Драга имагинарна Кајгана, ако можи така да се кажи или како било. Ќе ти опишам сега една ситуација па пробај разбери ме било како или некако. Жена ко и секоја жена, а ти договорен и чекаш...
Ете ме за 5 минути сум долу само да се истуширам - ти чекаш, во меѓувреме си ја свртил Дајмонд Раш и за да не си толку голем копиљ со понежен глас се обраќаш Ам ајде шо стори?
Само да се исфенирам, да не излегувам со водена коса. - Во ред и пак стапот го кркаш и си чекаш, а таа во меѓувреме
Се облекува, па пак се пресоблекува,
Се облекува, па пак се пресоблекува,
Се облекува, па пак се пресоблекува,
Ти ко пес, залутана бараба уствари те фаќа дремка во меѓувреме и ќе заборајш зошто си дојден, ту бе! Пак нежно си се обраќаш Еј до кј си?
Ево ме долу само да се нашминкам. Поминуваат уш 20(двајсе) минути и конечно си викаш Фала ти Боже! Уствари ти ја гледаш сега без грам шминка и се чудиш шо тит праела уш двајсе минути горе. Во ред одиме, таман уште од врата неизлезени нејзе и текнува "Чекај неставив парфер".
Ти веќе уходан во шемата оп си седнуваш пак на тросед и си чекаш во меѓувреме несакаш да пуштиш те-ве ради избори и ти се кења па си брцкаш змија на телефон. Е таман си дошол до пола во најакото ете ти вика "Ајде одиме". Таа за то време си се пресоблека уш еднаш. Прибираш телефон целиот насмеан конечно тргнавме не бе чекај таман за квака се фатив "Шо мислиш шо да облечам на нозе". Морат да дајш некое неповрзано логично кратко мислење зш ак речиш облечи ги овие ќе ти речит "Ам не сум уба во нив" и му се молиш на Бога да ја избегниш и та ситуација. Значит ова женскиов пол жива компликација.
Немојш ништо да речиш, апсолутно ништо, а и да речиш вериме сигурно грешно ќе си сватен и ето ти беља и двочасновна празна дискусија. Ту бе, немаш никаква моќ ах бе проклет да е денот ко станавме рамноправни со жеништава. Па, абе сач да истаев во двор поголеми ќе беа шансите ѓомлезето пред нејзе да беше готово. Ту бе! Шо е тука е, битно поминот беше во најдобар ред.