Како луѓето се приврзуваат такозвано "лојално" за местата за кои работат, што дури не ни кажуваат апла кои им се условите. Онака еден реален споредбен муабет. Не може да се разговара реално кои се споредбено условите за работа. Се држат за своите компании заштитнички, себично и таинствено, ко да се шефови/директори таму.
Може слободно да се каже дека капитализмот си ја завршил својата работа (цел) кога гледам вакви луѓе (секој вработен да се чувствува како да е негова компанијата). Што секако не е точно и не е логично. Логично е да сакаш да имаш објективна проценка за работите која ти се нудат и да го избереш најдоброто место каде ќе поминуваш половина од својот ден до крајот на својата работоспособна сила на 60-тина години. И да ја сакаш работата која ја работиш, сепак она "пола ден" и "слушање на правилата кои ќе ги постави шефот", треба да имаат своја улога и да ја предизвикаат баш таа желба за објективна проценка каде е најдобро. Посебно за дефицитарни професии за кои постојано се бара кадар во било која компанија која постои на пазарот (компании кои постојано бараат кадар од дефицитарни професии), вработените треба посплотено да делуваат и да си ги кажат "тајните". Па макар на крај останала само една компанија (онаа со најдобрите услови) од таа професија на пазарот на трудот и сите работат таму, зошто е најдобра.
Али не, изгледа цел живот ги следи некои луѓе комплексот на "делење леб", односно сметаат дека ако у истата секунда не го зграпчат лебот (и не го споделат), дека нема да се најадат.