Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
И ова просјациве полни со предрасуди и стереотипи. Седи една пред маркет и проси. Во еден момент се појавувам облечена во фустан, чизма до колена, штикла, обетки... Не престана да тропка со касичката и да ме благословува. Во друга прилика се појавувам со мрсна коса фатена во репче, фармерка пикната во мартинка и војничка јакна, жената ме испрати немо и побара милостина од човекот позади мене. Ќе дадев уште еден коментар, ама ќе испадне дека јас сум со предрасуди. :icon_lol:
 
Овие што работат на шалтерите во банките државата треба да им плаќа часови по општа култура и однесување со клиентите. Или кога ги вработиле единствен критериум им било да знаат некултурно да се однесуваат.

Од пред една недела одам да ја проверам сметката и овој на шалтерот нервозен црка како будала: ти беееее дечко ќе префрлуваш пари или овде си за да правиш гужва? o_O
Па викам твое е прво да провериш колку има, а мое е да одлучам што ќе правам понатаму. Се налути и ми ја фрли личната карта. Среќа не побарав пари од неговата сметка може и мене ќе ме фрлеше. :cautious:
 
B-IwnK9CAAEThjl.jpg


анонимуси
 
ВЕМЕРО ФАЈТС БЕК!

Полн ми е ѕидот на фејсбук од споделувани новости од нивната веб страница, и споделувани албуми и слики од состаноци или од членови на владата. You can almost see a pattern there!

Медиумите во Македонија формираат ново класно општество, во кое значаен слој се "Експертите". На кајгана нема такви експерти богами, буквално се да се знаело. Што си по професија? Експерт!

http://infomax.mk/wp/?p=24371
Шта речи?:icon_lol:

Затоа грујо го напрај плоштадот да неможиш да се свртиш од споменици, за да не му прај ЦИА мајдан на сред Скопје.:vozbud:

У осталом, утре почнувам интензивен три дневен тест период, кај шо ќе треба ептен да се покажам за да го добијам работното место. Оптимист сум, па ќе видиме.
 
18ти фебруари 2065 година
Универзитет „Император Никола Груевски, син Божји„ во Арачиново

Студентите полагаат екстерно, пардон државен испит и им паѓа прашање да се заокружи какво било државното уредување во Република Македонија во втората деценија од 21виот век. Студентите решаваат и се мачат, а тестатори се внуците на Ѓорги Иванов.
 
Драга Кајгана
Сакам да ти кажам дека за кур не не бидува кога стигнавме picasso да не брани прво за ефтината струја во Битола па сега гледам пред некој ден да биде и организатор на студенските протести!
p.s.иако ми беше најголем душман на форумот целосно го подржувам за ова сега што го работи!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom