Стандардна вечер во пост борбеното Скопје.
Енигма за жителите од сите други градови, како преживувате во Скопје?
Скопје = Палестина?
Навика...
На едни улици се води вистинска војна, на други луѓе седат и си пијат кафе незапознаени дека само на 500 метри од нив се пука со солзавец и димни бомби.
Македонците во стандардна попустлива шема. Несакаат инциденти, се држат на страна, плукаат по своето, сакајќи кај другиот да изгледаат како добра вила. А во себе вријат, но се што може да направат е само во друштво да свртат муабет и ништо повеќе.
На спротивната страна лесно запаливо население. И они партиски поделени. Денеска излезени само активистите на една партија.
Лесно ги препознав по фаците, а и приметив дека главните фацки кои по некоја случајност се од друга партија им фалат.
Една слика = милион зборови.
Патем и на ЛГБТ седиштето не останало
недопрено.
И нормално секогаш Македончето е криво.
И ќе биде криво кога и медиумите работат против него, неми кога се тепани Македонци, а гласни кога ќе настрада некој од останатите.
Политичарите се посебна енигма. Они се единствени меѓу кои има соживот. Си ги делат парите, ние се тепаме, животот си тече.
Ама најсмешни ми се патриотите од нивните младински сојузи. Ќе ја обединеле Македонија

Само раскол направивте во Македонија, дур да трепнете ќе биделе помали и од Монако.
Не дека и самите не сте помирени со тоа, ама бар имајте доблест да ставите крај на лажниот патриотизам кој го пропагирате.
Да нема навивачки групи во Скопјево ќе помислам дека не постои никој друг што може да застане да го брани Македонецот.
Штета што цела држава неможе да оцени кој е непријателот па секогаш ги наоѓа навивачите како главна мета за плукање.
Вакви биле онакви биле, млади напалени деца биле. Мочковци едни, срам треба да ви биде што деца од 15 години имаат повеќе свест од вас да сфатат каде води ова лудило.
Ќе ве прашам кога ќе станете татковци или кога ќе ви направат бар 13-4 години децата каде ќе искачаат, кога ќе им маваат рекети на секој чекор и ќе ги тепаат можда ќе ви дојде памет.
Некој рече соживотот меѓу нас бил како брак без обврски.
И тоа е благо кажано.
Скопје е поделено одамна.
Никој не добил ништо со тоа. Едни неможе да ја видат чаршијата, други заради нивните постари мангупи неможат да си искочат во град или се на дереџе со 20 години да одат на јуниор журки со 13-4 годишни деца.
Умешност е да преживееш на другата страна. Пазиш кај одиш, избегнуваш поголеми групи и се молиш да не му текнало на некој баш во твојот автобус да улета со шипка и да мава по се живо и диво.
Сме имале полиција. Имаме, една полиција што има ингеренции само до Бит пазар, и полиција која е главен доушник на непријателот и одговара само пред министерот.
Министерот = бивш командант на терористичка организација која на нападна Македонија.
Истиот оној кој стана сред собрание и рече дека заминува во планина да ја напаѓа Македонија.
Народот револтиран излегува да протестира. Додуша медиумите си го изиграа својот дел со маркетиншки молк, плус заигра синдормот "да не ме обојат", "по ќе одам, дечишта ќе се тепаат", и бројката како и секогаш во рамки на просекот.
Протестира што на војската им ставија командант од УЧК, а истата таа полиција ги млати демонстрантите и апси деца кои и по еден ден немаат никаков контакт со блиските.
Истата полиција се распоредува за да не може да се премине на другата страна од градот.
Fuck logic.
Изгледа и нив им се допаѓа новиот избор.
Од нигде и никаде изби и контра протест.
Досега беше пракса ако на Фб има повици за насилен собир истиот да се пријави и одма да се задуши. Можеа да го направат тоа недела после Кале и ред други пати, ама можат ако организаторот е Петко и Станко, но не ако е Фљамур или Дритон.
И на крај си викаш, за кого излагам јас на протести бе?
За мене ли?
Јас ќе преживеам и без тие протести, но дали државата ќе преживее уште 10 години со ваков заспан народ?
Протестираме за доброто на сите, ама изгледа нашата оценка за доброто на сите не е иста со нивната.
Изгледа треба да си купиме и ние вазелинче и да ги натртиме шупаците.
Онака се нервирам што сеуште се курчам за вакви работи. Абе мани се не гледај вести, не следи на форум, земи пушти си Сител гледај таму нови работни места се отвараат, фабрика за балетанки во Демир Хисар.
Смешни ми се децана кога пишуваат песнички за татковината.
Татковино моја мила, бла бла.
Ќе видат и они што ќе им даде татковината кога ќе пораснат.
Сите фаќаат патот за странство, и по толку негодувања конечно и јас го делам нивното мислење.
Додуша и онака за неколку години веќе ќе бидеме странци во новокомпонирана држава. Ќе пееме за друга татковина, за друго знаме, друг грб, затоа што не сме знаеле да го зчауваме она што сме го имале и сме го продале за ситна пара.
Баш ме интересира какви песнички ќе пишат децата на политичарите од изминативе 20 години...
Што ми беше муабетот.
Сабота вечер, петок вечер. Улиците несвојствено ПРАЗНИ.
Страв кај родителите, никој несака да остане без детето.
Нема гужва во 24-ка, ја нема стандардната редица на станицата кај Сити мол.
Вчера колку толку се гледаше некој по градов, денес сите низ маало

Резимирање на настаните. Нормално од цело друштво едвај 2-3-ца знаат што се случува, другите виделе нешто, ама не доразбрале. Низ љуљањето и лајт муабетите неможеше а да не истипуваме за колку време ќе одиме курбан. Од 15 до 20 години беше резимето.
Кога ќе се одвоиме како народи, ќе сватиме дека во секојдневието сме останале со истите проблеми, дека ништо нема да се смени се дури народот не свати дека тој ја има моќта, а не оние избраните.
Секое чудо за три дена. Ќе помине и ова, оние кои ќе мора ради обврски да минуваат на ДРУГАТА страна од својаста ќе се снаоѓаат како знаат пошто нема институција која ќе им помогне. Следен пат ваков муабет ќе правиме кога повторно другите ќе протестираат затоа што покрај илјадници нивни напади врз се и сешто, ќе има и некој напад од спротивна страна покриен со милион фотографии.
Нормално, поствоено/борбено Скопје.
Време е за ладење од денешниов ден.
Утре маршута Водно.
И онака си го откривме местото кое е рамно на рајот!
Особено за релаксација. Си седиш, имаш страшен поглед на цело Скопје, се пчувствуваш како да го имаш на дланка. Се што се слуша се само звуците од возовите.
Имам едно чоколатце сникерс. Мајка ми ми го купи пред неколку месеци. Толку сум во стечај што моментот кога ќе го отворам треба да ми биде ептен свечен. Мислам несакам да изедам такво скапоцено нешто само затоа што сум гладен.
Утре е моментот, дур да си лежам на новооткриеното место.
Дремам забраден ко Могли со никаква форма на фризура. Знакот дека сум протестирал или сум правел некои ујдурми во последните денови, или па сум се спремал за некоја ризична утакмица. Али лека полека и утакмциите ни ги скратија. Дербито на Македонија го сведоа на обично гомно, со одложувања, со забрани, со закани, се си имаат на дланка. И после немало спорт... You don't say...
Џабе трудот и потрошеното време во изминатиов период.
Ми треба одмор сега, доста нервоза за денес, одам да полнам батерии за утре.
Гуд најт фолкс
