Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана, се опраи серверот ли? Нека е со помин.
 
Срцке , ептен ми фалеше , не можеф да спијам ако не ти пишеф......:love:
 
Ау платата добро ми легна, работата ми стана уште поинтересна иако ми престануваат проектите, а идат испитите, па валда ќе морам да киднам за некое време. И ладната кокакола и ладните 2 пакета магнум добро ми легнаа на болното грло :/ ... И уште не сфаќам зошто им е толку интересно на луѓето да те потценуваат? Технички само сакаат да се докажеш или едноставно тоа им фали од тебе? Ма боли ме 'рац :)


п.с. како да знаеш дека си претерал? кога ќе ја изгаснеш последната цигара од 4тата кутија... fuck...

п.с.с. prepare for what is about to come, then we will see who plays the REAL game :)
 
ДК,

Несоница, дел не-знам-кој-по-ред.

Ај со помин (c) турски серии.
 
ДК

Иам нови звучки. :)
Супер ќе се вклопат со вежбањево. Плус си нарачав татами и кај и да е ќе зеам тегчиња. Епа јеботе малце ми е ваму 3 пати неделно. :cautious:
 
Драгааа, прекрасен ден денеска. Работата завршена целосно, платата покачена, после работа кафенце на убавото сончево време...едноставно перфектно!:rolleyes:
 

IC OL GUD BEJBEEEE BEJBEEEEEEEEEEEEEE!!!
 
Драга,
во фруг град сум на гости преку работа. Во собата што ми ја дадоа
имам штипалка а казанчето не ми работи....
Колку може да сум малер?
 
Драга
Значи многу мрзам некој приватна порака ко ќе ми прати со наслов (. ) <-точка или запирка. Па пиши бе било што, Здраво, Чао, Еби Се, а не точка само теее
Чао
 
Драа кајгано он ми вика ај не викај мноо гласно викаш....
: ) па како тој вика да не викам, нели конра ефект : ) и вика викај си такси
е како да викам а вика да не викам, и викам ву на туј у такси
еј ај да не викам ја, викни ми такси : ) кајгано , никад појаку кајгану не сам еа од прееска што се смеја, али едење си е едење, пријатан ти доручак јутре кајМанџаНо
 
Пријателе мој нај драг што постои, и постоел...Поминаа 4 месеци,120 дена ... Нејќам да се правам дека сум те преболел или дека не ми е до тебе,напротив ти сеуште ми фалиш,фалеше и вечерва на прославата,на денот кога требаше да биде твоја матура,денот кога требаше да доеме кај тебе во кафана и да се испочукаме а после да продолжиме кај другиот другар.Хард ми фалиш,не знам ни самиот колку ама ми фалиш, ми фали идењето дома со тебе,ми фали одењето накај бисер и маало со тебе , ми фали твојот бесен хумор и пред се ми фалиш ти.Верувај ми пријателе цел живот ќе те носам со себе и никогаш нема да те заборавам.После матурава идам на едно место и после тоа засекогаш ќе шеташ со мене и каде одам јас ќе одиш и ти.Верувај ми брату мој ти покрај нас 5 души никогаш нема да умреш вистински,само физички... Те сакам
 
Уффф, муабетов у Америка еј. После 2 одлични поминати дена во New York, сега се наоѓам во Freehold, New Jersey. Тапа е малце местото, али денот ми помина брзо. Прво бев фо Six Flags Great Adventure паркот, огромен беше. Па после до град со такси, пази, со такси каде ја заборавив рачната торба каде што ми е пасошот и остали документи... Ќе полудев, док после 200 повици низ разни такси компании, конечно ја најдов таа црнкињата што ме возеше, фала курцу.

Кајгано, ти пишувам од хотел сеа, знаеш ти, Radisson хотел, ко у Малме, оти сум пребирлив, нели. Утре патувам за Ocean City во Maryland. Да останам таму на неколку време, па после, ќе видиме каде. Си поминувам добро, знак за тоа е и времето кое поминува толку брзо, не ни приметувам. Башка запознав една румунка на рецепција, утре ќе ме прошета до Wallmart а уз пут и кафе.
 
Драга Кајгано, го ископаа афлалтот на улицата на која го поминав добар дел од детството, јас и уште којзнае колку мои врсници, што сега сме веќе возрасни луѓе. Ископаа асфалт што е ставен од формирање на населбата, асфалт со дебелина од 20cm кој држеше речиси 30 години а ќе држеше уште 300. Ќе поплочувале, ќе осветлувале, глуповштини редат секој нов ден, нека исперат уште пари. Станува збор за Детската улица во Ново Лисиче. Овие плочки веројатно ќе ги менуваат многу почесто од горенаведениот асфалт кој издржа толку.
Но тоа е што е, не сум разочаран од овие потези (навикнат сум на ибмецилиево), разочаран сум што има народ што ги поддржува, само се прашувам до кога ќе трае ова лудило?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom