- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.885
- Поени од реакции
- 14.366
Преку глава ви е од работење од 8 до 4? Не сакате шефот да ви јаде бурек над глава? Проактивни сте, мотивирани и расположени за дружба? Сакате лесно и интересно да заработите висока сума на пари? Тогаш, вие сте правиот човек! Не чекајте и веднаш придруже.......НЕ!
Hop on boys and girls, there's a new мултилевел-мрежен-интернет маркетинг/Понзи/пирамидален бизнис in town. DreamTrips е најсвежиот обид за да се дострижи и таа малку волна што останала на кутрата македонска овца. Како и секогаш, се ветуваат брда и долини, "градење империи", илјадници долари месечно, патувања, дружења, лична надоградба и секако друг вид на "удирање јако". Темплејтот е скоро ист, другарче/колега/роднина ќе ве повика на кафенце и ќе проба да ви ја продаде приказната, но, во овој случај ќе има засилување - неговиот ментор, читај човекот што го држи под себе во пирамидата вашиот кафе-придружник. Менторот не скока директно кон убедувањето, туку уз лажно-пријателски муабет ќе проба да ви ја "анализира личноста" и да увиди дали сте "подобен/а" за ваква благословена работа, па потоа преку скриншотови и видеа од разни гомнарии преку смартфонот (не се заебавам) и тресење на тешки глупости да стигне до прашањето : -Дали си спремен/а да ни се придружиш? Ваше е да одговорите со не, да си го платите кафето (да, сами си го плаќате кафето) и да си заминете, а на кафе-иницијаторот да му одржите една добра лекција насамо или едноставно да го избришете од животот доколку не сте доволно блиски.
Како сето функционира и што е поентата на DreamTrips?
DreamTrips е онлајн букинг сервис преку кој загарантирано добивате најниска цена за вашето резервирано патување. Звучи добро, нели?
Првата финта е што за разлика од Букинг, Аирбнб и ними слични, овде добивате веќе дефинирано патување со фиксирани датуми - нешто налик на аранжмани од туристичка агенција. Нема бирање хотели и апартмани, нема датуми по ваша желба, нема слобода.
Втората финта е што за да имате можност да го користите овој букинг сервис вие треба да платите. Да, точно, водени од безвременската девиза плаќаш малку а штедиш многу, треба да плаќате месечна претплата на сервисов за да можете да букирате фиксни туристички аранжмани. Као, јас во годината ќе одам на 15 патувања преку гомново, па ќе ми се исплати на крај претплатата. Да.
Третата финта е што нема да можете да букирате патување без да имате контакт со овластен агент на DreamTrips. Мртов сериозен сум.
Нормално, пошто вие сте "среќни и благословени" што сте контактирани од нив на самиот почеток од нивното работење во Македонија, ќе ви биде понудена можноста и да почнете и да работите за нив, да станете агент и да заработите баснословни суми. И за тоа ќе ви биде побарана месечна претплата (најозбилно), од која, пазете, ќе бидете ослободени засекогаш доколку во некојси зададен рок донесете одредена бројка на нови луѓе. Потоа тие ќе донесат нови, па новите нови и така лека-полека вие ќе си изградите своја империја. Топ. Животот нареден. Само треба да се зачлените и да ја уплатите претплатата .
Добро си пројдов јас денеска на кафе со дечкиве, доста добро ме изнасмеаја, иако морам да признаам бев во дилема да напуштам терен веднаш штом намирисав што е работата(уште по првите 3 нивни реченици). Најдобрите глупости што ги чув беа:
-"Мрежниот маркетинг е моментално најголемата индустрија во светот, Доналд Трамп го има тоа изјавено"
-"И со тебе и без тебе ние ќе си ја изградиме нашата империја"
-"Ако не ни се придружиш нема да имаш можност лично да се запознаеш со мултимилионери на нашиот нареден семинар"
Повелете споделете ваше искуство со секташиве, прочитајте и едуцирајте се и пазете се доколку ви пријдат или пак доколку сте нивни член испукајте ги сите ваши аргументи за тоа како ова не е пирамидална шема и како ќе ни биде криво што не сме се приклучиле .
Бонус видеа одпентекостални служби семинарите кои ги организираат(ѕирнете, баш се добри ):

Бонус видеа од