Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Само Драга доџи кучиии. :свиркам:
Што да праам бе, кога стално ме потсеќаш на некоја песна? :ROFLMAO:

Многу се иритирачки мушичкиве покрај Вардар. Али од друга страна, интересно е да гледаш озбилни луѓе и наеднаш ќе почнат да претаат со рацете, да бркаат мушички. :ROFLMAO: Ја не сум ништо поарна, у уши ми зујат, претам ко недоквакана. Али поинтересно е кога гледаш други како од нигде никаде ќе почнаат да пафкаат со рацете. Да им ги запазиш гримасите. :D И секој втор го слушаш како ги пцуе. :LOL:

Сеа кога ќе си се зациментирам/забетонирам на креветчево - не мрдам.
Ќе си ги глеам Бате Жиле, Сузе, Бошко, Милчето, Благе и остала компанија од Долно Дупени. А ти... па ти што сакаш праи. :D Сестра ми ми рече, дека исто ко мене да ме гледала во неа, заклучно со 16:25. :pos:

E jaс ти сум роден баксуз, од небо паднат за време. Тој сум си, таков сум дојден, по грешка на светот, во погрешно вреееме. :ROFLMAO:

Ајт, здраво!
416721_390421_Laie_81.gif

 
Пошто знај кој е, педер е. И да, wos e, до брк.
 
Вонреден пост

Понекогаш се осеќам ко Светското првенство да се одвива кај мене дома, а не во Бразил. Лебарките симулираат смрт (ака Италијанци), за да ги оставам на раат. Комарците гризаат ко да се во крвно сродство со Суарез. Клементина го брани влезот ко голманот на Мексико.

Кој знае како ќе се изнаорганизираат, ако почнам да пратам голф:confused:

П.с Енд фајнали, твелф поинтс гоус ту:
 
Последно уредено:
Драга...
Навистина се чудам цел ден... како има луѓе кои толку едноставно и лесно судат други луѓе...
А, никогаш не биле во нивна кожа...
 
Дк......................................................................................................................................................................................................................................еве празно место пиши си шо сакаш ум немам во глава :D
 
Здраљо,

ми урла сандачево, дневно по минимум 5-6 пораки ми стигаат. :vozbud::X3:

Организирам музички натпревар, па гласаат луѓево.
Famous-characters-Troll-face-Forever-alone-140881.png
 
Така ти е тоа и во другарството и во љубовта еден секогаш дава повеќе. Ништо ново не научив.

Деновиве истражувам како да си ги оправам серотонинските рецептори, пошо таблетиве ме праат во стил: whaaat? Читав за ензимите кои го контролираат серотонинот, почнав да пијам селен, wish me luck.

На работа е кул, не бе, те лажам, i hate my job. Сега само да си ставам лист на фрижидерот со задолжение „Смени ја работава“. (во меѓувреме само треба да ме посвои некој на видно место во партија and/or да се „спанџам“ со влијателните во фирмата.
 
Кајг,
Го прашале девојчево кои социјални мрежи ги користи, а одговорот: Паааа One и другииии мрежи во кои што се ЈАС користам! :facepalm::facepalm::facepalm:
http://ask.fm/BojanaStosik266/answer/67441724598
Е сеа во недоумица сум во кое колено да си пуцам!
 
Последно уредено:
Беше најмилото маченце кое било кој го видел. Се роди кај мене дома, на еден метар од кај што седам моментално, само во другата соба. Оно, пет други мачиња и мајката ги гледав долго време. Откако се роди, цело лето се мачев да најдам некој што ќе ги земе. Судбината беше таква што сите други мачиња си најдоа дом, мајката избега, а јас останав со ова најслатко маченце. Како што често го викав, "моето милениче по случаен избор". Самото име укажува на тоа, пошто беа 6 ги нарекувавме по изгледот. Така ова од старт беше наречено, и остана Шаре.

Беше толку мирно што не се ни примеќаше дека у собата. Тивко, не пушташе гласче. Само едно многу тивко и нежно, плашливо "мјау" знаеше да испушти. За агресивност не станува ни збор. Не ни бараше јадење, јадеше ако му дадеш, ако не, си ќутеше. Некад дури и со сила го раневме да не остане гладно. Ниеднаш немав проблем со спиењето од него. Никогаш не се пикаше у фаца, не трчаше околу станот додека сите спијат. Дури не ни мјаукаше за да му отвориме врата. Толку беше паметно што самото научи врати да отвара, со еден скок ги отвараше и си влагаше кај сака. Кога го гледав тоа не ми ни беше досадно што морав по него да затварам. Додека спијам само ќе ми се намести помеѓу нозете кај што нема да ми смета, и они ќе си заспие со мене.

За галење не правиме муабет. Секогаш сакаше да се гали, да се чешка, да гребе по сунгерести површини со ноктињата. Педантно, одвојуваше по десетина минути од денот (некогаш и неколку пати) убаво да се изгланца, да се излиже и да се исчисти. Само тогаш нејќеше да биде закачано. После тоа си се наградуваше со една дремка. Ама мораше да спие у соба кај што има барем еден човек, само не остануваше никако.

Дека беше мирно, сведочи и тоа дека никогаш не сакаше да оди надвор. За разлика од другите мачиња кои гледаа у надворешната врата, ова немаше гајле за тоа. Единствена страст му беше да седи на терасата и да ги гледа птиците. Омилено хоби, дефинитивно. Кога ќе му здосадеше, од терасата преку оградата ќе дојдеше кај мене у соба на галење. Единствено друго хоби му беше ловењето на бубачките и инсектите што ќе влезеа у станот. Немав гајле од тоа да ме лазат муви пошто знаев дека оно у секој момент ги брка. Едноставно, ме штитеше од нервоза.

Го гледав, го пазев, го стерилизирав и го чував колку што можам поубаво. Омилена храна му беа замрзнатите рипчиња. Милото чекаше убаво да му се одледат и на еден залак ги голташе. Задоволувајќи се со малку, грижите околу неговото чување ми ги сведе на минимум. Јас пишувам на форум, тоа си дреме кај мене у скут. Јас гледам фудбал, тоа се наместило до мојата рака, се потпрело и така си одмара. Не сметаше ни кога јадев, ни кога спиев, ништо. Не можеше да биде поидеално.

Не ни имаше потреба од преголема внимателност. Самото немаше никакви инциденти, сакаше само да си гледа по птиците надвор и да си се излежува на сонцето. Една грешка беше доволна. Доволно беше додека ми надградуваа на балконот, да рипне на еден столб и да почне кровот да го истражува. Цела вечер го немаше, го викав, пробував да го видам, џабе. Утредента фатив да го барам. Вртев три круга околу зградата, гледајќи претежно горе, да не се заглавило. Кога погледнав доле, го видов како кроти под најдолниот балкон. Одма го прибрав, качувајќи го нагоре само го испушташе најтажниот глас кој сте го чуле од маченце. Едно многу жално "мјау" да ми го стопи срцето. Кога го вратив у стан, одма се фрли да пие вода. Ми олесна, си мислев дека е живо и здраво, само уплашено, гладно и жедно. Не беше така. Кутрото повраќаше 8 пати, а упорно продолжуваше да пие. Пробав и со тргнување на водата, ама џабе, очајно ја бараше. Ниту мочкаше, ниту какаше. Вечерта го однесов на ветеринар. Касно беше, па не можевме тој ден да направиме снимки од ветеринарна амбуланта. Тоа го направивме утредента, на рентген, али снимките не покажаа ништо. Се знаеше само дека имало потрес на мозок, и некаков проблем во стомакот, дали проблем со бешиката, бубрезите или внатрешно крварење. Прими 3 инекции за олеснување на болката, и требаше да чекаме до утредента за да му прават ехо на стомачето. Таа вечер беше најлошата у мојот живот. Сакав да заспијам за да ми помине побрзо времето, ама џабе. Легнав у 10, станав у 2. Кутрото, колку се мачеше. Едвај дишеше, тешко му беше, не можеше ни да оди. Само очајно лежеше и не испушташе ни глас. Да знаев дека нема да се опорави... само да знаев. Греота, не го заслужи тоа. Таа вечер како плачев, како што не сум плачел од мал. Пола од вечерта ја поминував у мојата соба, али не можев да седам така пошто знаев дека се мачи во претсобјето. Затоа некој саат си постелив на земја и лежев до него, го слушав само како се мачи без да можам да му помогнам. Али имав надеж, па сабајлето му правеа и ехо и му дијагнозираа дека има некој сериозен проблем со бешиката и внатрешно крварење. Мораше да се прави операција, инаку немаше да ја преживее четвртата вечер. Ветеринарот ми рече искрено дека има 50-50 шанси да ја преживее операцијата. Дури проблем беше и дали ќе ја преживее анестезијата. Го оставив, му кажав чао на моето животинче кое веќе не ни реагираше. Сигурно цела концентрација му беше во тоа да проба да зема здив по здив, со огромна мачнина. Чекав да ми се јават, осеќав неверојатен замор од шетањето ваму-таму, неспиење, али ништо. Не можев да заспијам. Знаев дека ако заспијам, ќе бидам разбуден од телефонот по кој ветеринарот ќе ми каже "да" или "не". И така чекав, пробував да го убрзам времето на било кој начин, пак џабе. Конечно ми се јави. Али ми беше јасно. Чим се јавува пола саат порано, јасно ми беше дека ќе следат зборовите дека не преживеало. Кутрото, умрело уште на самиот почеток на операцијата. Неколку органи му биле смачкани, бешиката испревртена. Најверојатно кога сакало да се врати го промашило столбот преку кој се качило, па од над мојот четврти кат паднало на земја. Мачките секогаш паѓаат на нозе. Само што најверојатно при падот удрило некаде со стомачето, или пак паднало директно на стомак. Шансите за тоа, 1 во 10.000. Толку било лошо што да го оперирале у истиот момент кога паднало, пак ќе имало иста судбина. А тоа кутрото, гладно, жедно, со полна бешика, цели три дена уште толку се мачело. Барем да знаевме, да не го измачуваме и со игли и со болки и со се. Попладнето си го земав. Душичката беше у иста положба како што е кога спие. Го внесов дома, го гледав, и пак се убив од плачење. На секои саат време мислам дека имав паничен напад. Се прашував што ќе праам сеа? Што ќе праам без моето најмило прасенце, опавче, галенце. Кога го гледав, у мислите им беше само тоа: "Што ќе правам без тебе?". Година и два месеци со него. Таа навика секој ден, у секој момент кога немам што да правам, да шетнам до другата соба да го видам како лежи, си трча, да го погалам, оно да направи "мјау", па да тргне по мене... сеа ја нема. Го спремив за закоп. У кутијата му ставив се што сакаше додека беше живо. Дури лежеше и врз неговата плава перничка врз која стално одмараше, со нејзе го закопав. У кутијата имаше играчки, условно наречени играчки пошто толку беше мило што се забавуваше со најпростите ствари. Две хартиени топчиња беа доволно да ги тркала по цел ден, радости и забава до бесвест. Толку бараше милото. Кога ќе му здосадеше да си игра со хартивчињата, а ќе видев дека му е досадно, земав што имав едно такво ланченце од некој чкарт матерјал, и ја само одев околу станот држејќи го ланчето на под, а оно трчаше по него да го фати. Тоа беа трите играчки што му беа доволни, и нив ги ставив со него. Му оставив и конзерва, мачешка мека храна, паштета и едно рипче. Ги имаше сите работи што ги сакаше. На кутијата му го напишав името, датумот на раѓање и датумот на почивање. Вечерва го закопав позади зграда. Се вратив дома, се исплачав уште толку колку што плачев цел ден. Ги разгледав сите слики кои ги имав од него, од најмало до оние последните од пред некој ден. Најтажно ми беше кога пак ме удри таа навика, кога немам што да правам да се прошетам до другата соба. Али таман да станам ми текна. Више го немам. Го нема најмилото маче на целиот свет, моето Шаренце, кое бараше толку малку и беше една од ретките работи што ме правеше среќен кога сум дома. Моментално мислам дека всушност беше и единствената. Не заслужи ваков крај, не смееше само една грешка да го чини животот. Нема да има маченце како него, какво и да би земал, не би било исто. Никогаш нема да го заборавам, семејно пријателче, домашно милениче. Го викав мое прасе, мое опавче, галенце, душа моја, мое најмило, стока најмила. Трчкаше по сите, али не бараше некое конкретно внимание. Само сакаше да живее спокојно и да си биде дел од фамилијата. И беше.



!.png


Збогум мацо. Сакав, а и требаше да живееш со мене барем додека да наполнам 30 години. Ти не успеа да дочекаш ни да наполнам 20. Најмило мое.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom