Е драга, драга, да је срече, била би самном али ти се нече

Се зафркавам, стихов само онака ми текна, глупо ми беше да пишам само Драга, зошто нели, сите машки не сакаат да си ги покажат емоциите, не сакаат да покажат коа си им драг, за да не ти кренат цена, не сакаат да ти покажат кога ќе ги повредиш, повторно за да не ти кренат цена. Oсобено не сакаат да ги покажат чувствата пред други машки, зошто се плашат од реакција, зошто нели, во суштина машките се цврсти, покажувањето емоции и таквите муабети пред други машки може да предизвика реакции на негодување на соговорникот, да ти помисли дека си мекуш, или подобро изразено пичка

Затоа ДРАГА, од предходно напишаново заклучив едно, дека машко може да разговара чувствителни разговори само со женско, зошто знае дека од неа нема да биде наречен пичка или слично.
Токму од овие прични тебе ДРАГА, ти се обраќаат сите, зошто си ДРАГА, не Драги....... зошто си женско, не машко, зошто ќе ислушаш се без да не прекинеш, ќе ислушаш се без да не наречеш пички и без да не осудиш.
Драга, пишувам постови во просек не повеќе од 10 годишно, но те посетувам редовно, можеби повеќе од тие што пишуваат повеќе постови, него ли што те посетуваат. Таков е животот ДРАГА, секогаш тие што ретко те среќаваат, ти се исповедаат највеќе и ти го осолуваат паметот највеќе.
Јас ДРАГА ти пишувам еве точно на првиот, веќе вториот ден од Новата година, не за да ти посакам среќа, зошто неа или ја имаш, или ја немаш, ниту ти пишувам за да ти кажам како си поминав во моментот што спојува две години. Ти пишувам зошто добив инспирација, ова е таа некомерцијална инспирација која кога ќе ти дојде, едноставно ја празниш од тебе, не ради пари, не ради некоја посебна придобивка, едноставно ради себе, сакаш да ја испразниш без некој да те прекине.
Драга, пред точно 1 година, или скоро 1 година јас сфатив дека сум жив, т.е тогаш се појави една личност што многу кратко подоцна ми покажа дека сум жив. Чудо......... дишеш, гледаш, јадеш, но не живееш. Е таа личност не ја ни запознав, нити пак видов, а сепак ми покажа дека сум жив. Дека мислам, не значи и ПОСТОЈАМ, дека дишам не значи и ЖИВЕАМ, дека гледам, не значи и СОГЛЕДУВАМ, и дека јадам, не значи и УЖИВАМ. Затоа ќе ви кажам едно нешто, ЛУЃЕ, сите вие што дишете, гледате или јадете, сите вие сте рамнодушни, сите вие сте емоционално празни, а сите вие што не дишете, не гледате, или не јадете, сите вие сте среќни или тажни. Зошто, кога чувствуваш, ти застанува здивот, зошто кога чувствуваш, си слеп и зошто кога чувствуваш, не си гладен. Затоа престанете да дишете и да акумулирате во белите дробови, престанете да гледате и да акумулирате во мислите и престанете да јадете и да акумулирате во телото, тоа не ве прави среќни, почнете да живеете и да акумулирате во емоциите, тоа ве прави среќни.
И запомнете, секој што два пати ќе се сопне на ист камен, заслужува и трет пат да се сопне......
