Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга толку многу сум разочаран што немам зборови како да ти опишам... Го гледав Noah, бев узбуџен дека е на Аронофски, му ги сакам фолмовите и дека ми е еден од кул режисерите и плус Расел Кроу е актериште, Ема Ватсон ми е симпатија и знаеш со добив Т*ШАК....
Трансформерс драга ТРАНСФОРМЕРС неможев на очиве да си поверувам у времето на дедо Ное.
Значи визуелно е одличен, има ефекти и све ко за 21век нели, али се друго беше УЖАСНО...
"Well I'm an atheist... but this movie made me pray on my knees to God to please stop my suffering and make me blind."
smiley-signs038.gif
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Драга имагинарна Кајгана, ако можи така да се кажи или како било. Ќе ти опишам сега една ситуација па пробај разбери ме било како или некако. Жена ко и секоја жена, а ти договорен и чекаш...
Ете ме за 5 минути сум долу само да се истуширам - ти чекаш, во меѓувреме си ја свртил Дајмонд Раш и за да не си толку голем копиљ со понежен глас се обраќаш Ам ајде шо стори?
Само да се исфенирам, да не излегувам со водена коса. - Во ред и пак стапот го кркаш и си чекаш, а таа во меѓувреме
Се облекува, па пак се пресоблекува,
Се облекува, па пак се пресоблекува,
Се облекува, па пак се пресоблекува,
Ти ко пес, залутана бараба уствари те фаќа дремка во меѓувреме и ќе заборајш зошто си дојден, ту бе! Пак нежно си се обраќаш Еј до кј си?
Ево ме долу само да се нашминкам. Поминуваат уш 20(двајсе) минути и конечно си викаш Фала ти Боже! Уствари ти ја гледаш сега без грам шминка и се чудиш шо тит праела уш двајсе минути горе. Во ред одиме, таман уште од врата неизлезени нејзе и текнува "Чекај неставив парфер".
Ти веќе уходан во шемата оп си седнуваш пак на тросед и си чекаш во меѓувреме несакаш да пуштиш те-ве ради избори и ти се кења па си брцкаш змија на телефон. Е таман си дошол до пола во најакото ете ти вика "Ајде одиме". Таа за то време си се пресоблека уш еднаш. Прибираш телефон целиот насмеан конечно тргнавме не бе чекај таман за квака се фатив "Шо мислиш шо да облечам на нозе". Морат да дајш некое неповрзано логично кратко мислење зш ак речиш облечи ги овие ќе ти речит "Ам не сум уба во нив" и му се молиш на Бога да ја избегниш и та ситуација. Значит ова женскиов пол жива компликација.
Немојш ништо да речиш, апсолутно ништо, а и да речиш вериме сигурно грешно ќе си сватен и ето ти беља и двочасновна празна дискусија. Ту бе, немаш никаква моќ ах бе проклет да е денот ко станавме рамноправни со жеништава. Па, абе сач да истаев во двор поголеми ќе беа шансите ѓомлезето пред нејзе да беше готово. Ту бе! Шо е тука е, битно поминот беше во најдобар ред.
 
Драга удри ми бокс, да ме боли, да осетам, да знам дека не сонувам!:pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Кајгано,
кај нас за да дојдеш до карта за ракометна утакмица, ти е исто ко да сакаш да влезеш у Наса.
Цела среќа шо ја иам карта, па за у Наса неам желба да идам :D
 
Без никакви дудлачки претензии, но имам неколку луѓе тука што ми се пример за тоа како еден корисник на социјалниве мрежи/форуми треба да се однесува. Тоа не се луѓе кои секогаш удираат лајк чисто од куртоазија или па некои кои мора секаде памет да истурват, туку членови кои се гласни во своите зборови и допираат до душата без притоа да го употребуваат извештачениот фраерлук. Едноставно, ги читаш и знаеш - тие се тие.
Индивидуи.
 
Пак јас, ова мора да го споделам; Како љубител на пишаниот збор, одвреме-навреме ќе се преобразам во Форест наш и ќе споделам по некоја читачка мудрост, во права смисла на зборот.
Вечерва изреволтиран од една прочитана книга ќе ја споделам првата во низа:
„Глупа книга не е онаа што не сме ја сфатиле во целина, туку онаа која има одлична тематика но конфузно и хаотично е напишана“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom