Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Океј кајганџии, ај некој да ми испадне у пресрет доколку може. Пишав и у друга тема, ама оваа се чита повеќе, па вака шансите се поголеми да ми помогне некој. :)

Значи вака, вчера на враќање накај дома, едно 3 месечно маченце заоди по мене, и ме следеше до дома. И нормално, го внесов дома. Ама имам веќе 2 големи мачкишта шо се многу територијални, и никако не сакаат да го прифатат.

Па би сакал ли некој да го вдоми? Мачето јаде и пие самостално, нема болви, нема ниту црви. Здраво право е. Многу сака да се гали и цело време се тутка во раце.

Еве и сликички подоле. :)

10672269_1521987234682290_562488905491586313_n.jpg

10665851_1521987241348956_5674271626092091360_n.jpg
 
Никој не те сака повеќе од мајка ти. Никој! Доживотна грижа, жртвување и безусловна љубов. И денес ќе ја оставам по којзнае кој пат, ќе глумам ладнокрвност кога ќе се расплаче, ќе заминам без да и кажам колку ми значи и дека би убила за неа и нема да си дозволам никаков излив на емоции и солзи пред неа. За нејзино добро.

Чувајте си ги мајките! Почитувајте ги и сакајте ги. Јас доцна дознав колкаво богатсво се.
 
Драга К.
Понекогаш имам доверба во некој луѓе од старт интуитивно, понекогаш одбивност.
Е зошто очекувам истите да имаат исто доверба или одбивност кон мене од старт ич незнам. Редовна сопка за компликации. Најмалку седум еднокакви повреди на егото. И пак го направив истото.
 
Кеј, на познатите им завидувам само за една работа - можат кога сакаат да си појдат на некое тропско место, да пливаат и да уживаат.
 
К,
Добив повик вчера попладне....
Ајде симни се, треба да се средат некои работи па да се оди...
Се симнав. Не беше добра глетката. Не можам да гледам отворени работи, и да се гледа цела внатрешност. Се обидов да комуницирам... Не можев, не препознаваше ништо...
Ми кажаа дека ќе одат да докупат некои работи, колку да протурка до денес...

Си заминав... Се чувствував неспособна, како да не можам ништо да направам.
Денес не отидов, имав работа од сабајле...
Ми се јавија пред малце. Веднаш да сум се појавила таму.
Некој сјебал работа. Јас треба да пренесувам и да ги тешам луѓето кога ќе се случи најлошото , (ебате :mad:)
Неспособни!!!
Ми ја кажаа информацијата. Најстрашното нешто што може да му се случи некому... Како да им кажам сега ??? Што да им пренесам, за болката да биде помала....

Ми заѕвонија пред малце...
Јас: Ало?
Тие: Да, Нате спасувај!!! Кажи ни добри вести..
Јас: Госпоѓо, ќе морате да ме извинете, но ништо не можеа повеќе да направат. Вашиот хард диск е корумпиран и никако не можеа да пристапат до податоците... Јас сакам навистина да ви се извинам, но направивме се што можевме...
Тие: Неееее :place::place::place::place: Но документите, но пописот. Се ми беше на тој компјутер. Вие ми рековте дека новиот десктоп ќе ми изгледа како стариот, со сите документи и икони на него.
Јас: Госпоѓо, сигурно ви кажале дека ќе се обидат да ги повратат податоците. Но морате да разберете, компјутерот се расипал, прегорела матичната плоча и се корумпирал хард дискот. Во таков случај, не може ништо да се направи.
Тие: Да ми го вратите комјутерот, ќе идам јас кај Кире мајсторот!!!!
Јас: Во ред, само ве молам не плачете....
 
Драга, кажи и на @Agda Beata дека родителите во однос на децата се потрошна роба, додека обратно е вечита грижа за нивното добро;)
 
Драга,
денес за прв пат возив кола. Отидовме со татко ми да ја земеме мајка ми од работа и на полигонот чекаме, чекаме и му викам на тато дај бе да завртам еден круг и тој вели ако ти дадам после нон-стоп ќе ми ја тражиш, ја му викам не бе уживај... Овоо колата не било трактор у пм. Само што допрев гаста кога крена леле... по осетливо е од екран на допир. Направив 2 кругчиња. :D Многу возбуда уф. :vozbud:
 
Драга.
Периодов ми е за никаде. Викендов направив многу глупости и сега сум сам, прекинав да се гледам со девојката. А баш убаво ми тргна претходно.
Сега не знам што да правам и како да реагирам. Се надевам дека ќе помине ова никакво чуство. :mad:
 
Драга,

Знаеш ли што е криза за благо? Да си го отвориш чоколадото додека на каса го чекаш кусурот. :D
Морав, мислев ќе се мрднам. До дома скоро и да немаше више останато.
 
И ајде твитер и Фб авангардата ќе замара за Шкотска и независноста додека за вмро и сдс ќе прави само доскочици и после ќе плаче од секое поскапување. Место да си ги средиме проблемите за пичке си мајчине Шкотска онаму се замараме. Мочка народ.
Јавете им на Шкотите да се замараат кога "енергенсите на моќност" за струја ќе се накачат од 33 на 66 проценти.
 
Драга...со постепеното заминување на летото и доаѓањето на есента се зголемува мојата желба за чистење по дома, фрлање во ѓубре стари работи што најверојатно нема никогаш да ми притребаат, бришење слики во компјутерот со одредени „пријатели“, бришење луѓе на фејсбук што не ги познавам ни лично ни виртуелно...и чинам огромна станува мојата желба за поинаков начин на живот...А ќе направам некоја грешка повторно, знам, цел живот се учи човек...но не сакам старите да ги повторувам одново и одново, дури тоа и да значи губење некои личности...Што знам веќе, но подобро да изгубам некој отколку самата да дозволам да се изгубам себеси барајќи и обидувајќи се да ги задржам нив во мојот живот...Дадов доволно, ако посакаат некогаш да ми вратат барем половина од тоа - нека повелат...
 
Прееска си седам, моиве гледаа вести на Шител, си седам и одеднаш идеше една вест за намалување на платите во Европскиве држави, имаше процент колку ги намалиле платите во администрација и во приватните фирми, се трубеше едно 10 минути за падот на економијата и после тоа следеше информација за нашава економија, како нашиве плати во администрација и пензиите се зголемувале за некој си процент таму. Драга, веруј се искинав од смеење. :ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom