Flikson
Провинцијалец
Ми недостига студентскиот живот! Нервозата пред испити, големите книги и дебелите скрипти, каснењето на професорите и асистентите пред полагање, муабетот со колегите, глупавите шеги на предавачите, одењето со автобус на факултет, гужвата пред кабинетите и чекањето пред студентски прашања, списоците за полагање со моето име на нив, мамурлакот на сабајле, кафето на пауза, заедничкиот појадок, кукањето на бубалиците, нервозните службеници па дури и старите тетки во студентските прашања... Ах драга, времето си лета...