4 евра, ни повеќе ни помалце. И бидејќи бонусите се процентуални, приходите се исти. И сега во македонија ако некој со 300 евра плата се занимава со МЛМ, и добие 150 евра бонус, него му изгледа супер (а и така е). А во Германија некој со 3000 евра плата ќе добие исто 150 евра бонус и за него тоа е малку (што е и логично).
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Едно заедничко со сите овие е што продаваат ветер и магла на народ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom